ОГЛАС за вработување во Мепсо: Плата до 35.100 денари

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи (пречистен текст Објавен во службен весник на РМ број 167/2015 и измена и дополнување на ЗРО број 27/2016 член 5, 6, 7 и 8 од Колективниот Договор на Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје, (арх. бр. 026432 од 31. 10. 2013 година), и Одлуките бр. 025389 и бр. 025388 од 01. 09. 2016 година, за потреба од засновање на работен однос, Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје, објавува

mepso-1-1-600x400

ЈАВЕН ОГЛАС

За потреба од засновање на работен однос со 4 (четири работника за извршување на работи на неопределено време, во Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје.

Кандидатите, покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнуваат посебните услови за пополнување на следните работни места:

ДЕЛОВОДИТЕЛ во архива, служба за општи работи, Оддел за општи работи, Сектор за правни и општи работи со Средна стручна подготовка ССС IV степен, без работно искуство, 1 (еден) извршител за кое работно место нето

платата изнесува 26. 000, 00 денари.

ТЕХНИЧАР во Служба за комутациони мрежи, Оддел за телекомуникации, Сектор за ИТ и ТК со Средна стручна подготовка ССС IV степен, без работно искуство, 1 (еден) извршител, за кое работно место нето платата изнесува 28. 300, 00 денари.

ОПЕРАТОР во Служба за апликативен софтвер ,Оддел за ИТ, Сектор за ИТ и ТК со Средна стручна подготовка ССС IV степен, без работно искуство, 1 (еден) извршител за кое работно место нето платата изнесува 28. 300, 00 денари.

РЕФЕРЕНТ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДОКАЗИ во служба за експропријација, Оддел за имотно -правни работи, Сектор за правни и општи работи, со Високо стручна подготовка ВСС VI 1/1 степен или VI/ 180240 ВОК/ЕКТЦ со 2 (две)

години работно искуство 1 (еден) извршител, за кое работно место нето платата изнесува 35. 100, 00 денари.

Со пријавата, во која се наведува за кое работно место се аплицира, кандидатите треба да достават:

Кратка биографија (CV и писмо за мотивација

Доказ за завршено образование (во оригинал или копија заверена кај нотар)

Уверение за државјанство (копија

Доказ за работно искуство, со наведување на работното искуство и времетраењето на тоа искуство, издаден од компанија /институција/орган, со која се докажува дека лицето (кандидатот) со конкретен степен на стручна подготовка има стекнато работно искуство, вештини и слично во оргинал или копија заверена кај нотар) и Контакт телефон

Огласот трае 5 пет работни дена од денот на објавувањето не сметајќи го денот на објавувањето).

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавувањето во зависност од бројот на пријавените кандидати Работниот однос се заснова на неопределено време.

Работната недела трае 5 работни дена (од понеделник до петок), полното работно време изнесува 40 часа неделно со 8 работни часа дневно почетокот и завршетокот на дневното работно време е од 7, 45 часот до 08, 15 a заминување од работа од 15, 45 часот до 16, 15 часот со право на пауза од 30 минути во периодот од 10, 30 до 1 1, 00 часот.

Ненавремено доставените, како и некомплетните пријави, нема да се земат во предвид при разгледувањето.

Рокот за доставување на пријавите и документите на заинтересираните кандидати изнесува 5 (пет) работни дена ,сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето).

Сите апликации ќе бидат обработени со максимална доверливост.

За извршениот избор пријавените кандидатите ќе бидат известени во рок од 5 (пет) работни дена од денот на склучувањето на договорот за вработување со избраниот кандидат.

Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје нуди еднакви можности за вработување без оглед на пол, paca, возраст, политичко мислење, брачен статус, религија, етничка или национална припадност.

Потребните документи да се достават на адресата на АД МЕПСО Скопје, ул. Максим Горки" бр. 4 Скопје.

Краен рок за пријавување: 09.09.2016

Историската одлука на Вол Стрит: Првпат одобрени фондови кои инвестираат во биткоин

Американската Комисија за хартии од вредност по првпат одобри фондови со кои се тргува на берза, а кои директно инвестираат во биткоин.

Овој потег, кој беше најавен како значаен настан за секторот на дигитални средства, ќе го прошири пристапот до најголемата криптовалута на Вол Стрит и пошироко.

Тоа доведе до зголемување на вредноста на оваа валута.

Вредноста на биткоинот се зголеми веднаш по возбудата околу зголемената веројатност за одобрување на средствата, скокајќи за речиси 200 отсто од почетокот на минатата година, иако биткоинот останува околу 30 отсто под својот врв постигнат за време на бумот во 2021 година.

Цената на биткоинот е главно стабилна по објавувањето на одобрувањето на новите фондови, тргувајќи го близу највисокото ниво во последните две години од околу 46. 000 долари.

Регулаторите ги одобрија сите 11 апликации што чекаат за биткоин ETF, вклучувајќи ги BlackRock, Grayscale и Fidelity. Тие можат да започнат со тргување уште денеска.

Бизнис елитата од Македонија и Бугарија се собра во Скопје

Бугарија е петтиот најважен трговски партнер на Северна Македонија и нејзина втора најважна извозна дестинација. Бугарските директни инвестиции во државата изнесуваат вкупно 270 милиони евра. Во 2022 година, годишната двонасочна трговија надмина 1 милијарда евра.

Со цел оддржување и подобрување на меѓусебната соработка на компаниите, сопственици, директори, како и видни претставници на фирмите од двете земји во четвртокот во хотелот Александар Палас разменија искуства и можности за идна соработка.

 Бугарскиот амбасадор во Скопје Ангел Ангелов им се заблагодари на генерациите активисти кои го основаа, развиваа и зајакнаа МБСК. Тој изрази надеж дека со нејзината амбициозна програма новоизбраната претседателка на МБСК Билјана Митева ќе ја направи институцијата „поживописна, подинамична и многу поотворена за сите економски субјекти, што ќе ги зајакне односите меѓу Бугарија и Северна Македонија“.

Митева во говорот на настанот посочи: „Имам голема одговорност бидејќи Македонско-бугарската стопанска комора која постои од 2011 година има многу успешни проекти. За да истите бидат надминати ќе биде потребна поголема соработка меѓу бизнисите и јавните институции во нашите две земји и што поскоро да се отстранат сите бариери за бизнисот“.

Шефот на трговската служба на бугарската амбасада Красимир Драгнев на состанокот рече дека на 7 декември во Софија ќе се одржи бугарско-македонски бизнис форум на иницијатива на министерствата за надворешни работи на двата соседи. Сличен настан минатата година се одржа во Скопје. Ја отворија тогашните министри за надворешни работи Николај Милков од Бугарија и Бујар Османи од Северна Македонија.

Овој пат, МБСК ќе биде главниот партнер во составувањето на деловната делегација од Северна Македонија.

Цените на нафтата на светско ниво паднаа втора недела по ред

На светските берзи цените на нафтата паднаа и минатата недела, вторпат по ред, бидејќи не е нарушена понудата од Блискиот Исток, а побарувачката може да падне поради слабоста на најголемите светски економии.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 6,2 отсто, на 84,90 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 5,9 отсто, на 80,50 долари.

Конфликтот меѓу палестинската организација Хамас и Израел досега не го наруши снабдувањето со нафта од Блискиот Исток. „Нафтениот пазар ќе внимава на знаци на ескалација на тензиите на Блискиот Исток, особено на границата со Либан, со оглед на честите напади на Хезболах“, рече Фиона Цинкота од Сити Индекс.

Доколку конфликтот се прошири во регионот, може да дојде до прекин на испораките на нафта . Но, тоа сè уште не е случај. „Конфликтот во моментов е на втор план за пазарот бидејќи не влијаеше значително ниту на побарувачката ниту на прекинот на понудата“, вели Џон Килдаф, партнер во Again Capital.

Трговците минатата недела беа фокусирани на монетарната политика. По агресивното зголемување на каматните стапки во последната година и половина, американската централна банка ФЕД, како и британската, минатата недела ги оставија каматните стапки непроменети.

Со оглед на тоа што инфлацијата во западните земји постепено се намалува, на пазарите преовладуваше тезата дека циклусот на покачување на каматните стапки е завршен.

Тоа ги поддржа цените на нафтата во средината на неделата, но подоцна цените паднаа бидејќи низа податоци покажаа дека растот во најголемите светски економии забавува, што ќе ја ослаби побарувачката за „црното злато“.

Така, извештајот, објавен во петокот, покажа дека вработеноста во САД ослабела во октомври, додека платите пораснале помалку отколку во септември, што најавува слабеење на побарувачката.

Ова го најавуваат податоците кои укажуваат на забавување на растот на економијата на еврозоната.

Трговците беа загрижени и од неочекуваниот пад на активноста во кинеската индустрија во октомври. И низа други податоци покажаа дека кинеската економија, најголемиот увозник на нафта во светот , расте побавно од проценетото. По минатонеделниот пад на лондонскиот пазар, цената на барелот сега е во минус во однос на почетокот на годината за околу 1 отсто, додека на американскиот пазар се уште е во плус, но само околу 0,3 отсто.

Популарно