Перо Антиќ: Трета титула за да бидам подобар од Наумовски

Поранешниот капитен на македонската репрезентација Перо Антиќ, за десетина дена во Берлин (13-15 мај) и официјално ќе стане прв македонски кошаркар со три настапи на еден фајналфор-турнир од Евролигата, на што, сепак, не сака да застана туку сака да испише уште една страница од историјата на макбаскетот и како прв играч со три освоени титули.

pero-antic-fenerbahce-istanbul-eb15

Ветеранот за себе има две европски круни со грчки Олимпијакос, со што е изедначен со актуелниот претседател на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), Петар Наумоски, кој пред 25 години двапати беше на тронот со сплитска Југопластика. Антиќ, во својот блог на официјалната страница на Евролигата не ја пропушта можноста одново да го „пецне“ Пеце, напоменувајќи дека надминувањето на неговиот успех е негов голем мотив на претстојното полуфинале против шпанска Лаборал Куча.

„Многу е мал бројот на кошаркари кои можат да се пофалат со три европски титули, а воедно тоа е голема работа во мојата земја, каде што имаме поранешен играч со два трофеја, а тоа е Петар Наумоски. Тој не играше на средбите, но доби можност да се закити со круните. Но и покрај сето ова, сега не размислувам за себе туку за Богдан Богдановиќ, кому ова би му бил прв трофеј. Според мене, најважно е сите да останеме гладни за пехари без оглед на освоеното досега. Па, видете го само тренерот Жељко Обрадовиќ, кој има желба како никогаш досега да не бил европски првак, а во ризницата има осум титули“ – пишува Антиќ.

Своевиден лајт-мотив на претстојниот завшен турнир во Берлин за Антиќ ќе биде и полуфиналниот дуел против својот некогашен соиграч во времето кога играше за АЕК, поранешниот грчки репрезентативец, Јанис Бурурис.

„Пресреќен сум што ќе се сретнам со мојот голем пријател Бурусис, но на паркетот ќе се однесуваме како да не се познаваме. Зад него е одлична сезона бидејќи успеа да го донесе својот тим на фајналфор-турнирот иако никој тоа не го очекуваше. Заедно ја почнавме кариерата во веќе далечната 2001 година и чувството е прекрасно што повторно ќе бидеме заедно на една ваква реномирана манифестација“, дополнува македонскиот интернационалец.

(ВИДЕО) Цел Балкан зборува за овој меч: Во прво полувреме дадоа три гола, во второ се тргаа да не им сметаат на противниците

Деновиве балканските медиуми на големо пишуваа за фудбалскиот натпревар од една од пониските лиги во Србија помеѓу екипите на Прва Искра и Единство. Во првите 45 минути гостите постигнале 3 гола, за во второто на теренот да се случи нешто неочекувано, домаќините да го свртат наптреверот за конечни 4-3.

Иако вакви пресврти се случувале на фудбалските натпревари, она што им паѓа во очи на сите кои ја погледнале снимката од натпреварот е однесувањето на гостите на теренот во вториот дел кои буквално како да бегаа од топката.

– „Брука и срамота за оваа држава“, „Како во прво дадоа три гола, а во второ се’ што направија е да се тргаат од пред патот на противникот“… се само дел од коментарите на социјалните мрежи за овој крајно сомнителен натпревар.

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Не се само европски шампиони, туку и вистински господа: Вардарци со стил пристигнаа во Келн

Ракометарите на Вардар вчера наутро први пристигнаа во Келн, во градот каде лани ја освоија титулата европски првак, а оваа година одат кон историјата, да бидат први бранители на титулата откако Лигата на шампионите се игра во овој формат, со фајнл фор турнир.

Вардарци на патот до титулата ќе се обидат да го спречат три француски тима, првиот во полуфиналето е Монпеље, а во евентуалното финале, се разбира доколку го совладаат Монпеље, ќе биде или Нант или ПСЖ, кои го играат другиот полуфинален дуел.

Вардарци вчера наутро први стигнаа во Келн, а покрај тоа што се вистински мајстори на теренот, вчера во очите на јавноста паднаа и како вистински стилски мајстори. Тие во одела кои мора да се признаа дека одлично им стоеја пристигнаа го германскиот град.

Можеме да констатираме покрај тоа што се европски шампиони, тие се и вистински господа.

(ФОТО) ОВА ГО МОЖЕ САМО ТОЈ: Роналдињо се ожени, но не со една жена!

Роналдињо се ожени со две жени истовремено, па сега го чека напорен, но и сладок брачен живот.

Тој прстен на раката им стави на Присли Коељо и Беатриз Соузи, а венчевката се одржа во тесниот круг на пријатели, додека веридбата во јануари ја криел од јавноста.

Триото ќе се смести во неговата вила во Рио, а и двете госпоѓи ќе имаат по 5000 долари на рапослагање за трошоци и забава додека Роналдињо е на пат, бидејќи тој, иако повеќе не игра фудбал има многу обврски за спонзорите и според зборовите на неговиот брат и менаерот Роберт Де Асис, го чекаат многу промотивни активности и хуманитарни натпревари по Мундијалот во Русија.

Дињо, чувај се. На некои од нас и една е премногу.

Популарно