Пејачката Катерина се плаши за нејзиниот живот: Можев да бидам на местото на Јелена!

кате

Цела Србија останала шокирана од веста дека Јелена Крсмонвиќ Марјановиќ е пронајдена мртва покрај стазата за трчање во близина на населбата Црвенка.

Полицијата веќе утврдила дека се работи за брутално убиство, а колегите на Јелена и понатаму не можат да поверуваат што се случило.

Ни Катерина Живковиќ не може да уја сокрие тагата поради смртта на пејачката.

- И ајде сега после оваа трагедија да уживаме во „ безбеден“ џогинг покрај реката не размислувајќи додека слушалчките ни се во ушите дали нас некој одеднаш ќе не нападне, киднапира, силува... После оваа трагедија која многу ме потресе сакам да изразам огромно жалење и искрено сочуство до семејството на убиената Јелена! Почивај во мир драга колешке, напишала Катерина Живаковиќ на својот Истаграм профил.

Пејачката е во страв за сопствената безбедност.

- Се наежив кога слушнав дека трчала покрај реката бидејќи и јас тука џогирам, рекла Катерина за Информер,рс.

Никол Кидман ги изненади фановите со промена на имиџот

Оскаровката Никол Кидман се пофали со својата промена на имиџот на својот инстаграм-профил.

56-годишната актерка ја покажа својата нова боб-фризура заменувајќи ги препознатливите долги кадрици.

Обожавателите во коментарите го пофалија нејзиниот нов изглед, а многумина напишаа дека актерката изгледа помладо.

„Безвременски“, „Ја сакам твојата коса“, „Време беше“, „Изгледаш фантастично“, се дел од коментарите.

Сепак, имаше и такви што беа разочарани од новата фризура.

„Каде ти се локните?“, „Извини, но воопшто не личиш на себе“, „Никогаш не би помислил дека ова е Никол“, напишале тие.

Реквизитот од филмот „Титаник“ продаден за 718.000 долари

За познатата сцена од филмот „Титаник“, се води дебата меѓу обожавателите дали дрвената врата била доволно голема да на неа легне Џек, и така да се спаси од ледената смрт.

Дрвениот дел, кој и овозможи на Роуз да го преживее бродоломот, беше продаден на аукција за 718.750 долари.

Оваа разгорена дискусија се одвива уште од периодот кога филмот беше премиерно прикажан во 1997 година.

Во филмот, Џек (игран од Леонардо ди Каприо) вели дека таблата – дел од рамката на вратата – е доволно голема само за жената која ја сака, Роуз (играна од Кејт Винслет). Потоа, Џек умира во ледениот Атлантски океан, а неговото тело потонува на дното.

Во епизодата на телевизиската емисија „Разоткривање на митови“ од 2012 година, режисерот на „Титаник“, Џејмс Камерон, откри дека добива десетици мејлови во кои се тврди дека Роуз е „себична“, а Џек е „идиот“ поради оваа сцена. Камерон, меѓутоа, ја заврши дискусијата со забелешка дека според сценариото, Џек мораше да умре. „Можеби малку згрешивме со пропорциите и можеби таблата требаше да биде малку помала, но момчето мораше да потоне“, додаде тој.

Реквизитот, кој често се смета за врата, е направен според парче од останките на вистинскиот Титаник, откриен по неговата трагедија во 1912 година. Според аукциската куќа Heritage Auctions, реквизитот е приближно 2,4 метри долг и 1 метар широк.

Оваа продажба на реквизити и костими, која заврши во неделата, вклучуваше предмети како костимот на Спајдермен кој го носеше Тоби Мегваер (125.000$), секирата од филмот The Shining (125.000$), како и познатиот камшик на Индијана Џонс (525.000$) вкупно вредни 15,48 милиони долари.

Real tribute - Симфониски концерт на Тина Тарнер на 1 јуни во Скопје

Ексклузивниот концерт кој го има пропатувано речиси целиот свет, конечно и во Македонија!

Рок симфонијата "Simply the best" посветена на кралицата на рокенролот и музичката икона Тина Тарнер, ќе биде изведена на 1 јуни во „Арена Борис Трајковски“ со повеќе од 40 луѓе на сцената.

Тина Тарнер беше славна по своите бурни, енергични сценски изведби и по моќниот вокал, често нарекувана кралица на рокенролот и музичар кој остави неизбришлива трага во светот на музиката, забавата и културата. Неисцрпна инспирација е за многумина, а нејзината важност се чувствува во генерациите кои доаѓаат.

Присутните ќе имаат можност да уживаат слушајќи ги највлијателните и најпознатите хитови како што се „Proud Mary“, „What’s Love got to do with It“, „Simply the best“, „We don’t need another hero“ и многу други. Добро познатите балади ќе ги разнежнат сите присутни, а брзите ритми ќе ги подигнат сите на нозе.

Рок симфонијата е посветена токму на неа, а на истата ќе се изведуваат и песни од бендови како „Gun's and roses“, „Deep purple“, „AC/DC“, како и познати дуети кои ја одбележаа светската кариера на Тина. На 1 јуни, публиката ќе има можност на еден поинаков начин да ја почувствува енергијата на легендарната Тина.

Тина Тарнер беше една од најголемите рок пејачки на сите времиња и така и ќе остане запомнета.

Сите оние кои сакаат да доживеат ноќ исполнета со многу енергија и страст, можат уште веднаш да ја купат својата влезница.

Влезниците се пуштени во продажба, а истите може да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com Розе Веро 2, како и Јк травел во Бисер.

Популарно