Најбизарни признанија за неверства пред свадба !

Откако на интернет се проширија сајтови на кои корисниците оставаат анонимни признанија, навистина може да се поверува дека најлудите сценарија се одвиваат во животот, а не само на филмското платно.

Сајтовите како Редит, српскиот Исповед или Виспер не воведуваат во авантури на обичните луѓе кои воопшто не се секојдневни.

Така, Виспер почна да објавува исповеди на мажите кои биле во кревет со невести кои ги изневериле своите идни сопрузи вечерта пред свадбата.

Пријател на еден младоженец признал дека имал сексуален однос со невестата, вечерта пред нејзината свадба – Цело време се прашував дали треба да го кажам тоа, напиша анинимниот „пријател“ на Виспер.

Еден кум исто така призна дека имал секс со невестата вечерта пред свадбата. – Ништо не му реков (на кумашинот), се венчаа како да е се во најдобар ред, напиша тој.

Некои од бизарните исповеди вклучуваат и секс и со невестата и младоженецот.

– Имав тројка со невестата и младоженецот, три дена пред свадбата, напиша еден анонимен корисник на Виспер.

Еден корисник пак признал дека бил на една венчавка, каде сфатил дека во минатото имал сексуален однос и со невестата и со младоженецот. Секако, не во исто време.

Целата приказна ја зачини една новопечена невеста, која признава дека имала секс со кумот облечена во невестинскиот фустан.

ВИДЕО: Секс сред продавница!!!

Британски пар сакал да го испроба брачниот кревет пред да го купи.

– Ова е најдобриот секс кој сум го имала, рекла жената која со своето момче завршила што требала.

Меѓутоа, тие на крајот сепак не го купиле креветот, затоа што бил премногу скап, а продавачите ги исфрлиле од продавницата.

Што ќе се случи ако место еден, ставите два кондома?

Освен заштита од несакана бременост, кондомот има голема улога и во спречување на ширење на сексуално преносливи болести. Но, иако денес се достапни речиси насекаде, многу луѓе и понатаму веруваат во некои митови за овие „гумени заштитници“. 

1. Ставањето на лубрикант врз кондомот ќе го спречи неговото пукање

Вистина: Лубрикантите врз база на масло и силикон всушност можат да го оштетат кондомот.

2. Кондомот штити од сите сексуално преносливи болести

Вистина: Кондомите не пружаат целосна заштита од генитален херпес, ХПВ, сифилис и срамни вошки. Презервативот не е доволна заштита ни кај херпес тип 2, односно генитален херпес, ниту кај херпес тип 1, односно орален херпес за кој неодамна се открило дека може да се пренесе и по сексуален пат. Кај ХПВ како и кај херпесот, може да се случи личноста со години да боледува без никакви симптоми и да не знае дека е болна, но може да му ја пренесе болеста на партнерот.

3. Ако сте алергични на латекс не можете да користите кондоми

Вистина: Можете да користите кондоми изработени од полиуретан и полиизопрен.

4. Добро е да се чуваат кондомите во паричник

Вистина: Чувањето на едно пакетче кондоми во паричникот подолго време може да го истенчи материјалот од кој е направен кондомот и на него може да се направат ситни дупчиња.

5. Користењето на два кондоми одеднаш ја удвојува заштитата

Вистина: Користењето на два кондоми одеднаш всушност ја намалува заштитата бидејќи се создава поголемо триење и поголема е можноста од пукање на презервативот.

Колку треба да трае сексот за жената да го доживее врвот?

Иако должината на сексот треба да биде индивидуална, компанијата Lovely реши да дознае колку минути трае водењето љубов кај повеќето двојки.

Според необичното истражување, на просечна двојка сексот им трае 12 минути, а интересен е податокот и дека најзадоволни се оние кои своите сексуални игри ги водат 19 минути.

За разлика од нив, кај двојките чиј секс трае околу 7 минути, се јавува потреба нешто да менуваат во својот однос.

Покрај ова истражување, треба да се земе обзир и претходното, кое покажа дека на жените им треба повеќе време да постигнат оргазам, па обавезно треба да се воведе предигра. Според тоа, 12 минути можеби често им е прекратко.

Популарно