Денеска е сабота, 25 април, 115-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 250 дена.
Денот трае 13 часа и 44 минути.
Сонцето во Скопје изгрева во пет часот и 40 минути, а заоѓа во 19 часот и 24 минути.
Месечината ќе зајде 58 минути по полноќ а повторно ќе изгрее во 11 часот и 20 минути.
Временска прогноза
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на краткотраен пороен дожд освен во јужните и источите делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 15 до 21 степен.
Во Скопје ќе биде променливо облачно. Претпладне ќе има услови за краткотраен дожд, а преку денот ќе дува слаб претежно јужен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 20 степени.
Во недела и во понеделник претпладне ќе потрае период на преодно стабилизирање на времето, а од понеделник попладне ќе има повремени врнежи од дожд. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд и појава на грмежи.