Најчестите грешки по кои таа останува бремена

Абортусот е жешка тема за разговор кај нас, но темата може да се избегне ако се спречи бројот на несакани бремености. Ова се најчестите грешки поради кои доаша до несакани бремености:

kontrac410

- Ако мажот го извлече пенисот пред ејакулација, жената не може да остане бремена

Ова никако не е метод за контрацепција, бидејќи од пенисот излегува течност и во текот на самиот секс и пред тој да доживее оргазам. Тоа се вика преејакулат и бидејќи содржи сперма може да резултира со бременост.

- Единствени методи за контрацепција се презервативи и апчиња

Иако овие две методи и понатаму се најраширени, постојат повеќе од десет. За мажите за жал постојат само кондоми и стерилизација, додека жените можат да користат и интраутерини влошки и други методи.

- Не можете да забремените ако се сексате стоејќи

Не можеме да веруваме, но некои се уште не се свесни за тоа колку сперматозоидите се добри пливачи и дека гравитацијата ни малку нема да ги спречи да го оплодат јајцето.

- Не можете да забремените ако имате секс за време на менструација

Многу жени веруваат дека се плодни само неколку дена во месецот. Ова е мит од причина што голем број на жени немаат редовен циклус, па тешко се одредува кога е точно овулацијата. Исто така, сперматозоидите можат во телото да живеат до седум дена, така што можат да чекаат на поволен момент.

- Не можете да забремените ако имате секс првпат

Овој мит предизвикал многу непланирани бремености. Ако сперматозоидите стигнат до јајце-клетката, нема врска дали ви е првпат или стоти пат да имате полов однос.

- Два презерватива се посигурни од еден

Иако можете да мислите дека дополнителен слој нуди поголема сигурност, ова не е вистина. Секако, тоа го зголемува ризикот од пукање. Ако се користи исправно, машкиот презерватив е 98 отсто ефективен во спречување на бременост.

- Жена не може да забремени ако оди во тоалет или под туш веднаш после сексот

Повторуваме, сперматозоидите се фантастични пливачи и не можете туку така да ги истерате од телото или да ги измиете. Додека жената дојде до тоалетот, сперматозоидите веќе се длабоко внатре и ништо не може да ги запре на нивниот пат.

- Во ред е повторно да се употреби искористен презерватив, ако немате нов при рака

Ова воопшто не е сигурно. Презервативите (за мажи, но и жени) се дизајнирани за еднократна употреба, така што ни случајно не ги перете и не се обидувајте повторно да ги користите.

- Плодноста одеднаш исчезнува кога ќе наполните 35 години

Без оглед на тоа што сте слушнале, жените не стануваат неплодни преку ноќ. Вистина е дека се намалува можноста за забременување, но тоа е постепена постапка и се разликува од жена до жена, па многу најнормално остануваат бремени и во 40-тата.

- Жената не може да забремени ако дои

Многу непланирани бремености се случиле токму во првите неколку месеци по породувањето, токму поради овие дезинформации. Жената може да почне да овулира, а тоа да не го знае и може најнормално да забремени.

- Од контрацепција ќе се здебелите

И понатаму е широко распространето верувањето дека жените кои примаат апчиња или користат некој друг вид на хормонална контрацепција задолжително ќе добијат вишок килограми. Апчињата влијаат на повеќе работи, но не нужно и на вашата фигура.

- Повремено треба да прекинувате со примање на контрацептивни апчиња

Нема потреба за паузирање со апчињата, бидејќи хормоните не можат да се наталожат. На почетокот на развојот на апчето, додека не постоеле многу истражувања, тоа се советувало, но денес се знае дека не постојат никакви реакции по здравјето или плодноста на жената, ако повремено прекинете со земање на хормонална контрацепција.

- Апчето за ден потоа, може да се користи само идното утро

За почеток, самиот термин апче за Ден потоа, не е точен, бидејќи тие апчиња можат слободно да се пијат до три дена после сексот.

- Можете да користите лосион за тело на кондомите, ако немате други лубриканти при рака

Иако многу производи во тоалетот можат да ве намамат да ги земете ако ви треба дополнителна лубрикација, знајте дека производите на маслена база, како што се масло за тело, креми, лосиони и вазелин, не функционираат добро со кондомите од латекс. Имено, тие можат да ги оштетат и така лесно да пукнат.

- Долготрајното користење на контрацепција може жената да ја направи неплодна

Ова е целосна бесмислица. Во моментот кога жената ќе престане да користи контрацепција, нејзината менструација и плодноста ќе се вратат на старо, а само од методот на контрацепцијата ќе зависи дали ќе се врати веднаш, или ќе треба некое време. Единствен исклучок е секако стерилизацијата, иако во некои случаи кај мажите може да се врати на старо.

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно