Препораки од лекарите за заштита при екстремно ниски температури

Граѓаните да не излегуваат надвор доколку немаат неопходна потреба, да конзумираат топли напитоци и храна што ја одржува температурата на телото, да избегнуваат алкохол и соодветно да се облекуваат, препорачува Комисијата за оперативно спроведување на активностите од Акцискиот план за заштита на здравјето на населението од студено време.

Во случај на екстремно ниски температури за заштита на здравјето на населението, се препорачува избегнување физичка активност на отворено, користење топла, повеќеслојна облека и соодветни обувки за снег и мраз како и внимателно одење.

Се препорачува граѓаните што е можно повеќе да бидат активни и да се движат во затворени простории, да го проверат греењето во домот и доколку се во можност да помогнат на членовите на семејството, соседите или пријателите кои спаѓаат во ризичните групи на население.

Ранливите групи на население, како старите лица се препорачува да се облекуваат потопло, бебињата почесто да се проверуваат дали се загреани, срцево болните да избегнуваат тешки вежби и редовно да земаат лекарства, бидејќи се изложени на зголемен ризик од можни здравствени последици при студено време.

Доколку граѓаните забележат лице од ризик од студено време како бездомник или деца на улица, истото да го пријават на бесплатниот телефон 15 505.

Службите за медицина на труд имаат обврска да обезбедат соодветни информации на работодавачите и работниците кои работат во услови на ниска температура за постоечкиот ризик како и примена на соодветни мерки за справување со ризикот од ниски температури.

За работодавците се препорачува да воспостават план на делување при работа во услови на студ и ниски температури, да се запознаат работниците со опасностите на кои се изложени при работа на отворено и со мерки кои треба да се превземат со цел за заштита на живот и здравје на работниците, во екстремно студени услови, да се обезбедат кратки прекини во работата во топли засолништа и да се организира работата во најтоплиот дел од денот како и да се скратат периодите на работа надвор.

На работниците им се препорачува да се запознаат со знаците и симптомите на заболувањата и повредите предизвикани од студ, да користат слоевита, комотна и топла облека за студено, влажно и ветровито време, со капи, соодветни обувки, ракавици и да консумираат поголеми количества топли, засладени напитоци и да избегнуваат пијалоци со кофеин и алкохол.

(ВИДЕО) Вака ќе преживеете срцев удар дури и да сте сами: Доволно е да го правите ова

За секој случај, треба да ја знаете оваа процедура доколку во оваа неизвесно време на криза, депресија и стрес ви се случи да доживеете инфаркт, а помошта е на пат.

Според истражувањето, 80% од случаите на смрт предизвикани од срцеви удари се кај лица кои биле сами во време на срцевиот напад и не можеле да си помогнат.

Како да знаете дека имате срцев удар?

Симптом за инфаркт е остра болка во градите која се шири кон рацете и вилицата.

Според лекарите, имате 15 секунди да си помогнете пред да ја изгубите свеста.

Понекогаш симптомите почнуваат полека и траат подолг временски период, што значи дека имате време да стигнете до најблиската болница или да повикате помош. Но, не ризикувајте туку спроведете ја следната постапка.

Кашлајте константно и силно. Дишете длабоко пред секое искашлување. Кашлањето мора да биде длабоко и продолжено. Длабоко вдишете и тешко кашлајте на 2 секунди, додека помошта не стигне или срцето не почне да работи правилно.

Длабокото дишење носи кислород во белите дробови и движењата на телата во текот на кашлањето го стегнуваат срцето и ја одржуваат циркулацијата на крвта. Крвниот бран повторно го воспоставува нормалниот ритам.

Во меѓувреме, повикајте помош од вашите соседи. Не престанувајте со кашлањето додека некој не ви се јави на телефон. Тоа ќе ви го спаси животот!

Според лекарите, луѓето кои го практикуваат овој метод успешно стигнуваат во болница.

Овој метод не е научно докажан, но докторите ова го советуваат кога ќе забележат симптоми на срцев удар.

Најдобро е да воспоставите нормален ритам на срцето, а да не ја изгубите свеста.

ФОТО: Докторите рекле дека Мариана нема да го преживее раѓањето, а денеска муза на многумина

Кога Маријана Сфакианакис (23) требало да се роди на нејзината мајка и рекле дека бебето нема да преживее. Девојчето било прерано родено, па поради премногу минато време без кислород претрпела делумни иштетувања на мозокот и била родена со церебрална парализа. Кога ќе ги видите нејзините фотографии денес, никогаш не би претпоставиле такво нешто.

До својата шеста година Маријана живеела многу тешко, а тогаш следувала операција. Тогаш за прв пат почнала да чекори. Ја чекале осум месеци солзи и болка, а одела и на сериозна рехабилитација.

Секако, уште многу години имала доста слабо здравје, но тогаш одлучила да се посвети на спортот – систематски тренинзи.

По многу време минато во теретана девојката започнала да зајакнува, а со време влегла ритам со сите психички и физички проблеми кои биле последица на нејзината болест и секој ден била се повеќе и повеќе сигурна во себе.

Благодарение на нејзината упорност и верба таа денеска живее како и сите девојки на нејзини години, а има и 60.000 фанови на Инстаграм, кои секојдневно ја храбрат, додека таа ги инспирира нив со својата приказна.

 

A post shared by Mariana Sfakianakis (@smokingguns) on

 

A post shared by Mariana Sfakianakis (@smokingguns) on

 

A post shared by Mariana Sfakianakis (@smokingguns) on

 

A post shared by Mariana Sfakianakis (@smokingguns) on

 

A post shared by Mariana Sfakianakis (@smokingguns) on

Популарно