Новинарот Томислав Кежаровски пуштен во домашен притвор

Новинарот Томислав Кежаровски е пуштен во домашен притвор, информираат преку соопштение од Основниот суд Скопје 1. Кежаровски ќе остане во куќен притвор до правосилноста на затворската казна, пренесе Дојче Веле.

kezarosvki-600x337

Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 одлучи мерката притвор на новинарот Томислав Кежаровски да му ја замени со домашен притвор. Со ова е уважена жалбата на адвокатот поднесена против решението со кое а Кежаровски му се одреди притвор до правосилноста на пресудата.

Новинарот Томислав Кежаровски беше осуден на 4,5 години затвор за откривање на идентитетот на заштитен сведок во случајот Ореше.

Фото: Повторно опожарени контејнери

Доцна синоќа  во Реонски Центар Ново Лисиче беа опожарени два пластични контејнери за отпад. МВР во текот на денот изврши увид на лице место и  се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите на овој вандалски чин. Граѓаните вознемирени прашуваат „Кој и каква порака сака да упати со овој вандалски чин,  и апелираат дека време е надлежните да постават видео надзор со цел санкционирање на несовесните граѓани.

Популарно