Првиот доказ дека наскоро ќе зборуваме преку “WhatsApp”” се наоѓа во iOS апликацијата. Имено, доколку по прв пат сте ја инсталирале оваа апликација, од вас ќе побара да одберете пристап преку микрофонот се со цел истата да може да се користи за повици.
Неодамна се појавија информации дека најпопуларната апликација за допишување, наскоро ќе добие и опција за бесплатни разговори, а сега и во новата верзија на iOS се појави доказ дека бесплатните разговори се блиска иднина.
Имено, секој пат кога ќе ја отворите апликацијата ќе се појави поп-ап прозорец кој ќе побара пристап до микрофонот, што е главен доказ за веќе споменатите тврдења.
На оваа апликација и е потребен пристап до микрофонот се со цел да може да испраќа гласовни пораки, да снима видео клипови, како и да испраќа и прима повици – се наведува во извештајот.