Не ви треба диета: Јадел 2 лажици од ова семе пред ручек - за 6 месеци ослабел 15 кг

Научниците докажале дека лененото семе е исклучително здраво и корисно во спречување на мозочен и срцев удар. Тоа е поради тоа што ова супер семе го намалува нивото на холестеролот во крвта.

Лененото семе е преполно со влакна, што значително помага во контролирањето на нивото на холестеролот. Влакната во лененото семе всушност ја врзуваат жолчната киселина во цревата и ја намалуваат апсорпцијата на холестеролот во крвотокот.

Лесно може да кажеме дека оваа супер здрава билка исто така е една од најбогатите извори на омега – 3 киселината, кои се клучни соединенија на ќелиските мембрани. Тие исто така може да спречат згрутчувања на крвта кои може да предизвикаат мозочен или срцев удар, а во исто време да го подобрат и крвотокот. Омега-3 масните киселини се исклучително корисни во намалување на нивото на холестеролот и бројот на триглицеридите.

Ви пренесуваме искуство на еден човек кој имал сериозни проблеми со високото ниво на холестерол, па решил да се обиде со некои природни лекови наместо пропишаните лекарства.

Џим почнал да конзумира четврт шолја ленени семе секој ден пред ручек, што изнесува околу 2 лажички.

Кога го измерил новото на холестеролот, неговиот холестерол бил намален на 232 за само 15 дена, а по 6 месеци холестеролот бил намален на 188. Тој изгубил 15 килограми, а неговата коа, нивото на енергија, видот и неговата коса исто така се подобриле.

Дефинитивно треба да го пробате овој природен лек. Само почнете да конзумирате две лажици или четврт шолја свежи ленени семе секој ден пред главниот оброк.

Лененото семе може да го конзумирате со вашата омилена салата, јогурт или други намирници. Ставете го лененото семе во блендер или млин за кафе и мешајте 5 секунди и вашата дневна доза семки ќе биде подготвена.

Кинески лук, костени од Африка, грав од Авганистан, цреши од Албанија, компир и ориз од Турција- знаеме ли што јадеме?

Се почесто наместо домашен лук, на пазарите може да се најде кинески лук, грозје од Аргентина или Чиле, костени од некои од африканските земји, грав од Авганистан, цреши од Албанија, компир и ориз од Турција…

Затоа потрошувачите во последно време станаа многу скептични околу тоа дека купуваат домашно произведено овошје и зеленчук и со право се прашуваат каде што исчезнаа македонските вкусни домати, краставици, јаболка, цреши, грозје.

Тетовскиот грав, кочанскиот ориз, ресенското јаболко и низа други видови овошје и зеленчук со голема домашна традиција и проверен квалитет се реткост на зелените пазари во државава.

Дополнително загрижува фактот што на зелените пазари се поголемо е присуството на зеленчук и овошје од увоз, со што се надоместува падот во домашното земјоделско производство, кое треба да е стожер на исхраната и прехранбената индустрија. Така, се почесто наместо домашен лук, на пазарите може да се најде само кинески лук, наместо струмички, на пазарите и по маркетите може да се најдат претежно кикиритки од некои кинески земјоделски области.

Но, не е само Кина земјата на потекло на увезеното овошје и зеленчук. Доколку прошетате низ пазарите можете да најдете и грозје од Аргентина или Чиле, костени од некои од африканските земји, грав од Авганистан, цреши од Албанија, компир и ориз од Турција.

Со ова “паѓа во вода” фактот дека македонското овошје и зеленчук е исклучително квалитетно и пред се, многу вкусно. Затоа потрошувачите во последно време станаа многу скептични околу тоа дека купуваат домашно произведено овошје и зеленчук и со право се прашуваат каде исчезнаа македонските вкусни домати, краставици, јаболка, цреши, грозје…

Поради фактот што домашните земјоделски производи се помалку ги има на зелените пазари, се намалува и бројот на купувачи кои пазарат. Изгледа им стана сеедно каде го купуваат ,домашното# овошје и зеленчук дали на тезга или во маркет.

Граѓаните во последно време веќе и заборавија да прашуваат за потеклото, бидејќи се навикнаа на “гумени” домати и “пластични” краставици, сега прашуваат само за цената. Факт е дека домашните квалитетни производи се повеќе завршуваат на странските пазари, а ние се навикнавме да јадеме неквалитетни увозни производи. Затоа, речиси и да немаме избор во однос на тоа каков зеленчук и овошје ќе купуваме, само прашањето е каде ќе го купиме.

На зелените пазари и тоа малку зеленчук и овошје што го има, претежно е од увоз и е многу скапо. Па, така гравот што се продава е од Турција, кромидот е од Венецуела, краставиците се од Грција, а лукот од Кина.

Покрај тоа што знаеме дека купуваме увезени производи не е ретка ниту појавата зеленчукот и овошјето од увоз да се претставува како домашни производи.

На почетокот на пролетта кога се појавија на рафтовите во маркетите и на тезгите по пазарите, вкусот на црешите не беше ист како изминатите години. Причината беше увоз од Албанија кои се откупуваа зелени и се чуваа во ладилници додека да узреат, а потоа се продаваат на пазарите.

Меѓутоа голем дел од пазарџиите тврдеа дека не се увезени туку дека се домашни од Чифлик, Нерези, од Марков манастир, Света Петка и Страчинци.

Слична беше и ситуацијата со гравот кои на пазарите го продаваат како тетовски, всушност потекнува од Авганистан, Киргистан, Турција и од Кина. Вакви шпекулации подолго време кружат и за голем дел од другото овошје и зеленчук што се продаваат низ пазарите во државава.

Мајки внимавајте: Оваа храбра жена откри рак на дојка кај нејзината 8-годишна ќерка, болеста не бира години

На Криси Тарнер и е дијагностициран редок облик на карцином на дојка. Иако имала само 8 години, болеста брзо и напредувала.

На девојчето итно и е направена масектомија.

Криси успеа, и денеска болеста и е реадмисија, по поча да размислува како сака да и изгледаат градите.

Болеста кај неа не почна како и кај возрасните. Допрела чворче под градите, а родителите итно ја однеле на лекар.

Двајцата лекари имале дилеми околу дијагнозата, а третиот ги соопштил тешките вести - дека има рак на дојка. Причината поради која родителите лесно не ги прифатиле објаснувањата на двата лекари и затоа што и двајцата се бореле со карцином - Анет имала рак на грлото на матката, а Трој лимфом.

Следуваше лекување, операција, зрачење...

-Само 8 месеци од операцијата Криси посака да си игра како и сите останати деца во паркот. Бев во страв како нејзиното тело ќе го поднесе тоа, но беше фантастична, го опишува Анет еден од првите денови на игралиштето.

Нивните животи брзо се вратија во нормала, а контролите се составен дел од секојдневието.

-Сите имавме блиски средби со ракот и таа борба многу не зближи. Свесна сум дека некои делови од нејзиното растење, како пубертетот, ќе биде потежок отколку кај другите деца. Ќе биде чудно кога ќе почнат да и растата градите, но ќе се избориме со тоа, вели мајката.

Ве чешат брадавиците или градите? Постојат 11 причини за тоа

Интензивно чешање на градите и брадавиците е многу почесто отколку што мислите. Има повеќе причини за тоа: бременост, месечен циклус, навики во туширањето, но во некои случаи може да биде знак за нешто многу посериозно.

1.Дерматитис, псоријаза или сува кожа

Дерматитис и псоријаза може да предизвикаат чешање на брадавиците или на градите. Потребно е да го скратите времето на туширање и да не се капете со гел за туширање. Топлата вода уште повеќе ја суши кожата. Користете благ сапун и добра хидратантна крема.

2. Хемиска реакција на сапун или детергент

Хемикалиите во овие прозводи може да предизвикаат иритантен контактен дерматитис. Се појавува осип и црвенило на кожата.

3. Градник

За оние девојки и жени кои се занимаваат со спорт потребно е да користат спортски градник кој е изработен од памучни влакна, а не од синтетички.

4. Не се туширајте веднаш по вежбањето

Потта главно се состои од сол која ја суши кожата. Откако кожата ќе се исуши, почнува чешањето. Тоа може да доведе и до инфекција.

5. Бременост

Хормоналните промени и килограмите плус во бременоста предизвикуваат зголемување на градите и брадавиците. Растегнувањето на кожата на тие делови од телото предизвикува чешање.

6. Доење

И тоа може да предизвика чешање, посебно околу брадавиците. Остатоците од мајчиното млеко може да предизвикаат иритација. Посетете лекар ако чешањето е пропратено со болка, оток или распукани брадавици. Тоа се знаци на маститис.

7. Хормонални промени

При лачењето на хормоните, градите, освен што можат да бидат чувствителни, склони се кон иритација.

8. Терапија со зрачење

Зрачњето има многу нус појави, а чешањето е едно од нив. Лековите и кремовите што имаат кортикостероиди може да бидат од помош.

9. Заздравување од операција

Ако сте имале пластична операција за зголемување на градите или пак операција поради рак на дојките, градите дошле во допир со материјали кои може да предизввикаат чешање. Стручните лица велат дека тоа се нормални постоперативни реакции.

10. Можеби имате Пагетова болест

Пагетова болест на брадавиците е вид рак на дојка кој прв се појавува во облик на рана на брадавицата прекриена со краста или во вид на исцедок од брадавицата. Тоа е редок облик на болест кој влијае на горниот слој на кожата на брадавицата. Може да изгледа како екзем.

11. Сигнал за воспалителен карцином на дојка

Воспалителен карцином на дојка е агресивен облик на болеста кој настанува кога клетките на ракот ќе навлезат во кожата и лимфните јазли во градите.

Популарно