Пред нас се некрстени денови - секоја вечер треба да оставате храна на масата

Деновите од Божиќ до Богојавление, се верува во народот дека се викаат „некрстени“ и со себе носат одредени верувања.

Во народот се верува дека тие денови земјата е отворена и мртвите излегуваат од неа, а со нив и различни демони. Поради тоа во минатото постоел обичај во овој период да се организираат маскирани поворки од страна на мештаните за да ги истераат на тој начин демоните кои овие денови шетаат по земјата. Маскирани момчиња пред секоја куќа пеат коледарски песни со топуци на нозете и со стап удирајќи. Домаќините во знак на благоданрост им даваат подароци.

Ова верување настанало бидејќи како што се вели, овој е период од годината кога Исус се уште не бил крстен и поради тоа демоните овие денови слободно шетаат по земјата од моментот кога ќе запее првиот петел.

Поради тој обичај овие денови не се излегува надвор без потреба, но доколку морате со себе треба да си понесете лук, крст или оштар метален предмет.

Надвор не треба да се остава ништо бело, ниту било каква детска облека бидејќи ова е идеално време за уроци и магии.

Исто така не треба да го фрлате ѓубрето од дома бидејќи се верува дека на тој начин си ја изнесувате среќата од дома.

Навечер оставајте малку храна на масата бидејќи се верува дека духовите ќе го штитат вашето огниште.

Денеска е Свети Кирил и Методиј: Еве што треба да направите

Православната црква денеска ги прославува светите браќа Кирил и Методиј, кои ја ширеле христијанската вера и писменост. Празникот во црковниот календар е одбележан со црвено, што значи дека е тежок празник.

Народните верувања велат дека на овој ден не се пере, не се пушта правосмукалка, ниту пак се работат било какви тешки работи по дома. Добро е на овој празник децата да читаат книги, како добро би учеле во текот на целата година. Ова важи и за студентите. За да имаат успешна учебна година потребно е утре да читаат.

Денеска е празник во чест на чудата на Свети Јован Богослов

Денеска е Св. апостол и евангелист Јован.

Споменот на свети Јован Богослов се празнува во месец октомври. А на денешен ден, 21 мај (8. по стариот календар) уште од првите векови се празнува споменот на благодатните чуда што се случуваа на гробот на свети апостол Јован. Црковните песни што се пеат на денешен ден се составени во осмиот век од свети Јован Дамаскин и од цариградскиот патријарх Герман.

Свети апостол и евангелист Јован Богослов 

Празник во чест на чудата на Свети Јован Богослов 

Со името на светиот апостол и евангелист Јован се поврзани два празника. Празникот на 21/8 мај, е востановен во чест на чудата што се случувале над неговиот гроб. Имено, покрај многуте чуда што ги направил за време на животот (воскреснал мртви, исцелил болни, ја скротил бурата на морето, а кога патниците на бродот немале вода за пиење солената вода ја претворил во слатка итн.), секоја година на 8 мај (с.с.) од неговиот гроб излегувала прашина од која оздравеле многу болни. Песните што на тој ден се пеат во црквата во негова чест главно се составени од Јован Дамаскин и од цариградскиот патријарх Герман во VIII век. 

Роден е во Витсаида, град на брегот на Галилејското Езеро и е помлад брат на апостолот Јаков, според татко му наречен Заведеев. Татко му се викал Заведеј, а мајка му Саломија и била ќерка на Јосиф, старателот на Богородица, кај кого што живеела по напуштањето на божјиот храм.

Јован бил рибар и заедно со брат му и со татко му ловеле риби на езерото. Еднаш кога ги крпеле мрежите кај нив наминал Исус и ги повикал Јована и Јакова. Тие веднаш го напуштиле татка си, бродот и мрежите и му се придружиле. Исус му бил посебно наклонет на Јована поради што овој присуствувал на сите поважни настани од неговиот живот. Заедно со Јаков и Петар присуствувал на Преображението на Исус на планината Тавор, тројцата биле заедно и кога Исус ја воскреснал Јаировата ќерка, а близу до Исус биле и кога тој се молел во Гетсиманската градина непосредно пред страдањата. Исус му укажал посебна чест кога на Тајната вечера го седнал до него и токму нему го претскажал предавството на Јуда. Кога Исус кажал дека ќе биде предаден од еден од апостолите само Јован се осмелил да го праша кој ќе биде тој што ќе го предаде. Кога Исус бил фатен сите ученици се разбегале само Јован одел по него и додека го воделе кај првосвештениците и подоцна кон Голгота. Присуствувал и на распнувањето и сочувствувал при овој чин, заедно со Богородица и Марија Магдалена. По погребот на Исус и по воскреснувањето кога жените соопштиле дека го нема телото во гробот Јован прв се сетил дека Исус е воскреснат. Сепак, најголема чест Исус му направил кога во претсмртниот час му ја оставил мајка си да ја чува. „А Исус, штом ја виде мајка си и ученикот кого го љубеше, како стои, и рече на мајка Си: ʼЖено ете ти син!ʼ Потоа му рече на ученикот: ʼЕте ти мајка!ʼ И од тој час ученикот ја зеде при себе“. (Јован 19/26,27) Јован ја зел Богородица кај себе и се грижел за неа како за вистинска мајка сè до нејзиното успение.

По Вознесението на Исус, додека била жива Богородица тој проповедал во Палестина, а потоа низ Мала Азија. Најдолго престојувал во Ефес. И подоцна Исус му се јавувал на Јована, а еднаш му раскажал за иднината на неговата црква. Според ова јавување Јован го напишал своето дело „Откровение“ со коешто завршува Светото писмо (Библијата). Напишал и други дела, а најпознати се трите посланици. Од неговите дела се гледа дека бил талентиран писател и дека имал моќ да ги разјасни најдлабоките тајни на Христовата наука, поради што е наречен Богослав. Со своите проповеди многумина пагани обрнал кон христијанство поради што од царот Домицијан бил многу мачен. Му дале да испие отров, потоа го фрлиле во жешко масло, а кога и од тоа немал никакви последици плашејќи се дека е бесмртен царот го протерал на островото Патмос до брегот на Мала Азија. 

Кога на римскиот престол дошло до значајни промени, кога бил убиен Домицијан, а на негово место дошол Нерво, христијаните добиле извесни слободи. Тогаш и Јован се вратил во Ефес од прогонство каде што минал 25 години. Христијаните го пречекале со голема радост и со зборовите: „Благословен е оној што доаѓа во името Господово“. Кога се појавиле разни ереси што го нагрдувале вистинското христијанско учење овдешните епископи го замолиле тоа што го проповедал усно и да го напише. Еден ден го зел со себе ученикот Прохор се искачиле на една висока планина и, по три дена минати во пост и молитви, Јован по волја на Светиот Дух започнал да зборува, а Прохор да запишува: „Во почетокот беше Словото и Словото беше во Бога, и Бог беше Словото...“ Бидејќи ги знаел содржините на трите евангелија според Лука, Марко и Матеј, Јован ги запишал оние моменти од животот на Исус што не биле опишани или доволно објаснети. Така настанало евангелието напишано според Јован Богослов. Има различни мислења за времето кога е напишано ова евангелие. Според едни тоа е напишано околу 90-95 година, а според други многу порано, околу 40-65 година.

Евангелието по Јован започнува со зборовите: „Во почетокот беше Слоовото и Словото беше во Бога и Бог беше Словото.“ (Јован 1:1) Ова евангелие е многу поразлично од другите три, како според материјалот што го вклучува, така и според неговата обработка. Исус е претставен како месија уште од самиот почеток

Според божјата волја доживеал длабока старост. Починал на 105 годишна возраст и е единствен од дванаесетте христови апостоли што умрел од природна смрт. Кога си го почувствувал крајот зел со себе неколкумина од своите ученици меѓу кои и неговиот постојан придружник Прохор, ги одвел надвор од градот, ги замолил да ископаат гроб, а потоа, откако им ги дал последните упатства легнал во гробот и ја предал душата на Бога. Споменот на смртта на Светиот апостол и евангелист Јован Богослов се празнува на 26 септември по стариот, (или на 9 октомври по новиот) календар. 

Денеска е ден на големите маченици Тимотеј и Мавра

Христијанските светители Маченици Тимотеј и Мавра биле маж и жена , кои после венчавката  за време на владеењето на владиката Диоклеција се изведени пред суд поради Христијанската вера. Тимотеј беше отец во тиваидската црква.

Кога го прашале на суд кој е, тој му одговорил:

- Јас дум Христијанин и отец во црквата Божја, па Гевернерот продолжилсо прашањата.

-Зарем не ги гледаш оружјата за мачење околку тебе?

-И ти не ги гледаш ангелите Божји кои ме крепат- одговорилл Тимотеј

Па така Беседата на овој ден вели:

„Природата го создала и родила човекот. Затоа, човек во однос на природата е пониската природа, слуга во пазувите на природата, на работ на синџирот на природатата.Ќе се посрамотат оние кои велат дека така кога ќе паднат во неволја, и ќе извикуваат кон Бог: Стани и избави не!„

„Нека се покајат грешниците вистински, нека ја насочат својата љубов спрема Бог и тој ќе им помогне. Нека го завртат грбот на мртвите дрвени фигури и камења и нека се свртат кон ликот на шивиот Бог зошто само тој може да им помогне.Семочниот не е злопамтило и не се одмаздува. Не ги создал луѓето засмрт туку за живот„ Затоа обратете се на Бог .

Популарно