Непребол: Мајката на Тоше имала претскажување за неговата смрт

Манастрирот Свето Преобржение над Крушево е утеха за семејството на Тоше. Најблиските секојдневно доаѓаат да го посетат, да помогнат во работите за негоото возобновување. Како што пишува Дневник, поврзаноста на ова семејство со манастирот крушевчани ја раскажуваат како урбана легенда, а дел од неа за весникот открива Дора Ристеска, сестрата на Тоше.

spek-tose-300x179

- Kога мајка ми Домника имала 17 години, на празникот Преображение на сон и се појавил човек во помлади години, покриен со бела наметка. Не можела да му го види лицето, туку само нозете, кои виселе во воздухот. Во еден миг слушнала хор, кој пее „Алелуја”. Песната ја прекинал глас, кој и се обратил: „Ти ќе ја видиш светлината, ќе доживееш голема радост, а потоа ќе го почувствуваш и вкусот на големата горчина. Затоа мора да ја изедеш оваа каша со листови од орев.” Мајка ми се згрозила од кашата само што ја видела. Почнала да јаде и во сонот доживеала преголема горчина од нејзиниот вкус – вели Дора за Дневник.

По неколку години, кога Домника се омажила за Никола, ја посетиле црквата „Света Богородица”. Kога ја видела иконата на Свето Преображение, здивот и застанал.

- Му рекла на татко ми: „Ова е човекот покриен со бела прекривка, што го видов на сон кога бев девојка”. Kога Тоше не напушти, мајка ми се сети на сонот и во солзи ни рече: „Ете го претскажувањето. Доживеав голема радост, Тоше ни донесе светлина во домот, а отсега веќе животот ќе ми биде горчина. Ја чувствувам истата горчина како кога ја изедов кашата со листови од орев во сонот” – открива сестрата на музичката легенда за Дневник.

Над половина од жителите на Европа имаат прекумерна тежина, кај нас 55,7 проценти

Над половина од возрасните граѓани во земјава имаат прекумерна тежина, а „подебели“ во регионот се само Хрватите, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат.

Над половина од жителите на Европа имаат прекумерна тежина односно Индекс на телесна маса (БМИ) еднаков или поголем од 25. Најголем процент на возрасни луѓе со прекумерна тежина имаат Малта (62,5%), Исланд (62,0%) и Латвија (60,4%), додека најмал Италија (41,9%), Швајцарија (45,6%) и Франција (46,4%). Кај нас 55,7 проценти од возрасното население има прекумерна тежина.

Земјите со висока стапка на дебелина, пишува Ландгеист, исто така, имаат и високи стапки на луѓе со прекумерна тежина. Малта е втора земја со најголема дебелина во Европа и исто така земја со најмногу килограми во Европа. Швајцарија е земја со најмалку дебелина во Европа, но и втора земја со најмалку прекумерна тежина во Европа. Но, и неколку земји како Естонија, Финска, Исланд, Северна Македонија, Романија, Словачка и Словенија кои имаат релативно ниски стапки на дебелина, но имаат некои од највисоките проценти на луѓе со прекумерна тежина во Европа.

Од земјите во регионот само Црна Гора (48,1%) има помалку од половина од населението со прекумерна тежина, додека најголема стапка на возрасни со прекумерна тежина има Хрватска – (58,1%). Потоа следат Словенија (55,7%), Грција (54,9%), Бугарија (53,7%) и Србија (52,5%).

Најшокантен факт е веројатно дека во речиси секоја земја во Европа, повеќе од половина од сите возрасни луѓе се со прекумерна тежина. Во Малта (62,5%), Исланд (62,0%) и Латвија (60,4%) е дури над 60%. Единствените европски земји каде помалку од 50% од населението е со прекумерна тежина се Италија (41,9%), Швајцарија (45,6%), Франција (46,4%), Кипар (47,9%), Црна Гора (48,1%), Холандија (48,3%) ), Белгија (48,9%) и Луксембург (49,7%). Но, да бидеме искрени, дури и резултатот на Италија од 41,9% е шокантно висок.

Индексот на телесна маса (БМИ), според Евростат, од каде се земени и податоците, се дефинира како тежина во килограми поделена со квадратот на висината во метри. Луѓето на возраст од 18 години или повеќе се сметаат дека имаат недоволна тежина со (БМИ помал од 18,5), нормална тежина (БМИ помеѓу 18,5 и помалку од 25) и пред-дебела (БМИ помеѓу 25 и помалку од 30). Категоријата прекумерна тежина (БМИ еднаков или поголем од 25) ги комбинира двете категории пред-дебели и дебели.

Вознемирувачко видео: Куче фрлено од зграда во Тетово

На социјалните мрежи се шири вознемирувачко видео на кое се гледа како куче паѓа од балкон на зграда, од голема висина.

-Педесет и осумгодишниот тетовец Ѓ.З. вчера (22 март) во 18 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 17 часот од балкон на зграда во изградба на улица “Благоја Тоска” во Тетово,, спроти зградата во која тој живеел, од шесттиот кат паднало куче и набргу потоа yгинало. Кучето, според пријавеното, во објектот се обидувале да го заловат двајца тетовски пожарникари. Се расчистува и документира случајот, велат од МВР.

На видеото може да се чуе плач на кучето пред да падне од голема висина, а од зградата се слушаат гласови.

Поднесено обвинение против Тони Цетински: Пејачот може да биде казнет со 8 години затвор

Специјалното обвинителство на Хрватска за сузбивање на корупција и организиран криминал поднесе обвинение против Тони Цетински откако беше утврдено дека користел лажен сертификат за вакцинација против коронавирусот, објави веб-страницата Империјал.

Како што дознава споменатиот медиум, на 28 декември 2023 година, заменик-обвинителот Вјекослав Шаулиќ до Жупанискиот суд во Загреб испратил обвинение против 18 лица, меѓу кои и познатиот пејач.

Тони Цетински е обвинет дека платил за да добие лажни потврди за вакцинација против Ковид.

Обвинетите се товарат дека дале пари, така што медицинската сестра, која тогаш работела во Здравствениот дом Загреб и била овластена да пристапува и да внесува податоци во информацискиот систем на Министерството за здравство, лажно ја внесувала информацијата, дека обвинетите биле вакцинирани.

– Кој нуди поткуп на службено или одговорно лице за да изврши службено или друго дејствие што не треба да го изврши во или надвор од границите на неговите овластувања ќе се казни со затворска казна од една до осум години – се наведува во дописот.

Популарно