Непознат вирус коси по болниците - заболеа 18 доктори

Непозната вирусна инфекција предизвика заболување кај 18 лекари и друг медицински персонал во болницата во Крушевац, Србија.

stethoscope_medium

Како што објави српскиот Блиц, повеќе лекари и медицински сестри имале исти симптоми, температура и осип, а веќе им се направени крвни анализи и се во карантин.

Најмногу заболени има на одделението за хирургија во болницата. Се смета дека ги заразил 37-годишен пациент кој бил хоспитализиран минатата недела.

Сепак она што е најмногу збунавачко е дека лекарот кој прв го прегледал пациентот нема симптоми, како ни возачот кој го возел со Итна помош, но затоа сите останати лекари и сестри имаат.

Пациентот дојде со воспаление на белите дробови. Сепак е чудно како сите кои првично имаа контакт со него не се заболени, а сите останати се, вели извор.

Според српски Курир сеуште се чека на резултатите кои би прецизирале за какво заболување станува збор.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно