НАДВОР ОД ПОЛИТИКАТА: Фотографот на Барак Обама за прв пат ги објави неговите 55 забранети фотографии

Еден од најзначајните ликови во претседателскиот мандат на Барак Обама е токму тој-фотографот Пит Соунза.

obama1-640x428

Тој во Белата куќа ги следел двата мандати на претседателот Барак Обама и во тој период од осум години има направено над два милиони фотографии.

Тој секако со дозвола од самиот претседател и овластување на Белата куќа, сега веќе откако доаѓа крајот на претседателскиот мандат вели дека имал доста незаборавно искуство со Обама и во пресрет на тоа ги одбрал 55 необјавени и најдобри според него фотографии направени во изминатиов период.

Фотографиите иако се можеби едни од најдобрите сепак биле забранети да се објавуваат додека траел мандатот на претседателот бидејќи биле фотографирани надвор од контекстот на настаните.

obama2-640x427

obama3-640x422

obama4-640x418

obama5-640x420

obama6-640x420

obama7-640x427

obama8-640x438

obama9-640x458

obama10-640x426

obama11-640x426

obama12-640x454

obama13-640x426

obama14-640x419

obama15

obama16-640x426

obama17-640x960

obama18-640x426

obama19-640x426

obama21-640x426

obama22-640x1060

obama23-640x426

obama24-640x426

obama25-640x466

obama26

obama27-640x426

obama-640x418

obamaa-640x427

obamma-640x428

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен.

Полицијата, исто така, соопшти дека некои од жртвите биле избодени, но не било употребено огнено оружје во нападот, пренесува CBN News Chicago.

Убиени се 15-годишно девојче, 63-годишна жена, 49-годишен маж и 22-годишен млад човек.

Шефот на полицијата во Рокфорд, Карла Ред, изјави дека загинале вкупно четири лица, додека еден од нив е тешко повреден. Четири лица се префрлени во болници, каде нивната состојба е стабилизирана.

Повиците до полицијата и итните служби дошле од повеќе страни додека нападот траел приближно 20 минути, а екипите набрзо биле на терен. Од полицијата истакнаа дека засега не е јасна причината за нападот.

Тинејџер во Германија ги заклал родителите и братот, од смрт ја поштедил сестра си

Деветнаесетгодишник со нож ги убил братот и родителите и тешко си ја повредил сестрата во Хохентенген на германско-швајцарската граница, соопшти државното правобранителство во сојузната покраина Баден-Виртемберг. 19-годишникот со нож ги убил родителите на возраст од 58 и 61 година, а потоа и 34-годишниот брат. Сестрата, чија возраст не е објавена, била повредена и со хеликоптер била пренесена во блиската болница. Таа наводно се здобила со сериозни убодни рани, но нејзиниот живот не е во опасност.

Инцидентот се случил вчера вечерта, соопштија од полицијата и од државното правобранителство. Осомничениот е уапсен. Според полициското соопштение, целото семејство живеело во куќата во која се случил масакрот. Убиецот има германско и италијанско државјанство. Мотивот за нападот се уште е нејасен.

Според информациите од државното правобранителство, 19-годишникот се товари за тројно убиство без умисла и обид за убиство, а во текот на денот треба да биде изведен пред судија кој треба да одреди мерка притвор.

Во истата област, пред два месеци, 32-годишен син ги убил своите родители, а на крајот и себеси

Ни трага, ни глас од 100 лица по масакрот од Москва

Деведесет и пет лица се уште се водат како исчезнати по минатонеделниот терористички напад во Москва, јавија денеска руските медиуми.

Официјалниот биланс на загинати во нападот во Crocus City Hall сега е 140 мртви и 182 ранети.

Порталот База, кој има добри врски со руските безбедносни служби, објави дека на списокот се појавиле уште 95 лица кои нивните семејства ги пријавиле за исчезнати.

Руските истражители велат дека акцијата ја извршиле четворица напаѓачи со калашникови. Пукањето започна непосредно пред рок групата „Пикник“ да настапи пред 6.200 гледачи.

Оттогаш руските социјални мрежи се преплавени со повици за помош во пронаоѓањето на исчезнатите.

Собрани во чат на Телеграм, пријателите и семејствата ги споделуваат имињата на луѓето кои сè уште се бараат и нудат поддршка еден на друг.

Популарно