ОСТАВИ ГОЛЕМО БОГАТСТВО: Кој ќе ги наследи милионите на Џорџ Мајкл, листата на можни наследници е долга

„Дејли мирор“ пишува дека се очекува најголемиот дел од богатството на славниот пејач, кое се проценува на 100 милиони фунти, да отиде кај децата на неговите пријатели, на кои Мајкл им бил кум.

Џорџ Мајкл по смртта остави огромно богатство. Британските медиуми веќе почнаа да шпекулираат кој ќе ги наследи неговите милиони.

„Дејли мирор“ пишува дека се очекува најголем дел од богатството на славниот пејач, кое се проценува на 100 милиони фунти, да отиде кај децата на неговите пријатели, на кои Мајкл им бил кум.

Пејачот беше кум на Роман и Харли Мун Кемп, деца на Мартин Кемп, басист на групата „Спандау балет“. Се очекува дека дел од парите ќе наследи и Блубел, ќерката на поранешната „спајс-девојка“ Џери Халивел, која е кумашинка на поранешното момче на Џорџ Мајкл, Кени Гос.

Се претпоставува дека во тестаментот како наследници ќе бидат именувани и постарите сестри на Мајкл, Мелани и Јиода, неговото момче Фади Фаваз, како и децата на неговиот роднина Андрос, на кои исто така им беше кум.

Џорџ Мајкл долги години имаше соработка со многубројни хуманитарни организации кои, исто така, би можеле да добијат дел од неговото богатство.

Џорџ Мајкл поседувал најмалку четири имоти - куќата во Оксфордшир каде што почина, вила во Лондон и раскошни куќи во Њујорк и во Сиднеј.

(ВИДЕО) Бени одлучи да не се курчи веќе

„Немој да се курчиш“ е новата песна на Бени „Нон стоп. Видеото што вчера го промовира на каналот „Јутјуб“ е снимано во една работилница за заварување кај чичко Кадри во Ресен. Спотот го режира Чедо Поповски.

Насловот на песната, а и самата нејзина поента, е со посебна приказна.

„Со оглед на ситуацијата во која живееме мораше да излезе оваа песна. Знаеш, сите нешто се замислуваат, а гладни и боси се до бога. Ете затоа и морав да ја направам оваа песна зашто сите на крајот нѐ чека по два кубика земја“, вели Бени Шаќири. Тој во разговорот ни откри дека отсекогаш застапувал теза дека никој не е вечен. Вели дека се надева оти сето тоа успеал да преточи во песна. „Дали успеав или не, ќе покаже времето. Кај нас владее една манија дека сѐ што ќе излезе мора да е хит. Е, па, не мора да е така“, искрен е Бени.

Тој е 17 години на музичката сцена. Вели дека треба да си доволно луд да опстанеш овде како музичар, но сепак на крајот од денот вели дека верува во она што го работи.

Сѐ погласен беше на улиците со „Нема правда, нема мир“. Дел од шарената револуција, каде што гласно го искажуваше своето незадоволство од претходната власт. Во еден свој статус на социјалните мрежи во пресрет на Суперкупот вели: Овие што утре ќе играат заедно немаат толку заработено колку што нашиве искрадоа“.

„Додека го следев фудбалот, некаде слушнав дека во моментот 6 милијарди евра се на теренот. Си велам, ова е гола вода во споредба со тоа колку пари се украдени. И ова може на прва звучи смешно, но навистина е многу тажно“, вели Бени. И додава, замисли да не беа украдени тие пари и да останеа тука, ќе бевме пристојно европско општество“. Таткото на двете деца, Мик и Бен, вели дека сѐ што прави, прави за нив. Дека никогаш нема да ги тера да го работат она што не го сакаат и дека тие се центарот не неговиот свет. За октомври најавува нова песна, а вели дека во план е и цеде на кое ќе бидат сите негови теми.

Александра Георгиев

Тајчи го пееше хитот „Хајде да лудујемо“ - денес е пред најтешката животна драма

Татјана Матејаш Камерон, попозната како Тајчи, беше голема ѕвезда во поранешна Југославија, која се прослави со хитот  „Хајде да лудујемо“.

Кога започна војната во Хрватска, Тајчи одлучи да оди на студии во САД, каде продолжи со музичко и сценско усовршување, појавувајќи се повремено во мјузикли во Лос Анџелес. Таму го запознава пијанистот и композитор Матју камерон за кого се мажи во 2000 година, а денес пее во цркви.

Таа живее со сопругот и децата во Охајо, но сега е пред животна драма. Сопругот Метју веќе некое време води битка за животот. откако му е дијагностициран рак на белите дробови.

Лекарите за жал му предвидуваат дека ќе живее уште само една година.

ВИДЕО: Ова е новата млада македонска ѕвезда која ги освои сите срца

Во шоуто „Неки Нови Клинци“ оваа година среќата си ја проба нашиот македонец Петар Јанев.

Македонците оваа година ги собраа сите награди од продукцијата „Гранд“, почнувајќи од шоуто за повозрасните „Никад није касно“ каде победи Христос Елинидис, до Ристе Ристески и „Ѕвездите на Гранд“, за на крај Благица Ѕунѕуровска да тријумфира во „Неки Нови Клинци“.

Во продолжение слушнете ја песната Дијана љубави во изведба на Петар Јанев.

Популарно