Денеска е недела, 24 јули 2016 година, 206-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 160 дена.
Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 19 минути, а ќе зајде во 20 часот и 1 минута.
Денов трае 14 часа и 42 минути.
Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее во 22 часот и 42 минути, а ќе зајде во 10 часот и 7 минути.
Временска прогноза
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот во северозападните делови ќе има услови за краткотраен дожд. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Температурата ќе се движи од 27 до 38 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.
Температурата ќе достигне до 36 степени.
Во понеделник и вторник ќе преовладува променливо облачно време, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, а дневната температура ќе биде во опаѓање. Од среда условите за попладневна нестабилност ќе се намалат.