ОГЛАС за вработување во Водостопанство на Р. Македонија - 60 работни места!

Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работните односи(Служ6ен весник на Република Македонија бр. 167/2015 и 27/1 6), a во врска со Одлуката за потреба од засновање работен однос 6р. 02042561 од 27. 07. 2016 година. Главниот извршен директор на Акционерско друштво Водостопанство на Република Македонија, во државна сопственост. Скопје објавува

ministerstvo-za-zamjodelstvo-sumarstvo-vodostopanstvo

ЈАВЕН ОГЛАС

Акционерско друштво Водостопанство на Република Македонија, во државна сопственост, Скопје има потреба од засновање на работен однос на определено време со работници за следните работни места:

Подружница Полог Гостивар:

1. Дваесет (20) лица на работно местоВодари (за периодот до 30. 09, 2016 година) Со завршена ССС или НКВ. без работно искуство. Основна плата за работното место е 12, 000. 00 денари.

2. Две (2) лица на работно местоСоработник за правни работи (за периодот до 31. 12. 2016 година) Со завршен ВСС V11/1 степен или стекнато 240 кредити според ЕКТС - Правен факултет со или без работно искуство. Основна плата за работното место е 23, 200. 00 денари.

3. Две (2) лица на работно местоИнжинер за слив и хидроуличка целина (за периодот до 31 .12. 2016 година) Со завршен ВСС VII/1 степен или стекнато 240 кредити епоред ЕКТС - Земјоделски или Градежен факултет со или без работно искуство. Основна плата за работното место е 24, 000. 00 денари.

4. Две (2) лица на работно местоСоработник за финансиско работење и планирање на буџет (за периодот до 31 1 2. 201 6 година) Со завршен ВСС VI 1/1 степен или стекнато 240 кредити според ЕКТС - Економски факултет со или без работно искуство. Основна плата за работното место е 23. 200. 00 денари.

Подружница Тиквеш Кавадарци:

1 Петнаесет (15) лица на работно место - Редоводари за периодот до 15. 12. 2016 година) Со завршена ССС или НКВ, без работно искуство. Основна плата за работното место е 10, 800. 00 денари. Подружница Црн Дрим Охрид:

1. Две (2) лица на работно место Општи работници за чистење и одржување на ХМС (за подрачјето на Велмеј и Лешани) (за периодот до 31. 10. 2016 година) Со завршено основно образование. без работно искуство. Основна плата за работното место е 10, 800. 00 денари.

2. Две (2) лица на работно место Општи работници за чистење и одржување на ХМС (за подрачјето на Мешеишта и Волино) (за периодот до 31. 10. 2016 година) Со завршено основно образование. без работно искуство. Основна плата за работното место е 10, 800. 00 денари.

3. Две (2) лица на работно место Општи работници за чистење и одржување на ХМС (за подрачјето на Косел и Лакочереј) (за периодот до 31 .10. 2016 година) Со завршено основно образование. без работно искуство. Основна плата за работното место е 10, 800. 00 денари.

4. Едно (1) лице на работно место Општ работник за чистење и одржување на ХМС (за подрачјето на Корошишта и Џепин) (за периодот до 31. 10. 2016 година) Со завршено основно образование. без работно искуство. Основна плата за работното место е 10, 800. 00 денари.

5. Едно (1) лице на работно место Општ работник за чистење и одржување на ХМС (за подрачјето на Вевчани и Октиси) (за периодот до 31. 10. 2016 година) Со завршено основно образование, 6ез работно искустѕо. Основна плата за работното место е 10, 800, 00 денари.

6. Две (2) лица на работно местоОпшти работници за чистење и одржување на ХМС (за подрачјето на Подгорци) (за периодот до 30. 09. 2016 година) Со завршено основно образование. без работно искуство. Основна плата за работното место е 10, 800. 00 денари.

7. Две (2) лица на работно место Општи работници за чистење и одржување на ХМС (за подрачјето на Бигор и Доленци) {за периодот до 31 .10. 2016 година) Со завршено основно образование. без работно искуство. Основна плата за работното место е 10, 800. 00 денари.

Подружница Јужен Вардар Гевгелија:

1. Две (2) лица на работно место Оператор на главен испуст (за периодот до 31. 10. 2016 година) Со завршено основно о6разование, 1 (една) година работно искуство.

Основна плата за работното место е 11 ,933. 00 денари.

Подружница Брегалница Кочани:

1. Две (2) лица на работно место Водари (за периодот до 31 .10. 2016 година) Со завршено основно образование. без работно искуство Основна плата за работното место е 15, 842. 00 денари.

Акционерско друштво Водостоланство на Република Македонија. во државна сопственост. Скопје има потреба од засновање на работен однос на неопределено време со работници за следните работни места:

Подружница Тиквеш Кавадарци:

1. Две (2) лица на работно место Оператор на испусти Со завршено основно образование. без работно искуство. Основна плата за работното место е 11 ,400. 00 денари.

2. Едно (1) лице на работно место Помошник за брза интервенција Со заершена ССС (III или IV степен), 3 години работно искуство во поправка на опрема и објекти од системот. Основна плата за работното место е 14, 900. 00 денари.

3. Едно (1) лице на работно лицеОператор на пумпа Со завршена ССС (III или IV степен) електро или машинска насока, 3 години работно искуство во работа на хидромеханичка опрема.

Основна плата за работното место е 14, 900. 00 денари.

4. Едно (1) лице на работно местоОператор на отсек/одделение Со завршен ВСС VII/1 степен или стекнато 240 кредити според ЕКТС - Земјоделски или Градежен факултет. 5години работно искуство.

Основна плата за работното место е 21, 700. 00 денари.

Работниот однос се заснова со полно работно време. со неделно работно време од 40 часа.

Дневното работно време трае 8 часа и започнува од 07,30 до 15, 30 часот со пауза од 30 минути.

Со пријавата кандидатите треба да достават: - Пријава;

- Копија од лична карта;

- Доказ за завршено образование оригинали или копија заверена на нотар);

- Доказ за работно искуство за работно место за кое се бара работно искуство;

- Уверение за државјанетво (копија);

- Контакт телефон.

Огласот трае' 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето, не сметајќи го денот на објавување.

Заинтересираните кандидати пријавите со потребните документи за исполнување на посебните услови по овој оглас можат да ги достават непосредно до архивата на Акционерско друштво Водостопанство на Република Македонија, во државна сопственост, Скопје, ул. „3та Македонска Бригада, 6р, 10 a Скопје или по пошта. со назнака „ЗА ОГЛАС„. Телефон за контакт 023161168, лице за контакт Елеонора Милкова.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавувањето во зависност од бројот на пријавените кандидати за наведеното работно место.

Ненавремено доставените. какои некомплетните лријави нема да се земаат во предвид при разгледување. АД „Водостопанство на РМ" - Скопје Главен извршен директор Ромео Тренов

Краен рок за пријавување: 06.08.2016

Историската одлука на Вол Стрит: Првпат одобрени фондови кои инвестираат во биткоин

Американската Комисија за хартии од вредност по првпат одобри фондови со кои се тргува на берза, а кои директно инвестираат во биткоин.

Овој потег, кој беше најавен како значаен настан за секторот на дигитални средства, ќе го прошири пристапот до најголемата криптовалута на Вол Стрит и пошироко.

Тоа доведе до зголемување на вредноста на оваа валута.

Вредноста на биткоинот се зголеми веднаш по возбудата околу зголемената веројатност за одобрување на средствата, скокајќи за речиси 200 отсто од почетокот на минатата година, иако биткоинот останува околу 30 отсто под својот врв постигнат за време на бумот во 2021 година.

Цената на биткоинот е главно стабилна по објавувањето на одобрувањето на новите фондови, тргувајќи го близу највисокото ниво во последните две години од околу 46. 000 долари.

Регулаторите ги одобрија сите 11 апликации што чекаат за биткоин ETF, вклучувајќи ги BlackRock, Grayscale и Fidelity. Тие можат да започнат со тргување уште денеска.

Бизнис елитата од Македонија и Бугарија се собра во Скопје

Бугарија е петтиот најважен трговски партнер на Северна Македонија и нејзина втора најважна извозна дестинација. Бугарските директни инвестиции во државата изнесуваат вкупно 270 милиони евра. Во 2022 година, годишната двонасочна трговија надмина 1 милијарда евра.

Со цел оддржување и подобрување на меѓусебната соработка на компаниите, сопственици, директори, како и видни претставници на фирмите од двете земји во четвртокот во хотелот Александар Палас разменија искуства и можности за идна соработка.

 Бугарскиот амбасадор во Скопје Ангел Ангелов им се заблагодари на генерациите активисти кои го основаа, развиваа и зајакнаа МБСК. Тој изрази надеж дека со нејзината амбициозна програма новоизбраната претседателка на МБСК Билјана Митева ќе ја направи институцијата „поживописна, подинамична и многу поотворена за сите економски субјекти, што ќе ги зајакне односите меѓу Бугарија и Северна Македонија“.

Митева во говорот на настанот посочи: „Имам голема одговорност бидејќи Македонско-бугарската стопанска комора која постои од 2011 година има многу успешни проекти. За да истите бидат надминати ќе биде потребна поголема соработка меѓу бизнисите и јавните институции во нашите две земји и што поскоро да се отстранат сите бариери за бизнисот“.

Шефот на трговската служба на бугарската амбасада Красимир Драгнев на состанокот рече дека на 7 декември во Софија ќе се одржи бугарско-македонски бизнис форум на иницијатива на министерствата за надворешни работи на двата соседи. Сличен настан минатата година се одржа во Скопје. Ја отворија тогашните министри за надворешни работи Николај Милков од Бугарија и Бујар Османи од Северна Македонија.

Овој пат, МБСК ќе биде главниот партнер во составувањето на деловната делегација од Северна Македонија.

Цените на нафтата на светско ниво паднаа втора недела по ред

На светските берзи цените на нафтата паднаа и минатата недела, вторпат по ред, бидејќи не е нарушена понудата од Блискиот Исток, а побарувачката може да падне поради слабоста на најголемите светски економии.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 6,2 отсто, на 84,90 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 5,9 отсто, на 80,50 долари.

Конфликтот меѓу палестинската организација Хамас и Израел досега не го наруши снабдувањето со нафта од Блискиот Исток. „Нафтениот пазар ќе внимава на знаци на ескалација на тензиите на Блискиот Исток, особено на границата со Либан, со оглед на честите напади на Хезболах“, рече Фиона Цинкота од Сити Индекс.

Доколку конфликтот се прошири во регионот, може да дојде до прекин на испораките на нафта . Но, тоа сè уште не е случај. „Конфликтот во моментов е на втор план за пазарот бидејќи не влијаеше значително ниту на побарувачката ниту на прекинот на понудата“, вели Џон Килдаф, партнер во Again Capital.

Трговците минатата недела беа фокусирани на монетарната политика. По агресивното зголемување на каматните стапки во последната година и половина, американската централна банка ФЕД, како и британската, минатата недела ги оставија каматните стапки непроменети.

Со оглед на тоа што инфлацијата во западните земји постепено се намалува, на пазарите преовладуваше тезата дека циклусот на покачување на каматните стапки е завршен.

Тоа ги поддржа цените на нафтата во средината на неделата, но подоцна цените паднаа бидејќи низа податоци покажаа дека растот во најголемите светски економии забавува, што ќе ја ослаби побарувачката за „црното злато“.

Така, извештајот, објавен во петокот, покажа дека вработеноста во САД ослабела во октомври, додека платите пораснале помалку отколку во септември, што најавува слабеење на побарувачката.

Ова го најавуваат податоците кои укажуваат на забавување на растот на економијата на еврозоната.

Трговците беа загрижени и од неочекуваниот пад на активноста во кинеската индустрија во октомври. И низа други податоци покажаа дека кинеската економија, најголемиот увозник на нафта во светот , расте побавно од проценетото. По минатонеделниот пад на лондонскиот пазар, цената на барелот сега е во минус во однос на почетокот на годината за околу 1 отсто, додека на американскиот пазар се уште е во плус, но само околу 0,3 отсто.

Популарно