Песната „Империја“ на Есма Реџепова и Влатко Лозановски која ќе не претставува на годинешниов „Евросонг" во Малме, вечерва во 20:45 ќе ја има својата премиера на МРТ.
Автори на музиката и аранжманот на песната се Симеон Атанасов и Дејан Момироски, а текстот го напиша Борче Нечовски.Во емисија во новоопремено студио на МРТ ќе биде прикажан и официјалниот спот на евровизиската „Империја“, а Реџепова и Лозановски ќе се претстават и со неколку свои песни, придружувани од народниот оркестар и Биг бендот.
Македонската телевизија најави богата музичка програма со повеќе гости и многу разговори поврзани со „Евровизија“.Ќе гостува и минатогодишната евровизиска претставничка Калиопи Букле, која ќе го пренесе своето искуство од натпреварот во Баку.