„ПОВТОРНО ВЕЛИЧЕСТВЕНА“ од Доналд Џ. Трамп, новоизбраниот претседател на САД, ексклузивно на македонски јазик во издание на издавачката куќа АРС СТУДИО

Најцитираната и најпродаваната книга „Повторно величествена ‒ Како да ја поправиме нашата осакатена Америка” од г.Доналд Џ. Трамп, новоизбраниот претседател на САД, книгата што се читa во еден здив, можете да ја најдете ексклузивно и единствено на македонски јазик во издание на издавачката куќа АРС СТУДИО.

Најновото издание на „Повторно величествена ‒ Како да ја поправиме нашата осакатена Америка” од г. Трамп, што предизвика голем интерес во светот со неговите конкретни планови и идеи за САД, е една од најчитаните книги што се продава во милионски тиражи и, само по неколку месеци од нејзиното издавање во САД, веќе е достапна и на нашиот пазар преведена на македонски јазик.

АРС СТУДИО, основанo во 2000 година, ги има ексклузивните права за издавање на книгата „Повторно величествена ‒ Како да ја поправиме нашата осакатена Америка” на македонски јазик, која можете да ја купитеединствено во нивната штанд-книжарница во Скопје Сити Мол, 2 кат.

Во штанд-книжарницата на издавачката куќа АРС СТУДИО можете да најдете и најнови изданија на македонски јазик на литературни дела од врвни наградувани автори и стручна литература од областите филозофија, историја и психологија.

ВИДЕО: Потона Мис Стоун, нафтата се излеа во Охридското езеро

Огромна нафтена дамка ја прекри водата во каналот Студенчишта, пишува порталот Охрид 1.

Мирис на нафта се шири од излеаната нафта во каналот Студенчишта која го прекри речиси целиот канал во неговиот горен дел кон Билјанини Извори, и распрснати парчиња од дамката веќе стигнаа до устието на каналот Студенчишта каде тој се спојува со Охридско Езеро.

Нафтата според рибарите истекла од бродчето „Мис Стоун“ кое до половина потонато утрово го забележале во каналот.

Рибарите ( кои и покрај тоа што каналот е прекриен со нафта )  велат дека вчера се било во ред, и дека најверојатно еколошкиот инцидент со излеаната нафта и тонењето на бродчето настанал во текот на ноќта.

Низ каналот Студенчишта во Охридско Езеро се слева  вода од изворите „Бејбунар“ ( кои имаат вода, од „Билјанини Извори“ ( во моментов немаат вода ) и од изворите на „Хидробиолошки Институт“ ( кои имаат вода )

До објавувањето на веста не беше известена ни една институција, ни полиција ( пред која нафтата течеше бидејќи тука е лоцирана езерската полиција ), „Хидробиолошки Институт“ ни „Капетанија на пристаништа“.

Јоци: Ниту одев по улици за ова, ниту имам намера да ве гласам пак

Поранешната новинарка, која беше дел од „шарената раволуција“, Јорданка Ивановска - Јоци, многу брзо се разочара од новата власт на централно и локално ниво. Своето незадоволство го изрази преку статус на ФБ.

ВИДЕО од синоќешната акција на МВР и УЈП во Тетово

Министерството за внатрешни работи објави видео снимка од вчерашната контрола што ја изврши во ноќните клубови во Тетово.

Полициските екипи заедно со инспектори на Управата за јавни приходи синоќа проверуваа угостителски објекти во повеќе градови, меѓу кои и во Прилеп, Битола, Тетово, Гостивар и во Велес.

Минатата недела имаше акција во Скопје, во која беа затворени 13 локали.

Детали за синоќешната акција се очекуваат по прес конференцијата на МВР, која ќе се одржи денеска во 13:30 часот.

Популарно