Ова е најдбрата диета според докторите

Според мислењето на 22 доктори и психолози кои се членови на жирито во изборот на најдобра диета на годината, за диета – победник за 2015 година е прогласена, веќе шестта година последователно, диетата наречена Даш. Второто место и припадна на Медитеранската диета, а третото на диетата на клиниката Мајо и Веит Вочерс (двете популарни диети го делат третото место).

Комбинацијата од протеините, овошјето, зеленчукот и житариците, која што се препорачува во рамките на диетата “DASH” или “Dietary Approaches to Stop Hypertension”, го воодушевила жирито од 22 доктори и психолози.

Првичната цел на оваа диета е намалувањето на крвниот притисок, а покрај тоа, станува збор за диета која има висока прехранбена вредност, односно ја нуди најдобрата комбинација од нутриенти од сите модерни диети.

Така, оваа диета содржи многу Б12 и калиум, состојки кои што се ретко присутни ка поголемиот дел на диети. Исто така, се препорачуваат помали количини на сол, не повеќе од 1,5 грама за луѓето постари од 51 година.

Авторка на диетата е американската нутриционистка Марла Хелер, која планот за исхрана го организирала во две фази, па така, додека поголемите диети имаат штетно влијание врз целокупното здравје, оваа диета претставува револуционерен начин на слабеење.

Хелер објаснила дека суштината на диетата е концентрирањето на типот на храната кој се внесува во организмот, па така, најважно е да се одберат немасни протеини и здрави маснотии, кои што даваат чувство на заситеност и го контролираат апетитот.

Затоа не треба премногу да се размислува за јадењата кои што треба да ги избегнуваат оние кои што ќе се одлучат да ја применат диетата “DASH”.

Две фази за намалување на конфекцискиот број

Се со цел да се постигне посакуваната цел, рамниот стомак, намалувањето на крвниот притисок и забрзувањето на метаболизмот, неопходно е луѓето строго да се придржуваат до двонеделниот план за исхрана, а потоа да се продолжи со втората фаза.

Она што е особено важно е тоа што во текот на првите 14 дена, луѓето мораат да се воздржуваат од внесот на јаглехидрати, па така, во текот на првите две недели, не смее да се јаде овошје и житарици од цели зрна, додека пак протеините, односно немасното месо и рибата, зеленчукот кој не содржи скроб, сирењето со помала количина на масти и јаткастите плодови, се и тоа како добредојдени.

Во втората фаза започнува воведувањето во исхраната на житариците од цели зрна, овошјето и зеленчукот кој содржи скроб. Луѓето најчесто слабеат повеќе од два килограми во текот на две недели, односно помеѓу 4,5 и 15 килограми во периодот од два месеци.

Диетата, како што навела и самата авторка, пред се ги отстранува масните наслаги околу стомакот, кои се резултат на внесот на преголеми количини на јаглехидрати.

Корисни совети

Консумирајте намерници богати со протеини, а во оваа група спаѓаат немасното месо, рибата и преработените производи, гравот, леќата, сојата, намази со ниско ниво на масти, јајца, незасладен јогурт

Внесувајте намерници кои содржат омега-3 и незаситени масти, како што се авокадото, растителните масла, особено маслиновото масло, како и маслото од јаткастите плодови.

Избегнувајте ја храната богата со скроб, освен гравот. Значи, одбегнувајте го консумирањето на леб, тестенини, компир, ориз, сите намерници пржени во тесто, слатки јадења, во кои што е вклучено и овошјето, без оглед на тоа дали е свежо, смрзнато, сушено или конзервирано. Секако, се препорачува и одбегнување на алкохолот, пијалаците со кофеин и млекото.

Над 400 приватни специјализанти стапија во штрајк

Над 400 приватни специјализанти изутринава стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски на скопските клиники и останатите болници и амбуланти низ државава. Тие бараат зголемување на надоместот што им се исплаќа  во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело. Штрајкот ќе го прекинат, како што најавија, само доколку добијат писмена гаранција за исполнување на барањата. 

- За жал, се решивме на овој чекор бидејќи Министерството за здравство нема слух за решавање на нашите проблеми,  изјави доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, трета година. 

Таа потсети дека по протестот во март, имале средба со министерот за здравство на која им било ветено дека нивните барања ќе се најдат на седница на Влада., но  дека засега немаат никаков одговор. 

Како што соопшти Илиоска Чешлароска, добиле повик од претставник во Министерството за здравство и им било кажано дека денеска во 14 часот  ќе се одржи средба во Влада.

-Петмина наши претставници ќе бидат на таа средба, но, немаме информација кој се ќе присуствува и дали ќе бидат прифатени нашите барања. Штрајкот продолжува, се додека не добиеме писмена официјална гаранција дека барањата ќе бидат исполнети, нагласи Илиоска Чешлароска.

Тамара Пејоска, специјализант на пластична и реконструктивна хирургија, прва година, рече дека работно максимално се посветуваат, а се ставени во разочарувачка деградирачка позиција. На протестот беше нагласено и дискриминирањето при остварување на мајчинство и породилно отсуство, бидејќи тогаш се укинува надоместот. Сите овие луѓе, беше кажано на протестот, имаат желба да останат во државата, да работат и да се грижат за пациентите.

ИЈЗ: Нови 44 случаи на голема кашлица од 5 до 11 април, вкупно 443 заболени

Нови 44 случаи на голема кашлица се пријавени од 5 до 11 април, со намалување од 10,0 отсто споредено со претходниот седмодневен период. Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје. Пријавени се случаи и во Битола - четири и по еден случај во Куманово, Кратово и во Крива Паланка. Возраста на заболените се движи од еден месец до 75 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 10 до 14 години. Од новите 44 случаи, два се хоспитализирани, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.

- Заклучно со 11 април, во Северна Македонија се регистрирани вкупно 443 случаи на голема кашлица, со инциденца од 24,1/100 000 жители. По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје - 355 или 80,1 отсто со зафаќање на шеснаесет различни општини. Од територијата на ЦЈЗ Куманово се пријавени 25 лица, од ЦЈЗ Битола 19, 17 лица од ЦЈЗ Тетово, од ПЕ Гостивар - пет и од ЦЈЗ Кочани и ПЕ Кратово по три случаи. По два случаја се регистрирани во Крива Паланка, Дебар, Струга, Пробиштип, Велес и во Струмица, а по еден случај е регистриран од Кичево, Прилеп, Кавадарци и од Гевгелија, пишува во извештајот.

Од вкупниот број регистрирани случаи - 433, 263 или 59,4 проценти не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани, просек на поминато време од последната доза вакцина до заболување, изнесува 12,9 години.

Од заболените, хоспитализирани се 60 лица и тоа 49 од нив на возраст до четири години.

Дадени се вкупно 39.031 доза вакцина што содржи компонента против голема кашлица во периодот од 18 јануари до 11 април. 

Овие намирници го зајакнуваат имунитетот и ги ублажуваат симптомите

Иако пролетта носи многу прекрасни работи и позитивна енергија, луѓето кои страдаат од алергии се на мета на алергиите и така започнува нивната агонија. Алергиите се резултат на преосетливост на имунолошкиот систем, што предизвикува ослободување на штетни хистамини. Тие можат да влијаат врз целото тело, особено на кожата, очите, носните прооди и белите дробови.

Симптомите на алергија се јавуваат кога вашето тело реагира на алергените во телото со производство на хемикалијата наречена хистамин која помага да се потисне алергенот. Имуниот систем предизвикува алергиска реакција преку производството на антитела на имуноглобулин Е (IgE) кои предизвикуваат широко распространети симптоми.

Пример симптоми

- течење на носот, сугреб, чешање, затнат нос

- исип на кожата, црвенило, сувост, лупење или чешање

- печење или чешање во устата и усните

- отекување на јазикот, усните, грлото или лицето

- гадење и повраќање

- грчеви во стомакот

- кашлица

Овие се најдобрите прехранбени продукти кои треба да ги вклучите во својата исхрана за да се справите со алергиите:

1. Белиот лук

Природен антибиотик кој помага во борбата против инфекции, вируси, дури и алергии. Дневното консумирање или цедење на сок од две сурови чешки од овој моќен антиоксидант може да го засили имунитетот.

2.Лимон и лимета

Одлични за засилување на имунитетот и се користат за разни заболувања, вклучувајќи ги и алергиите, бидејќи се полни со витамин C и антиоксиданти кои го засилуваат имунитетот. Водата со лимон го прочистува телото од нечистотии. Помешајте сок од лимон со маслиново масло како дресинг за салата.

3. Зелените лисни зеленчуци

Спанаќ, кељ, зелка и рукола се одличен извор на важни витамини, минерали, антиоксиданти и ензими кои помагаат во детоксикацијата и намалувањето на воспалението.

4. Храна богата со пробиотици

Пробиотичката храна (кефир, кисело млеко, кимчи, јогурт, сирење, мисо и комбуха) го подигнуваат имунитетот и може да помогнат во регенерацијата на оштетената цревна мукоза.

5. Кокосово млеко

Најдобрата алтернатива на кравјото млеко, бидејќи не содржи млечни производи, лактоза, соја, ореви и житарки.

6. Путер од бадеми и семки

За луѓе алергични на кикиритки и путер од кикиритки, путерот од бадеми е безбедна и здрава алтернатива која обезбедува здрави незаситени масни киселини, влакна, минерали како и рибофлавин и магнезиум, па дури и некои антиоксиданти.

7. Ленено семе, чија, семе од тиква и сончогледово семе

Одлични извори на здрави масти и влакна.

8. Коприва

Листот на коприва природно ги контролира хистамините, затоа се препорачува од страна на се повеќе лекари да се земе лиофилизиран препарат пред почетокот на сезоната на поленова грозница. Може да се користи и како чај или во форма на тинктура, вклучувајќи и хомеопатски лекови.

Популарно