Полициска акција: Познат скопјанец уапсен за „дилање“ кокаин

Познат скопјанец, заедно со уште две лица, уапсен е вчеравечер од полицијата, под сомнение дека организирал криминал група, која вршела продажба на кокаин на наркозависници од Скопје, но и пошироко, дознава Нетпрес неофицијално од полициски извори.

-Нашите информации од скопската полиција велат дека криминалната група, организирана од скопјанецот, од ноември, лани, до денеска континуирано вршела продажба на кокаин низ цело Скопје, но и надвор од градот, и тоа по цена од 3.000 до 4.500 денари за една паковка, или меѓу зависниците популарно наречена „пакетче“. Полициската истрага засега утврдила осомничените дрогата ја набабувавале од, во моментов, непознато лице од Србија, и тоа во количество меѓу 100 и 200 грама. Македонската полиција интензивно работи на идентификција на српскиот добавувач на осомничените скопски наркодилери, пишува Нетпрес.

Полициски извори за НетПрес велат дека осомничениот кој вчера е приведен и е организаторот на групата е Сеат Р., поранешен сопственик на дискотеки и кафулиња низ Скопје, и брат на бивш пратеник на опозицијата во македонското Собрание. Истрагата на скопските полицајци утврдила дека тој ги ангажирал лицата Дејан М., со прекар „Пенчо“ и Мики З. за да го продаваат кокаинот. По продажбата на дрогата на наркозависници, овие двајца осомничени редовно го известувале Сеат Р. за парите, кои ги заработувале, велат извори во МВР, инволвирани во истрагата.

-Според нив, исто така утврдено и дека извесно лице Маријан, со прекар „Мака“, посредувало во вршењето продажба на кокаин. Истрагата на полицијата утврдила дека тој го известувал Сеат Р., кога имало побарување на кокаин од одредени муштерии, ја вршел продажбата, а дел од парите ги задржувал за себе, пишува Нетпрес

Неофицијално, МВР утре ќе излезе со целосни информации околу овој случај.

21-годишник тешко повреден откако излетал од коловозот

На 15.04.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на регионалниот пат Делчево – Берово, на место викано „Даштица“, атар на село Тработивиште-делчевско, патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од М.У.(21) од Делчево, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увид екипа од ОВР Делчево, соопшти МВР.

Пукано кон куќа во Тетово од возило во движење, нема повредени

Синоќа околу 22 часот и 45 минути на булеварот „Илинден“ во Тетово се пукало од огнено оружје, за што жител на градот пријавил дека е пукано кон неговата куќа. Засега од СВР Тетово немаат информации за повредени луѓе.

-Во 22.45 часот М. Т. од Тетово во СВР Тетово пријавил дека од страна на непознато лице е пукано со огнено оружје од возило во движење во неговата куќа во Тетово. До сега нема пријава за повредени лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира СВР Тетово.

По пукањето полицијата со ленти го блокираше движењето за возила по делот од булеварот каде се пукало по што е почнат увид.

Ненадејно почина селекторот на македонската репрезентација до 17 години!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години, Дашмир Беари ненадејно почина.

Македонскиот фудбал загуби голем спортски работник, почина тренерот Дашмир Беари на 50-годишна возраст.

Неговата последна работа беше улогата на селектор на македонската репрезентација до 17 години.

Беари беше поранешен тренер на Ренова, Гостивар, Дрита, Влазерими, а беше помошник и во саудиски Ал Раед. Во минатото беше селектор и на македонските селекции до 15 и до 19 години.

Популарно