После 10 години се смириле, а оваа фотографија ги покажа сите промени на нивните лица

Конечно ги закопале воените секири и го обновиле старото пријателство – Ким Кардашијан и Парис Хилтон некогаш биле најдобри и неразделни пријателки, но откако јавноста почна повеќе да се интересира за атрактивната црнка, нивното пријателство одеднаш пукнало.

Многумина за тоа ја обвинија љубомората на разгалената Парис, а тие две со години подоцна јавно се препираа и прозиваа. Сепак, се чини дека тие кавги сега се далеку зад нив, бидејќи на неодамнешната божиќна забава кај мама Крис Џенер весело се дружеле и заедно позирале.

Оваа фотографија нè врати во 2006 година и нè потсети на речиси идентична фотографија која ја направиле на еден настан и која одлично покажува колку се промениле работите, особено на нивните лица.

Иако тука секако имале улога и годините, поточно цела деценија, видливи се и бројните естетски операции кои ги направиле старлетите со цел да изгледаат подобро, особено Ким, за која не се знае точно што сè „дотерувала“ кај пластичен хирург.

Сепак, разликата е и повеќе од очигледна, се согласувате?

(ФОТО) Ким Кардашијан со грди нокти на прстите од нозете

Профилите од Ким Кардашијан на социјалните мрежи последниве денови се преплавени со нејзини фотографии на кои позира во бикини, но една од нив посебно го привлече вниманието на „троловите“, кои никогаш не се фокусираат на пофалби на нејзините облини, туку на недостатоци поради кои можат да ја реметат.

Овој пат за око им се фати ноктот од еден од нејзините прсти на нозете. Додека таа се заблагодаруваше на нејзиниот тренер за „промената на нејзиното тело“, дел од нејзините обожаватели ја реметеа за нејзиниот ножен нокт.

„Те сакам, но дали тоа е твојот нокт?“, „Речиси добив срцев удар поради овој нокт“, „Мислев дека халуцинирам“, „Ги има сите пари на светот, а нема за педикир“, беа дел од коментарите.

Анастасија Ражнатовиќ објави фотографија со Аркан, а потоа ги шокираше сите

Вчера доколку би бил жив би наполнил 66 години, а неговото семејство преку фотографии на социјалните мрежи се потсети на него.

Имено семејството Ражнатовиќ вчера преку фотографии се потсети на својот сопруг и татко посветувајќи му фотографии на Инстаграм.

А освен Цеца фотографија објави и Анастасија која наиде на многу критики.

-Денес би го славел својот 66 роденден, напиша Анастасија по што доби многу критики и сподели уште една фотографија.

-Колку си пореметен од еден до пријавување девојка на слика кадего честита роденденот на својот татко, за да Инстаграм ме блокира? Срам да ви е, клошари, стои во коментарот на Анастасија.

Синот на Цеца со саканата во Барселона

Откако стави прстен на нејзината рака, Вељко Ражнатовиќ не престанува да ја изненадува својата сакана.

Тој овој пат ја израдува Богдана со патување на неколку дена, а одморот го користат за насамо да си се посветат еден на друг.

Тие заминаа во Барселона, а од фотографиите се гледа дека тие се сместени и уживаат во преубав хотел со поглед директно кон плажата. Цената на ова задоволство сигурно е огромна.

Вељко сподели фотографии на социјалните мрежи. На една од фотографиите тие лежат во кревет, а се гледа преубав поглед кон плажата.

-Она што се случува во Барселона, останува во Барселона, напиша Вељко во описот на фотографијата.

 

A post shared by The Tiger- B P (@aceisb4ck) on

 

A post shared by The Tiger- B P (@aceisb4ck) on

Популарно