Жените важат за многу поромантични од мажите и често знаат да кажат дека би направиле се за љубовта или за идеалниот маж, но има нешто што им е поважно од тоа.
Според резултатите од истражувањето, жените најмногу ги усреќува нивната идеална тежина, додека прекумерната тежина предизвува тага, нерасположение и поголемо незадоволство дури и од самотијата.
Истражувањето кое е објавено во магазинот "Proceedings of the National Academy of Sciences reports" е спроведено во текот на цели 24 години (од 1984-та до 2008-ма година) над илјадници Германки. Резултатите покажуваат дека идеалната тежина е главен двигател за среќа во животот кај една жена, а ваквото задоволство не може да го замени ниту еден маж.
Стручните лица велат дека проблемот кој е врзан со прекумерната тежина добива толку големи размери што може да влијае скоро на секој аспект кај една жена. Според психологот Пам Спур, жените кои имаат вишок на килограми се оптеретени и константно мислат на својата тежина, а нажалост сите живееме во едно општество кога константно се оценува големината, обликот и привлечноста.
Од друга страна, да се биде без партнер повеќе и не е толку големо табу. Некој може да каже, "Да, таа е сама, но затоа е преубава".
"Таквата жена може да биде и многу осамена, но да поседува многу повеќе надеж од просечната жена", вели др Спур.