ПОЛИЦИЈАТА НА НОЗЕ: Обид за атентат врз српскиот премиер?

Во близината на семејната куќа на српскиот премиер Александар Вучиќ, во Јајинци, во околината на Белград, пронајдени се сандаци со оружје, соопшти синоќа министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ.

atentat

Оружјето било пронајдено во шума, веднаш до патот, што води до куќата, во која Вучиќ, често навраќа.

Во сандаците, за кои се вели дека ги откриле „граѓани кои ја известиле полицијата“ имало бомби, поголемо количество муниција и еден противтенковски лансер со граната, од типот „Оса“ оружје од арсеналот на некогашната југословенска армија.

Оружјето било откриено во непосредна близина на еден остар свиок на патот, што води до куќата, на која службеното возило на премиерот редовно морало да ја намали брзината на само 10 километри на час.

Министерот Стефановиќ соопшти дека сите српски безбедносни служби се излезени на теренот и е покрената широка истрага за целиот случај.

Во изјава за белградските телевизиски станици тој рекол дека премиерот Вучиќ, веднаш бил префрлен на „безбедна локација“.

-Местото на кое е најдено оружјето е одалечено само 50 метри од патот и има идеална позиција за напад, обезбедувајќи му на потенцијалниот напаѓач лесно да побегне- рекол Стефановиќ.

Министерот на полицијата јавно побара од безбедносните служби и од српското разузнавање да ги соопштат сите информации со кои располагаат и да го објаснат целиот случај.

„Ако не може да го направат тоа, тогаш сите нека се повлечат од своите функции. Јас сум подготвен во секој момент да се повлечам“- им рекол Стефановиќ на српските новинари.

Во првите синоќешни реакции, српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ побара од службата која се грижи за безбедноста на премиерот и на неговото семејство, да биде максимално подготвена, објаснувајќи дека тоа со, како што рече, „актуелната ескалација на притисокот врз Србија“.

Тој не спомена од каде доаѓа тој притисок, но рече дека „на многумина во светот им пречат Србија и премиерот Вучиќ кои водат независна политика“.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно