За глупости се разболев, и колковите ме болат од инекции. Идејќи си од Веро со моите храни оризи и компири, пред мојата зграда гледам едно девојченце, толку убавко, мило, црна коса, црни очиња, не можам да го опишам, никогаш порано не сум видела поубаво нешто, слабо облечено, измрзнато, вадеше пластични шишиња со неговта мајка од контењер. Толку сиромашно, но богато со насмевка. Го вадам новчаникот и све ситно околу 50/60 денари ги собрав сите и му ги дадов (штета што во близина немав банкомат) а тоа со тој мил глас ми вика ,, Фала дадо'' и ме гушна... Колку надеж ми влеа тоа лице, тоа детско гласче, и како не имав повеќе пари во мене или барем банкомат во близина.
Испратено од Даниела