Ова е причината зошто пилотот ја загубил контролата и се урнал

Истрагата на руското Министерство за одбрана откри дека несреќата на авионот Ту-154 е предизвикана од човечка грешка и техничка грешка. Односно откажување на дел од опремата, по што авионот почнал да губи контрола, пренесува „RT“. Министерот за транспорт изјавил дека „воздухопловната опрема не работела како што треба“.

- Очигледно е дека опремата не работела како што треба. Зошто е тоа така ќе утврдат експерти. Формирана е техничка комисија која ќе ги испита сите детали на случајот. Резултати од истрагата може да очекуваат во јануари - изјавил Максим Соколов, шеф на истражната комисија која ја испитува причината за падот на рускиот авион.

Министерството за одбрана истакнало дека немало бомба во авионот, но дека се уште не се исклучува можноста за терористички напад, пренесува „TASS“.

Максим Соколов додал дека официјалните резултати од истрагата нема да бидат откриени се додека не се анализираат сите црни кутии од авионот ко јсе урна.

„TASS“ наведува дека сите остатоци од авионот кои се идентификуваи се извлечени од водата. Пронајдени се повеќе од 1800 делови од авионот, 19 тела и 239 делови од тела.

- На почетокот истрагата имаше 15 верзии, а сега има помалку од половина, - изјавил Сергеј Бајнетов директор на службата за безбедност на воздухопловни летови.

Во меѓувреме нуркачите ја пронашле и третата црна кутија од рускиот авион, а извори од полицијата изјавиле дека записот е оштетен, но дека е можно да се преземат некои податоци.

(ВИДЕО) Авганистан: Заврши опсадата на хотелот, заложниците бегаа со чаршави преку тераси

Авганистанските специјални сили го убија и последниот од тројцата напаѓачи кои вчера упаднаа во хотелот „Интерконтинентал“ во Кабул, со што завшија опсадата и заложничката драма.

За време на опсадата беа убиени пет заложници, а ранети беа шест лица, пренесе „Ројтерс“.

Групата напаѓачи со часови држеше заложници и им се спротиставуваше на силите за безбедност. Во првичните извештаи стоеше дека се работи за четворица напаѓачи, од кои двајца беа убиени синоќа.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Авганистан Наџиб Даниш рече дека бројот на жртви сепак бил помал отколку што првично се стравуваше, откако успешно беа евакуирани 153 луѓе, од кои 41 странец.

Дописникот на „Ројтерс“ од Кабул пренесе дека на дневна светлина се гледало како од хотелот излегува густ чад, а околу зградата биле распределени неколку оклопни возила на војската на САД опремени со тешка артилерија, како и единици на авганистанската полиција.

Нападот следеше само неколку дена откако Американската амбасада во Кабул излезе со предупредување за можни напади на хотели во градот. Засега никој нема преземено одговорност за нападот.

На снимките што се појавија на социјалните мрежи, направени додека траеше опсадата на хотелот, може да се видат заложници како се обидуваат да се спасат спуштајќи се со врзани чаршави по балконите на хотелот.

(ВИДЕО) Грчки демонстранти нападнаа Македонци кои ги гледаа протестите во Мелбурн

Грчка организација во Мелбурн вчера организирала протест под мотото „Не за продажба на името Македонија и Македонија секогаш ќе биде грчка“. На протестот со транспаренти и грчки знамиња, се извикувало „Македонија е грчка“, „Скопјани“, а учествувале над 2.000 луѓе.

За време на протестот група Македонци седеле во непосредна близина на Грчкиот конзулат.

Откако ги забележале демонстрантите настанала вербална и физичка пресметка. Веднаш интервенирала полицијата, ја разбила толпата со солзавец и за кратко време тензиите се смириле.

(ВИДЕО) КАБУЛ ВО КРВ: Ги киднапираа гостите, па почнаа да ги убиваат

Најмалку четворица напаѓачи вечерва упаднаа во хотелот „Интерконтинентал“ во главниот град на Авганистан, Кабул. Тие прво ги киднапирале гостите, а потоа почнале и да ги убиваат. 

Полицијата  го обиколила регионот и хотелот. Се стравува дека има голем број мртви.

Специјалците во секој момент треба  да влезат во хотелот.

Се претпоставува дека напаѓачите се Талибанци.

Хотелот „Интерконтинентал“ беше мета на напад на Талибанците во 2011 година, кога загинаа 21 човек, меѓу кои деветмина напаѓачи.

Пред пет дена две ракети го погодија дипломатскиот дел на Кабул. 

Авганистанците имаат проблеми со Талибанците кои сакаат да ја преземат власта во нивната земја, но и во Пакистан за да го воспостават шеријатскиот закон. 

Популарно