Почна експериментот во Финска: НЕВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ ДОБИВААТ 560 ЕВРА МЕСЕЧНО!

Финска е првата земја во Европа која, впрочем во рамките на општествениот експеримент, на невработените ќе им исплаќа основна месечна заработувачка од 560 евра, со цел намалување на државната бирократија и сиромаштијата, и за зголемување на вработеноста.

Оли Кангас од агенцијата на финската влада КЕЛА, која е надлежна за социјалните прашања во земјата, изјавил дека на 1 јануари почнал пробниот период во траење од две години, во кој учествуваат 2.000 случајно одбрани граѓани, кои ќе примаат надомест за невработени.

Тие ќе добиваат 560 евра месечно, а нема да мора да поднесуваат извештаи за тоа како тие пари ги потрошиле, пренесе АП.

Тој износ, меѓутоа, ќе се одбие од сите други надоместоци коишто веќе ги добиваат.

Во Финска просечната заработувачка во приватниот сектор е 3.500 евра месечно, покажуваат официјалните податоци.

Инаку, стапката на невработеност во Финска, земја со 5,5 милиони жители, стои од минатата година на 8,1 отсто, што значи дека околу 213.000 луѓе се без работа.

(ВИДЕО) Авганистан: Заврши опсадата на хотелот, заложниците бегаа со чаршави преку тераси

Авганистанските специјални сили го убија и последниот од тројцата напаѓачи кои вчера упаднаа во хотелот „Интерконтинентал“ во Кабул, со што завшија опсадата и заложничката драма.

За време на опсадата беа убиени пет заложници, а ранети беа шест лица, пренесе „Ројтерс“.

Групата напаѓачи со часови држеше заложници и им се спротиставуваше на силите за безбедност. Во првичните извештаи стоеше дека се работи за четворица напаѓачи, од кои двајца беа убиени синоќа.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Авганистан Наџиб Даниш рече дека бројот на жртви сепак бил помал отколку што првично се стравуваше, откако успешно беа евакуирани 153 луѓе, од кои 41 странец.

Дописникот на „Ројтерс“ од Кабул пренесе дека на дневна светлина се гледало како од хотелот излегува густ чад, а околу зградата биле распределени неколку оклопни возила на војската на САД опремени со тешка артилерија, како и единици на авганистанската полиција.

Нападот следеше само неколку дена откако Американската амбасада во Кабул излезе со предупредување за можни напади на хотели во градот. Засега никој нема преземено одговорност за нападот.

На снимките што се појавија на социјалните мрежи, направени додека траеше опсадата на хотелот, може да се видат заложници како се обидуваат да се спасат спуштајќи се со врзани чаршави по балконите на хотелот.

(ВИДЕО) Грчки демонстранти нападнаа Македонци кои ги гледаа протестите во Мелбурн

Грчка организација во Мелбурн вчера организирала протест под мотото „Не за продажба на името Македонија и Македонија секогаш ќе биде грчка“. На протестот со транспаренти и грчки знамиња, се извикувало „Македонија е грчка“, „Скопјани“, а учествувале над 2.000 луѓе.

За време на протестот група Македонци седеле во непосредна близина на Грчкиот конзулат.

Откако ги забележале демонстрантите настанала вербална и физичка пресметка. Веднаш интервенирала полицијата, ја разбила толпата со солзавец и за кратко време тензиите се смириле.

(ВИДЕО) КАБУЛ ВО КРВ: Ги киднапираа гостите, па почнаа да ги убиваат

Најмалку четворица напаѓачи вечерва упаднаа во хотелот „Интерконтинентал“ во главниот град на Авганистан, Кабул. Тие прво ги киднапирале гостите, а потоа почнале и да ги убиваат. 

Полицијата  го обиколила регионот и хотелот. Се стравува дека има голем број мртви.

Специјалците во секој момент треба  да влезат во хотелот.

Се претпоставува дека напаѓачите се Талибанци.

Хотелот „Интерконтинентал“ беше мета на напад на Талибанците во 2011 година, кога загинаа 21 човек, меѓу кои деветмина напаѓачи.

Пред пет дена две ракети го погодија дипломатскиот дел на Кабул. 

Авганистанците имаат проблеми со Талибанците кои сакаат да ја преземат власта во нивната земја, но и во Пакистан за да го воспостават шеријатскиот закон. 

Популарно