Најевтино до сега: Јадранот ги спушти цените

Tуристичката понуда во приватното сместување по хрватското приморје е значително зголемена ова лето. Огласите за изнајмување апартмани, куќи или вили за одмор низ Јадранот никогаш не биле толку евтини среде сезона.

images-2013-04-jadransko_more_aps_552111451

Причината е што традиционалните јунски гости, кои масовно ја посетуваа Хрватска во приватните сместувања како Чесите, Словаците, Полјаците и граѓаните на БиХ, оваа година се помалкубројни, па во паника од празните апартмани, овие денови сопствениците и најдобрите кревети во првиот ред на морето ги нудат за 10 евра.

Според „Слободна Далмација“, деновиве четирикреветен апартман во Сукошан се нуди за 30 евра, во Биоград за 35 евра, во Златон за само 27 евра. Во Паг соба до крајот на јуни во апартман била 12 евра, а во Водици четири лица може да летуваат во апартмани до почетокот на јули за 30 евра.

Но, ни во Сплит не се полни сите постели, па апартман за четворица овие денови се изнајмува за 50 евра, а во Макарска на море за 40 евра, во Каштели кревет во апартман шест до осум евра, колку и во некои празни апартмани на Пељешц.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно