Најдобрата забава на најубавата плажа во Македонија - „White Sensation Beach Festival“

Огромно задоволствo ни е да ви го најавиме второто издание на најголемото, најспектакуларното музичко шоу, кое во 2015 за прв пат му се случи на Преспа и во знакот на бело ја сплоти Македонија на едно место...

13600086_1728542250753100_3498037731202341092_n

Најголемото збиднување под наслов White Sensation Beach Festival, годинава ќе се случи на 28ми јули (четврток).

11800240_10204951771536868_8501910917838822377_n

Настан достапен за сите, под отворено небо, a ветува озвучување и осветлување кои ќе допринесат за перфектна забава.

11234866_10204851997242573_6775846375457089633_n

Огнометите и останатите ефекти ќе бидат вистински интересен декор на вечерта, а ноќното капење ќе биде предизвик за најхрабрите.

11224723_10204851997162571_8234952477344745548_n

Модерната сензација White Sensation Beach Festival ја продолжува неговата традиција и дружба. Ова година се дружиме на место каде музиката и луѓето ќе придонесат атмосфера која не се заборава. Најголемата #WhiteSensation забава во регионот проследена со 5 диџеи и уште многу изненадувања на нивните настапи.

Настапуваат:

RICARDO,

DARK CHILD,

DJ BOBI,

ALEKSANDAR GALOSKI ( https://www.facebook.com/galoski/?fref=ts )

и ѕвезда на вечерта THE MISTER (https://www.facebook.com/The-Mister-Djs-OFFICIAL-PAGE-123455187682704/ ) од Грција.

THE MISTER, ди-џеј кој ја освои публиката во Македонија. Со свои настапи во сите големи клубови во Македонија, а пред еден месец заврши успешна турнеја во Шведска.

Продажбата на влезници започнува на 1ви јули преку продажната мрежа на Купи Карти За Се по цена од 120 ден промотивно до 25.07, а од 25.07-28.07 по цена од 200 ден. Организиран превоз од Битола и Ресен со туристичка агенција Хера Турс (тел. 047/ 233-603).

Се гледаме на White Sensation Beach Festival заедно да испишиме нов лист на една нова успешна приказна :)

Со љубов,

организација на

White Sensation Beach Festival

Имаат ли перспектива младите во државава?

Драги пријатели, со голема радост го споделуваме првиот подкаст на Македонско-американската алумни асоцијација од серијалот ‘The Voice of MAAA’ (Гласот на МААА) при проектот ,,Алумни поддршка на волонтерски и воннаставни активности".

Подкастот е на тема „Перспективите на младите луѓе во нашата земја„ и во него гостуваат нашите членови Бојан Кордалов, комуниколог и Иван Дургутов, младински активист, а го модерира Катерина Топалова, новинар.

Се надеваме дека гласот на нашите членови ќе допре до младата популација во нашата земја, како и до сите заинтересирани за темата. Уживајте!

Имер Селмани: „Тежам околу 50 милиони евра"

Што се случува со неговата прва пасија, медицината, бидејќи завршил Медицински факултет, како и зошто го почнал бизнисот, со што се занимава неговата компанија, колку тежи неговото богатство, на што најмногу сака да троши пари...

„Горд сум на себе, бидејќи вработуваме луѓе, плаќаме даноци, имаме редовни приходи, инвестираме... денеска сме дисперзирани како компанија која што има повеќе дејности. Сега градиме, при крај сме, на еден супер луксузен модерен комплекс во едно место кое што беше заборавено од Скопје, од скопјани, од државата буквално. Тоа е помеѓу касарната Илинден и булевар Словенија, тоа е практично Карпош. Таму градиме станбен комплекс од речиси 350 станбени единици и деловен простор...“, ова меѓу другото го истакнува Имер Селмани, во првиот подкаст „Бизнис муабети“, кој од денеска ексклузивно ќе се емитува на порталот Фактор.  

Почитувани читатели, како што и Ви најавивме, денеска реномираниот портал Фактор воведува уште една новина во своето работење, со која се обидуваме уште повеќе да се доближиме до Вас и до Вашите потреби, а секако, и да ги следиме модерните трендови во новинарството и во медиумското работење. Имено, стартувајќи од денеска, па секоја наредна недела во истиот термин, петок, преку нашиот портал ќе можете да ги следите новите епизоди од серијалот подкасти со наслов „Бизнис муабети“, одбран токму во духот на доминантно економската определба на нашиот медиум.

Водител на подкастот е добро познатиот на македонската јавност новинар Мишко Иванов, уредник на многу популарни и гледани телевизиски емисии во својата кариера во изминатиот период.

Гости на нашиот подкаст ќе бидат еминентни имиња од светот на бизнисот, политиката, општественото живеење, власта, опозицијата, но и многу други релевантни соговорници чии професионален ангажман или делување оставиле печат на околината која не опкружува. 

Погледнете ја првата епизода од „Бизнис муабети“, на Фактор.

Д-Р Митов: „Нашите генерации им го згорчија зборот држава на младите“

Животни приоритети и принципи е темата во новото издание на „Нешто конкретно“. Нашите гости зборуваат за тоа како ненормалното стана нормално и како кршењето на правилата стана правило.

 Проф. Д-Р Аце Миленковски, Д-Р Александар Митов, Дина Јашари и Сања Ристиќ на едно место и со многу слични но и различни приоритети. На почетокот на емисијата зборувајќи за почитта, како ја стекнал, каде, со кого и кон кого, ректорот на Универзитетот Скопје, Аце Миленковски ги испочитува гостите и водителката Снеже Велков со подароци кој им ги подели во студиото. За него најголем приоритет во животот е верата. „Се родивме овде во Македонија нашата вера ја определија бабите, дедовците, нашите родители и таа е преубава вера на која што ние и припаѓаме овдека во оваа држава, без верба во Бога ништо не правиме” рече тој и ја издвои пораката на Трамп дека никој не смее да се смета како најважен и најголем освен Бог.

Сања Ристиќ најголем приоритет си е самата себе, како мајка на две деца таа смета дека децата можат да бидат среќни и здрави и здраво да се развиваат само ако имаат среќна и здрава мајка. Таа истакна дека тој приоритет не значи оти треба да се грижи за својот физички изглед односно да си посетува масажи и фризери, туку работа на сама себе да живее во мир и спокој на душата, бидејќи само така може да делува и да биде добра мајка, добра партнерка и добра во кариерата.

 Д-Р Митов зборуваше за тоа како на младите во Македонија зборот држава им е згорчен. „Ние нашите генерации им го згорчивме зборот држава на младите, ги потсеќа на корупција, криминал и разно разни глупости и кога ќе им се каже зборот држава ги потсеќа на лошо“. Негов најголем приоритет во животот е секако семејството, но меѓу другите приоритети ја издвои својата градина каде вели дека собира енергија за сите останати обврски во текот на денот, единствено му е жал што нема повеќе време да им посвети на пријателите.

Дина Јашари се пожали од условите во државните факултети, студентските домови и потсети на тоа дека за разлика од нас во Љубљана постои бесплатно студирање и условите не се споредуваат. Но и покрај се оваа млада пејачка стои на тоа дека не сака да се отсели од Македонија за евентуална подобра иднина како што тоа го прават нејзините врсници. Разликата во возраста на нашите гости фантастично ги прикажа приоритетите на секоја една генерација кои секако со годините се менуваат.

Гледајте ја емисијата на нашиот канал на YouTube, а новата веќе следната недела од 17.00 часот на Телма.

Популарно