Монструмот што ја уби Тијана ужива како да е во хотел, а не во затвор!

Убиецот на Тијана Јуриќ кој е осуден на 40 години затворска казна, во строга тајност е префрлен од Окружниот затвор во Суботица во Казнено-поправниот завод во Белград, новиот затвор во Падинска Скела.

dragangjuric_wide

Драган Ѓуриќ е сместен во самица и е целосно одвоен од останатите затвореници.

- Ѓуриќ има право на секојдневна прошетка низ затворскиот комплекс, но сам. Впрочем, тој има право на прошетка во дворот во вечерните часови кога нема никој друг. Не постои ни најмала можност тој да дојде во контакт со другите затвореници и тоа бидејќи е познато како поминуваат оние затвореници кои се осудени за кривично дело силување. Особено кога станува збор за трагичната смрт на Тијана која ја крена цела Србија на нозе, додал изворот.

КПЗ Белград е најмодерниот и најбезбедниот затвор во Србија кој пак е опремен со специјален систем на техничка заштита.

Потсетуваме, Високиот суд во Суботица го осуди Драган Ѓуриќ на казна затвор во времетраење од 40 години.

Мајката на Данка бришела пораки од телефонот

Според неофицијални сознанија од истрагата, вештачењето на мобилниот телефон на Ивана Илиќ покажало шокантни и донекаде загрижувачки информации.

Имено, како што пренесе Пинк.рс многу пораки и податоци за повици се избришани.

„Она што е особено изненадувачки е што ден пред исчезнувањето и на денот на исчезнувањето на малата Данка, од телефонот се избришани многу пораки и повици. Ова го утврдиле инспекторите за високотехнолошки криминал. Пораките и повиците може да се избришат од телефонот, но да останат во базата на податоци“ рекол изворот за Пинк.рс.

Вратен и третиот мандат за формирање влада, следат нови избори во Бугарија

Претставниците на партијата „Има таков народ“ (ИТН) денеска на бугарскиот претседател Румен Радев му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада, што тој им го врачи, со што се отвора патот за закажување на вонредни парламентарни избори.

Мандатот што и беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање на редовна влада во рамките на Народното собрание, јавува Бугарското радио.

Претседателот Радев сега мора да одреди датум за предвремени парламентарни избори, откако три мандати за формирање влада му беа вратени.

Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот

Хрватскиот државен инспекторат ги повлече од пазарот наполитанките „Нестле Кит Кат мини“ поради присуство на минерални масла, соопшти Агенцијата за земјоделство и храна.

Се повлекува исклучиво „Несле Кит Кат Мини“ 200 г во кесичка серија 40580734, со рок на траење од 01.2025 година, пренесува Дневник.хр.

Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а дистрибутер за Хрватска е Nestle Adriatic д.о.о. од Загреб.

Популарно