ОГЛАС за работа во Атлантик Група: Вработете се со завршено средно

Atlantic Grupa e една од водечките прехранбени компании во регионот, со палета од познати брендови кои ги држат водечките позиции во нивните категории (Argeta, Cedevita, Multivita, Cockta, Donat Mg, Smoki, Bananica, Barcaffe, Grand kafa, Najlepse zelje). Taa e водечки европски производител на прехранбени производи за спортисти (Multipower), истакнат регионален производител на додатоци во исхраната и производи за лична нега (Dietpharm, Rosal, Plidenta), како и сопственик на водечкиот приватен синџир на аптеки во Хрватска (Farmacia). Исто така, таа е водечки регионален дистрибутер на светските премиум брендови на производи за широка потрошувачка. Асортиманот што Atlantic Grupa го произведува и дистрибуира e присутен на повеќе од 45.000 продажни места во Хрватска, Словенија, Србија, БиХ, Македонија, Црна Гора и Косово. Компанијата има околу 5.370 вработени на 12 пазари.

atlantic-grupa

Atlantic Grupa нуди работа во динамична и иновативна работна средина во која активно и квалитетно се следи успехот во работењето, а развојот на кариерата и напредокот на поединците зависи од остварените индивидуални резултати.

Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, понудата наведена подолу би можела да биде можност токму за Вас.

Ги повикуваме заинтересираните кандидати да се пријават на конкурсот за работните места:

Трговски патник HoReCa канал - во секторот за продажба – 1 работно место – Реон Повардарие

Главни области на одговорност:

Ги следи продажните трендови; ги посетува постоечките купувачи – хотели, ресторани кафулиња и е одговорен за пронаоѓање и отворање на нови деловни партнери на теренот за кој е задолжен;

Одговорен е за покриеност на сите продажни места во зададениот терен, за ниво на дистрибуција и изложеност на производите, препорачаниот асортиман, соодветните панели и пропаганден материјал;

Склучува нарачки за да ги оствари плановите за продажба – со фокус на HoReCa каналот за продажба;

Идентификува, истражува и ги контактира потенцијалните купувачи и гради позитивни односи кои ќе донесат идна продажба и ќе обезбедат лојалност на купувачите и постојана продажба

Известува за можни промени во продажните трендови зависно од повратната информација од купувачите

Потребни квалификации:

ССС

Познавање на компјутерски апликации - Microsoft Office;

Возачка дозвола Б

Работно искуство од 2 години во продажба во Хорека канал

Што очекуваме:

Лојалност, комуникативност и одговорност;

Флексибилност за работа на терен;

Одлични преговарачки вештини;

Предност ќе имаат лицата од повардарскиот регион – Неготино, Кавадарци, Штип, Велес, Гевгелија итн.

Вашата понуда со биографија доставете ја најдоцна до 13. Јули 2016 година, на адреса – Атлантик Група, ул. Шар Планина бб, Скопје, или преку интернет страницата (клик ТУКА).

Краен рок за пријавување: 13.07.2016

Историската одлука на Вол Стрит: Првпат одобрени фондови кои инвестираат во биткоин

Американската Комисија за хартии од вредност по првпат одобри фондови со кои се тргува на берза, а кои директно инвестираат во биткоин.

Овој потег, кој беше најавен како значаен настан за секторот на дигитални средства, ќе го прошири пристапот до најголемата криптовалута на Вол Стрит и пошироко.

Тоа доведе до зголемување на вредноста на оваа валута.

Вредноста на биткоинот се зголеми веднаш по возбудата околу зголемената веројатност за одобрување на средствата, скокајќи за речиси 200 отсто од почетокот на минатата година, иако биткоинот останува околу 30 отсто под својот врв постигнат за време на бумот во 2021 година.

Цената на биткоинот е главно стабилна по објавувањето на одобрувањето на новите фондови, тргувајќи го близу највисокото ниво во последните две години од околу 46. 000 долари.

Регулаторите ги одобрија сите 11 апликации што чекаат за биткоин ETF, вклучувајќи ги BlackRock, Grayscale и Fidelity. Тие можат да започнат со тргување уште денеска.

Бизнис елитата од Македонија и Бугарија се собра во Скопје

Бугарија е петтиот најважен трговски партнер на Северна Македонија и нејзина втора најважна извозна дестинација. Бугарските директни инвестиции во државата изнесуваат вкупно 270 милиони евра. Во 2022 година, годишната двонасочна трговија надмина 1 милијарда евра.

Со цел оддржување и подобрување на меѓусебната соработка на компаниите, сопственици, директори, како и видни претставници на фирмите од двете земји во четвртокот во хотелот Александар Палас разменија искуства и можности за идна соработка.

 Бугарскиот амбасадор во Скопје Ангел Ангелов им се заблагодари на генерациите активисти кои го основаа, развиваа и зајакнаа МБСК. Тој изрази надеж дека со нејзината амбициозна програма новоизбраната претседателка на МБСК Билјана Митева ќе ја направи институцијата „поживописна, подинамична и многу поотворена за сите економски субјекти, што ќе ги зајакне односите меѓу Бугарија и Северна Македонија“.

Митева во говорот на настанот посочи: „Имам голема одговорност бидејќи Македонско-бугарската стопанска комора која постои од 2011 година има многу успешни проекти. За да истите бидат надминати ќе биде потребна поголема соработка меѓу бизнисите и јавните институции во нашите две земји и што поскоро да се отстранат сите бариери за бизнисот“.

Шефот на трговската служба на бугарската амбасада Красимир Драгнев на состанокот рече дека на 7 декември во Софија ќе се одржи бугарско-македонски бизнис форум на иницијатива на министерствата за надворешни работи на двата соседи. Сличен настан минатата година се одржа во Скопје. Ја отворија тогашните министри за надворешни работи Николај Милков од Бугарија и Бујар Османи од Северна Македонија.

Овој пат, МБСК ќе биде главниот партнер во составувањето на деловната делегација од Северна Македонија.

Цените на нафтата на светско ниво паднаа втора недела по ред

На светските берзи цените на нафтата паднаа и минатата недела, вторпат по ред, бидејќи не е нарушена понудата од Блискиот Исток, а побарувачката може да падне поради слабоста на најголемите светски економии.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 6,2 отсто, на 84,90 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 5,9 отсто, на 80,50 долари.

Конфликтот меѓу палестинската организација Хамас и Израел досега не го наруши снабдувањето со нафта од Блискиот Исток. „Нафтениот пазар ќе внимава на знаци на ескалација на тензиите на Блискиот Исток, особено на границата со Либан, со оглед на честите напади на Хезболах“, рече Фиона Цинкота од Сити Индекс.

Доколку конфликтот се прошири во регионот, може да дојде до прекин на испораките на нафта . Но, тоа сè уште не е случај. „Конфликтот во моментов е на втор план за пазарот бидејќи не влијаеше значително ниту на побарувачката ниту на прекинот на понудата“, вели Џон Килдаф, партнер во Again Capital.

Трговците минатата недела беа фокусирани на монетарната политика. По агресивното зголемување на каматните стапки во последната година и половина, американската централна банка ФЕД, како и британската, минатата недела ги оставија каматните стапки непроменети.

Со оглед на тоа што инфлацијата во западните земји постепено се намалува, на пазарите преовладуваше тезата дека циклусот на покачување на каматните стапки е завршен.

Тоа ги поддржа цените на нафтата во средината на неделата, но подоцна цените паднаа бидејќи низа податоци покажаа дека растот во најголемите светски економии забавува, што ќе ја ослаби побарувачката за „црното злато“.

Така, извештајот, објавен во петокот, покажа дека вработеноста во САД ослабела во октомври, додека платите пораснале помалку отколку во септември, што најавува слабеење на побарувачката.

Ова го најавуваат податоците кои укажуваат на забавување на растот на економијата на еврозоната.

Трговците беа загрижени и од неочекуваниот пад на активноста во кинеската индустрија во октомври. И низа други податоци покажаа дека кинеската економија, најголемиот увозник на нафта во светот , расте побавно од проценетото. По минатонеделниот пад на лондонскиот пазар, цената на барелот сега е во минус во однос на почетокот на годината за околу 1 отсто, додека на американскиот пазар се уште е во плус, но само околу 0,3 отсто.

Популарно