Ова е наједноставниот начин да го купите она што ви треба за најниска цена во Македонија!

Автомобил, телефон или компјутер, сето тоа за многу кратко време и на многу едноставен начин можете да го најдете на интернет порталот najdioglas.mk .

Овој интернет огласник постои повеќе од 5 години, а на неа можете да најдете најразлични производи и нови и користени.

Според официјалните податоци на Alexa.com, станува збор за еден од најбрзите интернет сајтови и најбрз интернет огласник во Македонија.

unnamed (1)

Najdioglas.mk е единствениот интернет огласник во Македонија кој има прилагодена мобилна верзија на сајтот, каде корисниците можат да прегледуваат, но и да огласуваат производи од својот мобилен телефон.

unnamed

Najdioglas.mk 2010 година беше првиот интернет сајт за огласи кој воведе можност фирмите да креираат сопствени продавници за корисниците со сопствен и уникатен поддомен ( ime-na-firma.najdioglas.mk ), каде што се прикажуваат само огласите од продавницата.

На Najdioglas.mk може да огласуваат физички, но и правни лица. Огласувањето е бесплатно, но за поефикасно тргување овој портал нуди и премиум услуги:

На пример  Премиум оглас

- Тој е различен од стандардните огласи. Се појавува со различна позадинска боја и ротира на почетната страница во десниот дел премиум огласи. Овие огласи имаат предност при пребарување

2. Автоматско обновување

       - Се обновува два пати дневно на 12 часа од секоја последна обнова во текот на една недела.

И опцијата ИТНО

       - На огласот се појавува ознака ИТНО. Овие огласи се лесно воочливи и имаат предност при пребарување.

Доколку сакате да купите или продадете нешто се надеваме дека ви помогнавме да го најдете виситнското место за тоа najdioglas.mk

Ќе се бришат милиони сметки на Gmail

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа.

Google уште во мај објави дека ќе започне со бришење на сметките кои се неактивни две или повеќе години.

Пред ова, компанијата би ја бришела само содржината зачувана на сметката, а не самата сметка. Промената би требало да ја зајакне безбедноста, бидејќи неискористените сметки се подложни на компромитирање.

Google соопшти дека бришењето ќе започне во декември 2023 година, што е само еден месец од сега.

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа. Технолошкиот гигант го започнува процесот во фази, почнувајќи со сметки кои се креирани и никогаш повеќе не се користат.

Одлуката за бришење се однесува само на личните сметки, но не ги вклучува сметките од организации како што се училишта и бизниси. 

Ватсап наредниве недели овозможува два профила на еден телефон

За луѓето кои имаат приватен и деловен профил на „Ватсап“ или пак два профила од иста природа, наскоро нема да им требаат два мобилни телефона.

Апликацијата ќе им овозможи на своите корисници да имаат два профила на еден уред. Но, условот е корисникот да има два телефонски броја или мобилниот телефон да поддржува е-СИМ или двојна т.е. повеќенаменска СИМ-картичка.

Од „Ватсап“ велат дека сега веќе нема да треба да се одјавите од еден профил за да влезете во друг, туку ќе биде овозможен истовремен пристап до двата профила. За тоа се бира опцијата „Сетингс“ во апликацијата, се кликнува на стрелката до името и се бира „Додај профил“.

Секој профил има посебни поставки за приватност, па може да се избере примање известувања само од една сметка. Ова е полезно доколку корисникот е на одмор и не сака да добива пораки од работа.

Годинава претходно на корисниците им беше дадена можност да пристапат до еден профил од повеќе уреди. Новото ажурирање ќе пристигне на уредите со „Андроид“ наредниве недели.

Икс воведува опции кои корисниците долго време ги посакуваа

Социјалната мрежа Икс почна да ја воведува услугата за аудио и видеоповици. Опциите може да се најдат во делот „Поставки“ за „Директни пораки“, а новите функции може и да се исклучат.

Оваа новина во август ја најави извршната директорка Линда Јакарино, истакнувајќи дека ова е само чекор во еволуцијата на платфрмата кон тоа да стане „апликација за секого“, исто како што напомна и сопственикот Илон Маск.

Корисниците ќе имаат можност да изберат опција за одобрување повици само од одредени корисници, по избор.   

Популарно