Потресна приказна за светски модел - на 14 години била силувана, а потоа следела одмазда

model

Флоренс Незбит станала првиот модел во светот на почетокот на 20. век и нејзиното лице било насекаде, а како 14-годишна девојка била силувана од славен архитект, кој подоцна бил убиен од нејзиниот сопруг милионер.

Наскоро ќе наврши половина век од смртта на Незбит, а ова лето минаа точно 110 години од најстрашната случка во нејзиниот живот.

Додека очите на Незбит се навикнувале на светло, во нејзината глава „светкало" дека мора да се бори со поривот за повраќање.

Посегнувајќи по покривачот, со раката допрела празна чаша за шампањ, а таа полека сфаќала дека е гола. Срцето почнало забрзано да ѝ чука кога сфатила дека покрај неа има маж, а бутовите ѝ биле прекриени со крв.

Пет години подоцна, тој маж бил мртов, а Незбит, првиот светски модел, била дел од судењето на векот.

Животот на убавицата со бакарна коса од Филаделфија, која станала најбараниот модел на своето време, бил разоткриен пред публиката, што за неа значело депресија, зависност од метадон и обид за самоубиство.

Незбит била висока само 152 сантиметри и личела на типично девојче, дури и како возрасна жена. Славата ја стекнала по случајната средба со ексцентричен уметник, кој побарал од неа да му позира за портрет со неполни 14 години. Водена од финансиски проблеми - нејзината мајка вдовица била невработена - Незбит почнала да позира за списанија, реклами и секакви ситници, станувајќи рекламно дете на првата деценија од 20. век.

- Нејзиното лице било вистински клуч до богатство, сите ја сакале - вели Паула Урбруру, авторка на „Американ ив“, биографијата за Незбит. Таа додава дека Незбит била Мајли Сајрус на своето време.

Но, нејзината убавина имала и лоша страна - многу брзо го привлекла вниманието на 47-годишнот Стенфорд Вајт, славен архитект кој бил „слаб“ на млади девојки на црвениот тепих.

Убавата Флоренс и нејзината мајка биле примени во прекрасна хотелска соба, каде Вајт им платил сместување, и се дружел со семејството сè додека не ја придобил нивната доверба - сè додека една вечер приказната не се сменила.

Додека Флоренс била сама со него во соба со огледала, тој ѝ понудил чаша со шампањ. Ја убедил да пие, иако самиот не пиел. Се пресоблекла во кимоно, а потоа не паметела ништо што се случило. Собата се замрачила. Кога се освестила сфатила дека била силувана и почнала да вриска. На суд рекла дека „во собата влегла како девица, но дека не излегла така, без да учествува во тоа".

Флоренс со години молчела за силувањето, но сеќавањата од таа ноќ ја прогонувале. Подоцна се омажила за Хери Тов, мултимилионер и ексцентрик кој ја следел и ја заведувал цели четири години пред таа конечно да прифати да стане негова сопруга.

Тов бил фиксиран на идејата за женската искреност и сакал да ја знае секоја нејзина тајна. Од неа ги извлекол сите детали од таа трауматична вечер, а од тој момент со себе почнал да носи и пиштол и сиот свој бес го насочил на силувачот Вајт.

Имал идеја за негово разоткривање и наплата на гревот, за што морал да ги преземе работите во свои раце.

Во вечерните часови на 25 јуни 1906 година, облекол долг капут под кој го сокрил пиштолот, а потоа подоцна во театарот „Медисон сквер гарден“, пред сведоци го убил Вајт, пукајќи три пати во него. По самиот чин ѝ пришол на Флоренс, ја бакнал и ѝ кажал: „Веројатно ти го спасив животот".

Незбит сведочела на дури две судења на нејзиниот сопруг, бидејќи на првото бил осуден на бесење, додека на второто се извлекол поради „непресметливост". Исказот на Незбит, во кој морала детално да го опише сексуалното искористување, за неа било многу болно искуство кое со години го криела. Иако никогаш не била осомничена, секако била причина за убиството на Вајт.

Луѓето ја обвинувале, верувајќи дека е девојка гладна за парите на Вајт, а потоа својот лудо заљубен сопруг го насочила против него. Следеле медиумски скандали, па и линч, а ситуацијата била нарекувана „љубовен триаголник".

Тов отслужил осум години во болница за „криминално заболени“, а двојката се развела во 1915 година. До 1920 година, сиромашната и очајна Незбит се борела со зависноста. Отворила кафуле за да побегне од сиромаштијата, но веќе следниот месец се нашла во долгови.

Отворена била постапка за нејзино иселување, од кое се извлекла со обид за самоубиство.

Убавата Незбит доживеала старост до 82 години, паѓајќи и станувајќи пред секој животен предизвик.

Почина млада српска пејачка

Српската пејачка Хариета Симиќ, позната под прекарот Харина, почина од рак на 13 април во Смедерево, во болница, на 41-годишна возраст. 

Пејачката за страшната дијагноза дознала пред две години, а бидејќи ракот веќе се проширил, и биле отстранети двете дојки и почнала со хемотерапија.

Хариета на својот Инстаграм профил неодамна раскажа за својата тешка судбина и ги замоли сите луѓе со добра волја да ѝ помогнат преку Инстаграм доколку имаат можност.

По операцијата кога ми ја отстранија дојката, одев на хемотерапии и ми рекоа дека сум здрава, меѓутоа, само два месеци подоцна отидов на контрола и докторката ми најде метастази на вратот – раскажала тогаш Хариета, која по операцијата почнала да добива различни симптоми, почнала да кашла и добила антибиотици.

– Ништо не ми помогна, а потоа отидов на снимање на белите дробови и открија дека имам метастази насекаде по белите дробови. Се чувствувам како да имам еден тон на градите, тешко дишам – раскажала пејачката.

Нејзиниот сопруг ја напуштил седум дена по операцијата. И рекол дека има нова жена и дека со неа ќе се венча.

Над 400 приватни специјализанти стапија во штрајк

Над 400 приватни специјализанти изутринава стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски на скопските клиники и останатите болници и амбуланти низ државава. Тие бараат зголемување на надоместот што им се исплаќа  во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело. Штрајкот ќе го прекинат, како што најавија, само доколку добијат писмена гаранција за исполнување на барањата. 

- За жал, се решивме на овој чекор бидејќи Министерството за здравство нема слух за решавање на нашите проблеми,  изјави доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, трета година. 

Таа потсети дека по протестот во март, имале средба со министерот за здравство на која им било ветено дека нивните барања ќе се најдат на седница на Влада., но  дека засега немаат никаков одговор. 

Како што соопшти Илиоска Чешлароска, добиле повик од претставник во Министерството за здравство и им било кажано дека денеска во 14 часот  ќе се одржи средба во Влада.

-Петмина наши претставници ќе бидат на таа средба, но, немаме информација кој се ќе присуствува и дали ќе бидат прифатени нашите барања. Штрајкот продолжува, се додека не добиеме писмена официјална гаранција дека барањата ќе бидат исполнети, нагласи Илиоска Чешлароска.

Тамара Пејоска, специјализант на пластична и реконструктивна хирургија, прва година, рече дека работно максимално се посветуваат, а се ставени во разочарувачка деградирачка позиција. На протестот беше нагласено и дискриминирањето при остварување на мајчинство и породилно отсуство, бидејќи тогаш се укинува надоместот. Сите овие луѓе, беше кажано на протестот, имаат желба да останат во државата, да работат и да се грижат за пациентите.

Приказната за скопското бездомно куче Чопер и виетнамскиот јутјубер Ву

Македонските граѓани трагаа неколку денови по бездомното куче Чопер,тоа повторно се најде во рацете на неговите сопственици кои случајно го запознаа, додека биле на привремен престој во Скопје.

 Тие утре, заедно со бездомното куче од скопските улици, ќе отпатуваат за Германија.

Приказната започна на социјалните мрежи каде што младиот тиктокер и јутјубер, Филип Ву, кој потекнува од Виетнам, побара помош од Македонските граѓани. Овој човек патувал на повеќе дестинации во светот, а животот го донел и во нашата земја.

„Ако сте од Скопје, Македонија или знаете некој од таму, ми треба вашата помош …“, го започнува видеото.

На својот „Инстаграм“ профил, Ву објаснил како додека престојувал во нашата татковина започнал да се грижи за бездомно куче, хранејќи го секојдневно. По извесно време, кучето ја стекнало неговата доверба и почнало да го пречекува кога и да се враќал дома.

Љубовта била обострана, па така овој човек се одлучил да го посвои животното, откако ќе се врати од Германија во Македонија со автомобил. За тоа време, планот бил кучето да престојува кај неговиот пријател од Скопје.

Но, во периодот додека бил отсутен кучето се изгубило.

За среќа, со помош на македонските граѓани, Чопер е пронајден и заедно со јутјуберот Филип Ву, „ќе поднесе документи за германско државјанство“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Phillip Vu (@phillipqvu)

Популарно