Полицијата откри бизнис со крадени надгробни плочи

„Повеќе од јасно е дека невозможно е да исчезнат 7 надгробни плочи тешки од 300 килограми до половина тон, без претходно крадците да биле добро организирани, а можеби и помогнати од вработени во претпријатието. Со оглед на тежината на мермерните плочи, значи дека во кражбата учествувале најмалку шест лица. Натаму, плочите морале да бидат товарени и изнесени со камион и што е најтрагично, изнесени од влезовите на гробиштата, кои наводно, се обезбедени од чувари од АД ‘Бутел’“, рече оштетениот Зоран Минарков, кој поднесе претставка до Омбудсманот, по што МВР ја разоткри кражбата.

Масивните надгробни плочи од мермер тешки од 300 килограми до пола тон, кои под чудни околности исчезнаа од гробиштата во Ѓорче Петров лани во август, по интервенцијата на Народниот правобранител ги најде МВР. Полицијата го известила Народниот правобранител Иџет Мемети дека три лица, вклучително и чуварот на гробиштата, се вмешани во кражбите и бизнисот со скапите плочи. МВР до Скопското обвинителство поднело кривични пријави против тројцата, за тешки кражби и свернавење на гроб.

За овој случај претставка пред Омбудсманот поднесе едниот од оштетените, Зоран Минарков, кој за САКАМДАКАЖАМ.МК раскажа дека во август лани непознати сторители ја демонтирале и ја украле надгробната плоча на неговата покојна мајка. Покрај оваа, тие тогаш украле уште шест мермерни плочи. Минарков претставката ја поднел против АД „Бутел“, како одговорно за чувањето на спомениците.

Минарков тврдеше дека е невозможно да исчезнат 6-7 надгробни плочи тешки до пола тон, без претходно крадците да биле помогнати од вработени во претпријатието. Мермерот мора да бил товаран и изнесуван со камион од капијата на гробиштата, се сомневаше Минарков, а влезот го чува чувар вработен во АД „Бутел“. Тој уште тогаш беше убеден дека тешките кражби не можеле да се случат без знаење и логистика од вработени во претпријатието.

Според МВР, корнењето на надгробните плочи на гробиштата во Ѓорче Петров се случувало во период од 4 дена, од 18-22 август, 2016. Двајцата од сторителите доаѓале кај чуварот на гробиштата, заедно демонтирале само скапи надгробни плочи, ги товарале и ги изнесувале од гробиштата. Потоа, како што пишува во пријавата, тие ги продавале кај лице во скопската населба Илинден, кое се занимавало со изработка на надгробни споменици. Крадените плочи тројцата ги продавале по 25.000 денари една.

“Парите си ги поделиле и ги потрошиле за свои потреби“, пишува во кривичната пријава. Откако случајот беше објавен во САКАМДАКАЖАМ.МК, на 27 декември лани купувачот на крадените плочи доброволно дошол во полиција. Донел 4 цели мермерни плочи и две половинки. Раскажал дека три месеци пред тоа, дошол еден од пријавените, наводно му понудил поклопни плочи, за кои рекол дека ги сменил со нови и оти стариве не му требаат. Нема информација дали и купувачот на крадените мермерни плочи ќе биде пријавен како соучесник во морбидниот бизнис.

Сквернавените надгробни споменици, наведува МВР, им се вратени на оштетените семејства на починатите.

Дел од Центар утре ќе остане без струја, дел од Карпош без вода

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат следните корисници:

Во период од 08:30 до 14:00 ул. „Антоние Грубишиќ“, ул. „Коле Неделковски“, ул „Наум Наумовски Борче“ и ул. „Мирослав Крлежа“ во општина Центар.

На ден 08.04.2024 (понеделник) поради изведба на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.„Џумајска“ 47, прекинато водоснабдување од 10:00 до завршување на интервенцијата ќе имаат корисниците од ул.„Џумајска“ во општина Карпош.

Опожарено возило во гаражите на „Ист гејт мол“

Во трговскиот центар „Ист гејт мол“ во Скопје, попладнево во гаражите било опожарено едно возило, по што интервенирале од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Пожарот бил локализиран и нема повредени. По увидот на надлежните служби, како што информираат, трговскиот центар продолжил да работи.

Како што информираат од МВР, во 18:45 часот настанал пожар во патничко возило „фолксваген поло" со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.А. (62) од скопското село Кондово.

-  Пожарот бил локализиран. Повредени лица нема, се вели во соопштението од МВР.

Согласно утврдените процедури на трговскиот центар за ваков тип на ситуации, како што информираат од трговскиот центар „Ист Гејт Мол“, биле активирани системите за заштита од пожар и вработените во трговскиот центар беа евакуирани, а како резултат на навремената реакција на службите нема повредени лица.

Од Пожарна за МИА информираа дека интервенирале со едно возило, по пријава од посетители на молот.

- Завршена е интервенцијата. Станува збор за опожарено едно возило. Службите во „Ист Гејт“ веќе почнале да го гасат. По реакција од посетители, испратено е едно возило со шест пожарникари, информираа за МИА од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

По увидот на надлежните служби, трговскиот центар, како што информираат од „Ист Гејт Мол“,  продолжил да работи со редовно работно време до 22 часот. 

(Видео) Како беше извршен филмскиот грабежот на маркет во Црниче?

На социјалните мрежи доцна синоќа беше објавена снимка од грабежот на маркет во скопската населба Црниче.

На снимката може да се забележи возило и лица кои се обидуваaт да го украдат сефот од маркетот. Додека е вклучен алармот, тие успеваат да го стават во багажник, тргнуваат, но сефот паѓа на патот во Црниче, па тие се враќаат повторно да го подгинат.

Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа за настанот.

- На 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било   пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф.  Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението до полицијата.

Маркетот e ограбен откако автомобил влетал во влезната врата, алармот се вклучил, а разбојниците го земале сефот.

Популарно