НОВА ОДЛУКА НА ИВАНОВ: Повлечени помилувањата за 22 политичари, другите сами да бараат изземање

Донесов одлука за повлекување на одлуките за помилување на сите политички експонирани лица, односно за дваесет и двајца. Сите други лица имаат право да поднесат лични барања во однос на одлуките за помилување.

Ѓорге Иванов  _4_

За вкупно 22 лица, кои се политички инволвирани и активни во земјава, нема да важи одлуката за помилување што ја донесе претседателот Ѓорге Иванов. Тој денеска во обраќање до нацијата истакна дека донел нова одлука, а со која го повлекува помилувањето за политичарите кои беа дел од неговиот список на аболирани лица.

- Денес донесов одлука да поништам дел од одлуките за помилување. Донесов одлука за повлекување на одлуките за помилување на сите политички експонирани лица, односно за дваесет и двајца. Сите други лица имаат право да поднесат лични барања во однос на одлуките за помилување. Ниту еден политичар не е недопирлив. Секој ќе одговара за своите постапки. Одлуката за помилување беше најдобар потег за излез од политичката криза - рече Иванов.

Ѓорге Иванов  _3_

Тој претходно нагласи дека многумина, за жал, не ја разбрале неговата идеја за помилување на политичарите, како и на нивните соработници.

- Не ја разбраа или можеби не сакаа да ја разберат таа одлука. Бев обвинуван дека сум сакал да ги заштитам политичарите, дека сум креирал селективна права. Сепак, благодарение на таа одлука денес имаме здрави институции и македонија успешно се справува со предизвиците, како што е мигрантската криза. Одлуката за помилување беше најдобар потег за излез од политичката криза - рече Иванов.

Одлуката беше донесена на 12 април, а тогаш беше донесена одлука за прекин на постапките против 56 лица политичари и нивни соработници. Во листата се најдоа поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, поранешниот министер за транспорт, Миле Јанакиески, поранешната министерка во МВР, Гордана Јанкулоска.

Таа одлука беше причина за масовни протести, но и народни собири на кои, како поддржувачите на опозицијата, предводени од невладините организации, така и поддржувачите на актуелната власт, предводени од Граѓанското движење за одбрана на Македонија да излезат масовно на улиците и да побараат повлекување на одлуката за аболиција.

Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка

Вработена во средно училиште во Битола нападната од своја колешка.

- На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т.(28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола  била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Приватните специјализанти четврти ден на штрајк

Штрајкот на приватните специјализанти продолжува и понатаму. На денешниот, четврти ден од генералниот штрајк, беше изразена осуда за притисоците што ги имаат од клиниките и од постарите колеги специјалисти.

Доктор Христина Илиоска Чешлароска, специјализант по интерна медицина, трета година, рече дека сака да ги охрабри сите колеги приватни специјализанти, да не подлегнат на притисоците од клиниките и да издржат во оваа нивна борба.

– Со оглед на тоа дека Министерството за здравство и министерот немаат слух за нашите барања, односно се изјаснија само за последното трето барање за решавање на нашиот статус, свесни сме и знаеме дека е тоа долг процес и нашиот статус нема така лесно и брзо да се реши, додаде Илиоска Чешлароска.

Таа појасни дека затоа сакале веднаш да се остварат првите две нивни барања, покачување на месечниот надоместок и воведување на здравствено осигурување. Притоа, истакна, дека со оглед на тоа што тие две барања за кои барале итно да бидат решени, не биле решени, тие ќе продолжеле со нивниот штрајк.

-Бидејќи министерот очигледно нема слух и не гледа дека ние штрајкуваме, во понеделник, во пет до 12, пред Министерството за здравство, повторно ќе се собереме на протест, под мотото, „Пет до 12 за македонското здравство“. Со тоа сакаме да упатиме јасна порака до Министерството за здравство и до целата држава. Затоа што, доколку овие 400 приватни специјализанти не ги добијат своите барања, јас сум сигурна дека на половина од нив, веќе, во некој ќош дома им стои куферот и чекаат само да го спакуваат и да заминат, подвлече Илиоска Чешлароска.

На новинарско прашање, таа одговори дека до сите катедри упатиле барање за поддршка. Јавно се заблагодари на професорката од Медицински факултет, инаку од клиниката за ревматологија, што вчера им даде поддршка. (МИА)

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека за 18.4.2023 година се создадени услови за испорака на топлинска енергија.

Оваа информација е во согласност со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ, а врз основа на прогнозираната средна дневна температура на воздухот во Скопје од 11˚С за 18.4.2023 година од Управата за хидрометеролошки работи. Снабдувањето со топлинска енергија во согласност со регулативата по правило се врши до 15 април, но грејната сезона може да биде продолжена до 30 април во зависност од временските услови, велат од ЕСМ.

Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите по 15 април секојдневно ја носи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ ако се исполнети условите за снабдување со топлинска енергија, односно доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12°С според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи на РСМ, се додава во соопштението на ЕСМ.

Популарно