Оглас за вработување во Макпетрол: Отворени 8 позиции

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работни односи, „Макпетрол" А.Д. - Скопје распишува

photo

ОГЛАС

за вработување на 8 работници во хотелот „Макпетрол" во Маврово на определено време од 3

(три) месеци на работните места:

Келнер - 2 работници

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

- завршено средно угостителско училиште;

- 1 година работно искуство;

- познавање на странски јазик (англиски).

Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 16.800 денари.

Собарка - 3 работници

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

- стекнато основно образование (II степен); со или без работно искуство.

Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 14.880 денари.

Општ работник - 1 работник

Кандидатот треба да ги исполнува следниве услови:

- стекнато основно образование (II степен); со или без работно искуство.

Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 14.880 денари.

Рецепционер - 1 работник

Кандидатот треба да ги исполнува следниве услови:

- завршено средно стручно училиште;

- 1 година работно искуство; познавање на странски јазик (англиски). Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 15.600 денари.

Садоперка - 1 работник

Кандидатот треба да ги исполнува следниве услови:

- стекнато основно образование (II степен);

- со или без работно искуство.

Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 14.880 денари.

Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела.

Прекувремената работа, работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи.

Заинтересираните кандидати треба да достават:

• Писмо за мотивација;

• Кратка биографија;

• Копија од диплома за завршено образование;

• Препорака од претходен работодавач (доколку има);

• Уверение од кривична евиденција.

Потребните документи да се достават на адреса:

„Макпетрол" А.Д. - Скопје

Сектор за човечки ресурси

ул. „Св. Кирил и Методиј" бр.4 - Скопје

лице за контакт: Марија Тодороска телефон за контакт: 02/3146-491.

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на интервју.

Изборот од пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од броЈот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.

Кандидатите кои нема да достават целосна документација, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.

Рокот за пријавување почнува со денот на објавувањето на огласот и трае 5 (пет) работни дена.

„МАКПЕТРОЛ" А.Д. - СКОПЈЕ

Активен до: 16.11.2016

Доаѓа нова валута која ќе ги засени еврото и доларот

Претседателот на Казакстан, Нурсултан Назарбаев предложи создавање на светска криптовалута како би се избегнале валутнит војни.

“Дојде време да се разгледа прашањето за воведување на меѓународна валута. Тоа ќе овозможи светот да се спаси од валутните војни, шпекулации, да се избегнат несогласувањата во трговските односи, намалување на нестабилноста на пазарот, изjави Назарбаев, пишува “Economist”.

Според него, оваа валута треба да се базира на едноставен механизам на емисија која ќе ја контролираат само нејзините потрошувачи.

“Имајки ја предвид дигитализацијата, развојот на нови технологии како што е блокчејн, може да се креира таква платна единица која ќе биде криптовалута. Важно е таа да не се базира на апстрактна доверба, туку за неа да се обезбеди конкретен имот, наведе Назарбаев”.
 

Банкнотите од 10 и од 50 денари ќе бидат изработени од пластика

Народната банка го најави почетокот на пластичните банкноти со објавата на оглас за доделување на договор за јавна набавка на книжни пари изработени од полимер.

Пластични банкноти ќе бидат банкнотите од 10 и 50 денари а според барањето за понуда на Електронскиот систем за јавни набавки се работи за договор со проценета вредност од 127.000.000 денари.

Критериум за добивање на договорот е најниска цена. Договорот е во времетраење од една година.

Доколку се оди според планираното, од НБРМ велат дека овие пластични банкноти ќе се пуштат во оптек до крајот на годинава.

ОДЛИЧНА ВЕСТ - Од полноќ значително поевтинување на бензинот и дизелот

Бензините од вечерва на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари, а цената на дизел горвата се намалува за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,52, односно 4,17 отсто.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,5, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, 64,5 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 48, додека Екстра лесното масло за домаќинство за 36,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,176 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 25,206 денари за килограм.

Како причина за намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 6,85 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,94 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Популарно