ПЕКАРА СПЕЦИЈАЛ СО НОВОГОДИШНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА ДЕЦАТА ОД “ЈУ ДОМ ЗА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ - 11 ОКТОМВРИ”

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, мотивирани од идјеата дека секој човек треба да ја почувствува топлината и среќата на новогодишните празници, вчера компанијата специјал ги изненади децата “ЈУ Дом за деца без родители - 11 Октомври”, подарувајќи им “Специјални” пакетчиња со разни производи од Специјал, како и новогодишен подарок.

“Срцата ни се испонети бидејќи денес успееме да предизвикаме барем една насмевка кај лицата кои во овој момент имаат најголема потреба од внимание и грижа. Секое дете заслужува и има право на новогодишна радост и среќа. Ќе ја искористам оваа прилика во името на нашата компанија Специјал, на сите да им  посакам најубави желби за Новата Година, како и да ги поттикнам сите оние кои се во можност, со својата хуманост да ги разубават и развеселат празниците на дечињата кои не се во можност од различни причини да се радуваат на новогодишните празници како останатите”, изјави Илија Трајковски- оперативен директор во Специјал.

Во предновогодишен амбиент и одлична атмосфера, дечињата се прошетаа низ фабриката на Специјал, а од вработените научија многу нови работи за пекарството и слаткарството. За време на заедничкото дружење децата се веселеа на изненадувањето и вниманието кое го добија од компанијата Специјал, која имаше за цел да им пружи различно од вообичаените,заедничко дружење, кое ќе остане засекогаш во сеќавањето на овие деца.

Мухиќ: Гласав против договорот, за ратификација ќе видиме

Пратеникот од владејачкото мнозинство Ферид Мухиќ гласаше против  Предлог – законот за ратификација на Договорот меѓу Грција и Македонија, па за НОВА истакна: „Јас сум против Договорот и таков став имам веќе 27 години. Затоа гласав против“.

На прашање дали ќе гласа против и за ратификација на Договорот, рекол „ќе видиме“.

Коѕијас: Не дадовме ништо за да добиеме нешто во замена

Склучивме меѓународен договор и ги земавме предвид нашите и нивните интереси, треба да живееме во мир, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, коментирајќи го договорот меѓу Македонија и Грција, во интервју за грчката телевизија „Антена“.

Во однос на информациите и тврдењата на поранешниот пратеник од Независни Грци, Димитрис Каменос дека со договорот Грција во замена добила економски олеснувања, Никос Коѕијас категорично демантира.

– Не дадовме ништо за да добиеме нешто во замена, направивме најдобар договор – вели министерот за надворешни работи на Грција.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, по објавувањето на договорот, во Грција, не стивнуваат негативните реакции, во однос на вклучувањето на терминот „македонски“ за јазикот и државјанството. Никос Коѕијас, во однос на јазикот повтори дека тој е уште од 1977 признат во ОН, додека пак за самоопределувањето рече дека тоа е право кое што никој на никого не може да му го одземе.

– Во однос на прашањето Македонија и Македонци, тоа е она што тие во преговорите, го поставија како главна тема за која не преговараат, да го задржат нивното самоопределување. А главното и најтешко прашање во преговорите, е да не им го дадеш. Затоа што, ако не им го дадеш, го негираш највисокото право признаено од ОН и меѓународното право за самоопределување, односно правото да се именуваат онака како што тие сакаат. Ако го сторевме тоа, немаше да има договор – рече Коѕијас.

Коментирајќи ги реакциите во Грција, тој рече дека мнозинството од народот сфаќа дека грчката Влада „не создаде, туку реши проблем“, но и дека „секоја промена создава несигурност и прашања“, исто како кога „некој што е целосно вљубен и се спрема за брак и ќе умре ако не се ожени, но се прашува дали е тоа правилно.“

За последната анкета според која седум од десет Грци се против договорот и вклучен терминот Македонија во името, Коѕијас вели дека 47 отсто наспроти 44 отсто од граѓаните се согласуваат со владата според актуелните истражувања.

– Тоа истражување е објавено пред три години и го објавуваат повторно сега. Ги знам јас тие работи, ги проучувам. Тоа е истата анкета со истите резултати. Имам и јас актуелни истражувања. На почетокот во водство беа оние што имаа сомнежи и сега со мала разлика оние што се согласуваат со нас. 47 отсто наспроти 44 отсто се, истакна Коѕијас за „Антена“, пренесе МИА.

Шефот на грчката дипломатија изрази надеж дека договорот ќе биде ратификуван во грчкиот парламент и покрај несогласувањата од коалициониот партнер во владата, дека сепак ќе биде поддржан не од Независни Грци, туку од пратеници на опозициските партии.

На прашањето зошто и во Грција нема да се одржи референдум, Коѕијас рече дека тие не менуваат Устав или име за да треба народот да одлучува.

Никос Коѕијас во интервјуто го коментираше договорот, колку е тој и во кои делови корисен за Грција, но и за стабилноста во регионот и повторно упати критики до опозициската Нова демократија за позициите што партијата ги имала додека се воделе преговори кога била на власт.

Во новинарско прашање дека Ципрас во договорот ја прифаќа македонската националност вели дека во договорот стои државјанство, но не и признавање на националноста.

-Каде во договорот гледате признавање на националноста? Договорот зборува за државјанство што е различно од националност, потенцира Ципрас.

Новинарот го праша и како ќе не викаат другите држави, а Ципрас на тоа вели:

-Чекајте досега меѓународната заедница ги викаше Македонци, сега ќе мораат во обраќањето кога ќе речат Македонци да додадат, граѓани на Северна Македонија. И во овој случај добиваме, заврши Ципрас.

Само еден пратеник на СДСМ гласаше против донесувањето на Договорот со Грција

Пратеникот  Ферид Мухиќ кој е дел од коалицијата на СДСМ а во Собранието влезе како независен пратнеик не даде поддршка Договорот со Грција во Собранието да помине по скратена постапка. 

Мухиќ и претходно покажа несогласувања со договорот.

Останатите пратеници на СДСМ и албанските партии го поддржаа договорот. ВМРО-ДПМНЕ гласаше против

Популарно