Оставката на премиерот ќе важи 100 дена пред изборите

Утре до претседателот на Собранието ќе испратам писмо со мојата оставка, која ќе биде ефективна 100 дена пред официјалното одржување на изборите, изјави вечерва македонскиот премиер Никола Груевски. Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ во целот ги исполнило условите од договорот од Пржино.

ngruevskidograganite

„Ова е важен чекор за мојата верба во вас, граѓаните на Македонија. Мојот план е да бидам постојано со вас, да споделуваме идеи и планови проекти и чекори што дополнително да направиме, заеднички ќе обзнаниме една нова ера, визија за подобра иднина. Јас верувам во вас и во Македонија. Одиме напред, заедно рамо до рамо, секој ден до денот на изборите, кога гордо ќе кажеме дека успеавме“, рече Груевски во говорот во кој ја најави оставката.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно