Ова биле последните зборови на пилотот од рускиот авион

Откако беше пронајдена една од црните кутии на рускиот авион кој се сруши, сега е објавено и кои биле последните зборови на екипажот пред големата трагедија.

На снимката од кутијата се слуша како капетанот Роман Волков неколку секунди пред трагедијата вели "Проклетство", додека неговиот копилот вели, "Команданте ние паѓаме".

Раша Тудеј соопшти дека се чека конечното соопштение.

Денеска биле извлечени уште 2 тела, со што бројот се искачи на 15.

ВИДЕО: Москва не е нападната на ИСИС борци

Таксист, кој вчера налета меѓу луѓе на тротоар во центарот на Москва, близу до Црвениот плоштад, не бил под дејство на аклохол, туку заспал на волан, соопштила извор одслужбата за вонредни ситуации.

Во тој инцидент повредени се осумина, навивачи кои дошле на Мундијалот.

Извори за агенцијата Тас с рекле дека таксистот е од Киргизија.

Во Русија престојува легално и дека ги има сите неопходни документи за работа.

Агенцијата Интерфакс наведува дека таксистот заспал за време на возење и случајно притиснал на гас.

Возачот е приведен и спроведен во локалната полициска станица.

РИА Новости пренесуваат, таксистот рекол дека немал намера да налета меѓу луѓето.

Како што пренесува Интерфакс, никој од повредените не е во критична состојба, само една жена се здобила со повреди.

Ројтерс наведува дека хоспитализирани се двајца Мексиканцим двајца Руси и еден Украинец.

Почна војната меѓу САД и Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера воведе царини од 25% на увозот на кинеска стока во вредност од 50 милијарди долари.

"САД ќе воведат и дополнителни тарифи ако Кина примени контрамерки", стои во соопштението од Белата куќа.

Тарифите ќе се применат на вкупно 1.102 производи и ќе бидат поделени во два дела, потврди Белата куќа.

Првата рунда тарифи ќе се примени на увозот на 818 кинески производи во вредност од 34 милијарди долари, почнувајќи од 6 јули, а втората ќе се однесува на 284 производи во вредност од 16 милијарди долари, објави „Гардијан".

Во соопштението стои дека наводните мерки ќе ги погоди кинеските стоки „што содржат значајни индустриски технологии".

Трамп неодамна вети дека ќе го казни Пекинг за, како што рече, незаконските трговски пракси и крадење на американска интелектуална сопственост.

Кина набрзо потоа одговори дека планира да воведа тарифи од сличен обем и интензитет како одговор на САД.

„Кина не сака трговска војна, но кинеската страна нема друг избор освен остро да се спротистави на ова, поради кратковидното однесување на САД што ќе им наштети и на двете страни", стои на веб-страницата на Министерството за трговија на Кина.

Видео од Белата куќа за Ким има голема грешка – да го знаел ова Трамп не би ја ни покажал

Во обид да го убеди Ким Џонг-ун да го потпише договорот, Доналд Трамп во Сингапур му покажал промотивно видео.

Белата куќа на својот Фејсбук профил го објавила видеото за да му покаже на лидерот на Северна Кореја какви се преспективи ќе донесе за економијата во неговата земја ако се сврти кон изолационизмот и развие врска со остатокот од светот.

Кога нараторот зборувал за странските инвестиции и напредните технологии, видеото покажувало линија за склопување автомобили, кои биле премногу слични на руската Лада Приорас.

Зошто авторите на видеото наменето за промоција избрале руски произведувачи наместо свои останува мистерија.

Популарно