МВР: Како починала 26 годишната родилка во Штип?

Според податоците од полицијата за трудницата која почина во Штип, во 15 часот и 40 минути телефонски во полиција се јавил лекар од Гинеколошкото одделение при Клиничката болница во Штип и пријавил дека за време на породување починало непознато женско лице.

14838mala-39259-89252

Полициски службеници излегле на местото на настанот при што било констатирано дека се работи за 26-годишната Н.К.Б.од Штип, која со упат од матичниот гинеколог, најпрво, била примена на Инфективното одделение, каде што здравствената состојба и се влошила, по што била префрлена на Акушерското одделение, по што состојбата уште повеќе и се влошила и починала.

По извршената реанимација бил направен обид со царски рез да се спаси бебето, но истиот останал безуспешен. Било извадено мртво новороденче.

По наредба на Јавен обвинител телата биле предадени на обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчситување на случајот.

По Адеа Шабани почина младата Драгана, никој не знае како

Откако како бомба одекна веста за девојката од Скопје, Адеа Шабани, која беше пронајдена мртва во САД, каде полицијата интензивно трагаше по неа, откако изчезна, па ја пронајде во гроб, одекна уште една вест за мистериозна смрт на девојка од Србија која никој не знае од што починала.

24-годишната Србинка Драгана Шолаја починала пред неколку дена во болница во Флорида, а не се знае од што. Таа била најдена на улица како лежи без свест. 

Отишла преку програмата "Ворк енд травел", а нејзината цимерка се загрижила кога таа не си дошла дома. Се јавила во полиција, а потрагата вродила со плод. Драгана била најдена како лежи на улица без свест. Починала два часа подоцна, а докторите не можат да ја откријат причината.

Обдукцијата покажала дека не користела ниту алкохол, ниту дрога, иако полицијата се сомневала на тоа.

Случајот се истражува.

Убиен возачот кој со автомобил ја пресече колоната возила во која бил и Вучиќ

Утринава во вооружена престрелка во Белград нешто после полноќ околу 1 часот и 30 минути, која се случила  во самиот центар на Белград, ранет е  37- годишниот Лука Радуловиќ кој и покрај брзата интервенција на итната помош и реанимација, на пат кон болница им подлегнал на повредите.

Според првите и неофицијални информации, по кратка расправа напаѓачот му пукал во стпомакот по што се ал во бегство.

Радуловиќ е познат на полицијата од претходно, а српската јавност за него знае по минатогодишниот скандал кои се случил во Септемви, кога со автомобил марка „Бентли“ ја пресекол колоната на возила во која бил и претседателот.Откако бил уапсен полицијата тогаш утврдила дека бил под дејство на дрога и алкохол.

Детали за состојбата на прегазеното дете од Ѓорче Петров

Детето кое вчера беше прегазено на улицата „Борис Сарафов“ во Ѓорче Петров е во стабилна состојба, која интензивно се следи од страна на докторите од Клиниката за неврохирургија.

Жителите од овој реон, но и голем број граѓани најавуваат повторно излегување на протести, бидејќи повеќе пати било воочувано дека токму оваа улица е небезбедна за движење на пешаците и нема правилна сигнализација.

– Секој ден тука ни се децата, овде одат на училиште. Зарем треба да ги затвориме дома? – прашуваа вчера револтираните граѓани.

Ѓорчевци најавија протестен собир и за денес, пред училиштето „Мирче Ацев“ од 18 часот.

„Сакаме конечно решение за сите жители на Ѓорче Петров и решение за дивееето во сообраќајот“, се вели во повикот за протестот.

Популарно