Почина сопственикот на еден од најпознатите скопски ресторани

По кусо и тешко боледување почина познатиот угостител Ставре Николоски, сопственик на култната "Уранија". Погребот ќе биде извршен утре точно напладне во неговото родно Крушево.

Николоски беше сопственик на познатиот угостителски бренд "Уранија", угостител со 30­годишно искуство, односно неговиот бренд меѓу скопјани е присутен од 1992 година, и тоа на просторот во Градскиот парк.

Печеното јагнешко и прасечко, влашката торта и уште многу други влашки специјалитети се дел од богатото мени на неговиот објект, нешто по кое љубителите на добрата храна и ја препознаваат "Уранија".

"Нашата храна ја користат не само обичните луѓе, туку и амбасадори, дипломати и бизнисмени. Таа се подготвува во нашата пекарница и со специјални возила за одржување на топлина ја транспортираме до нашите угостителски објекти", велеше Николоски, кој со угостителство почнал да се занимава во далечната 1966 година, кога од Крушево се преселил во Скопје.

"Уранија" којашто постои и денес датира од 1994 година, а името го добила заради неговата сопруга Уранија. Денес речиси нема кој не знае каде е "Уранија" и кој е газда Ставре, кому гости му биле сите политичари, музичари, па дури и Ричард Гир, Ванеса Редгрејв, Роџер Мур...

Во "Уранија" уште од основањето важеше старото правило ­ овде нема што нема...

Кучиња нападнале полицајци во Кисела Вода

На 14.03.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, двајца полициски службеници, додека извршувале службени задачи, биле нападнати и каснати од неколку кучиња сопственост на М.Г.(54) од Скопје, за кој претходно било пријавено дека во дворот на небезбеден начин ги чувал кучињата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Драма во скопска Кисела Вода: Групна тепачка меѓу дедовци

На 03.03.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.Н.(79) и Т.Н.(79), од една страна и Л.Ш.(64) од друга страна, сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Приведена Американка која полудела во зграда во Кисела Вода

Вчеравечер во 23.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ја привеле К.А.Р.(49) од САД затоа што во зграда на подрачјето на Кисела Вода го нарушила јавниот ред и мир и агресивно се однесувала кон дел од станарите.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Популарно