Препознајте вагина што немала секс долго време

Придобивките од задоволителен и интензивен сексуален живот е многу – подобрен имунолошки систем, пониски нивоа на стрес, нормален крвен притисок, помала шанса од кардиоваскуларни болести, одлично расположение и не на последно место чувство на среќа и оптимизам.

Не секоја жена, сепак може да се пофали со висока активност во спалната и постојат голем број на причини тоа сериозно може да влијае на здравјето на нејзината вагина.

Погледнете што се случува кога ќе ги оставите долго своите интимни делови без внимание и оргазми:

1. Следниот сексуален однос може да биде болен

Долгата апстиненција води до загуба на разтегливостана мускулите во интимната област, како и до помало подмачкување. Тоа од своја страна може да предизвика сексот да стане во нешто болно, објасни Брет Уорли, гинеколог од медицинскиот центар при универзитетот во Охајо. Таа ги советува дамите без сексуален партнер да се грижат себе си со вибратори или други играчки кои да го одржуваат тонусот на мускулите.

2. Вагината буквално може да се заклучи

Болката при секс по апстиненција брзо ќе помине, најлошо е ако вагиналните мускули се тесни до таков степен што дури прст да не може да навлезе меѓу вагиналните ѕидови. Оваа состојба се нарекува “вагинизмус” и за неговото решавање е потребна професионална медицинска помош. Често тоа е резултат на сериозна повреда како силување, но може да се случи и на жена која не претрпила ништо слично.

3. Желбата за секс исчезнува

Во отсуство на редовен секс, на жените им станува тешко да се возбудат. Кај некои дури и доаѓа момент во кој тие престануваат да се возбудуват од секс и да го сакаат. За да не дојде до тука, експертите препорачуваат да мастурбира редовно.

4. Вагината “старее”

Многу жени го намалуваат драматично и ги запираат сексуални искуства по репродуктивниот период. Во периодот на менопауза и предменопауза естрогенот во телото нагло се намалува, што доведува до губење на густина и еластичност на интимните делови. Практично ѕидовите на вагината ви се истенчуваат и се сушат, како целите внатрешни срамни усни Вдлабнувањето. Кај жените кои водат активен сексуален живот и во 50-тите и 60-тите овие процеси се силно задоцнети.

Никогаш нема да ја знаете вистината за вашиот пенис сè додека не ги прашате бившите девојки

Во зависност од тоа по каква основа сте го добиле овој статус, вашите бивши веројатно се најдобриот авторитет за оваа проблематика. Не само што ќе ви завршат работа повеќе од кое било научно истражување и класификација, туку ќе ви ги отворат очите за одредени ставки за кои не сте ни имале поим дека некој им обрнува внимание.

Генералниот консензус на бившите девојки на Дејви Ротбарт е дека пенисот му е "средна големина ама врши работа."

Она што го открива по пат е дека:

- Негова бивша девојка имала врска со ММА борач кој имал огромен пенис, ама неговата "преголема самодоверба функционирала во сексуални ситуации, но не и за долги врски."

- Девојките обрнуваат внимание на текстурата и формата на вашиот полов орган.

- Исто така кај различни мажи е различна и тврдоста на пенис во ерекција. (И тука важи златна средина - "Имав еден дечко што му беше тврд како маркер. Сексот со него беше како вонземјани да ти ставаат сонда.")

- Совет: ни една жена не е задоволна од мал пенис, ама ќе биде повеќе од задоволна ако си добар со други работи.

(Исто така, без разлика на големината жена секогаш ќе најде начин да не те навреди во споредбата со други мажи, и да ти најде некоја карактеристика по која што си ти најдобар. Тоа треба да се почитува.)

Каков е во сексот: Колкав му а палец, толкав му е...

Со векови наназад судбината се читала преку дланката, но и особините на самата личност. Покрај тоа, дланките откриваат и уште многу други интересни работи за некого, па не е чудно што нашите баби знаеле да кажат „каков палец, таков маж“.

Старо верување е дека според палецот се познава мажот а тоа е интригантно и денеска. И додека малиот прст говори за сексуалната енергија, така изразито големите дланки на пример се одлика на личности кои многу размислуваат и тешко преминуваат од збор на дело, а во сексот тоа значи да ќе го изначекате.

Од друга страна, ако Венериниот белег кој се наоѓа во подножјето на палецот, кај вашиот момче е нагласен и месест, тоа значи дека тој е енергичен и сензуален. Ако пак, овој дел од дланката е рамен, можно е да имате работа со малку подосаден маж.

Голем палец е јасен знак на доминација во креветот, затоа што тој прст ги контролира сите други, па по таа логика, а симболизира и јака сексуална енергија и заповеднички карактерискити. Сепак, личност со мал палец не мора да значи дека е се во спротивност со ова, туку најверојатно има тешкотии отворено да зборува за својоите сексуални потреби.

Жените го кажаа своето: Ова е идеалната должина

Новата студија, спроведена од страна на порталот Plos One одговара на тоа прашање и конечно разјаснува која е идеалната големина на пенис, која ќе ја задоволи секоја жена.

Вистината излезе на виделина и за некои можеби нема да биде пријатна. Научниците од универзитетите Њу Мексико и Калифорнија спровеле истражување и анкетирале 75 жени така што замолиле да изберат пенис по свој „вкус“ со 3Д приказ на пениси со различни големини.

Резултатите покажале дека 16 сантиметри е идеалната големина на пенис, според мислењето на повеќето жени.

Популарно