Пензионери физички се пресметале за место во автобус

Вторник е денот кога сите пензионери бесплатно се возат во автобусите на ЈСП. Бес никаква причина освен да прават непотребна гужва и нервоза наоружани со лук се упатуваат кон автобуските станици, денеска дури и се степаа двајца кои си разменија боксови и клоци.

Тепачката се случила уште надвор, кога двајцата “тепачи“ се туркале кој прв да влезе во автобусот 24, а потоа продолжила и за местото за седење. Тепањето не било наивно - летнале и неколку боксови и клоци! Среќа, имало неколку помлади момци кои ги раздвоиле.

Навистина, по одлуката на градот вторник и петок да бидат бесплатни за пензионерите во ЈСП, вакво нешто очекувавме да се случи и многу порано. Односно, сигурно и се има случено, само што нема стигнато до медиумите...

ВИДЕО: Летен клуб „Хавана“ во Скопје служи пиво со поодамна истечен рок!

Фотографијата и видеото се снимени синоќа во летниот клуб „Хавана“ во Скопје. 

- Му кажавме на шанкерот дека пивото е со истечен рок, но тој ни рече дека тоа е дата на производство. Истиот одговор го добивме и од келнерката.

Ознаката BBD, значи „best before date“ или датум на истекување на рокот. Шанкерот сигурно го знае тоа.

Испратено од анонимен 

ФОТО: Нова мода во Скопје - погледнете како излезе од дома оваа скопјанка

Временските услови и студот оваа година не натераа да ги извадиме зимските палта во Април, па оваа скопјанка заборавила да ја отстрани закачалката.

Испратено од Симеон

Популарно