Пријателите и колегите на Манда ќе го отплатат неговиот кредит за стан

manda-650x396

Колегите и пријателите на српскиот актер Милорад Мандиќ Манда кој ненадејно почина во 55-тата година од животот, решија да му помогнат на неговото семејство и да го отплатат станбениот кредит во износ од 85.000 швајцарски Франци, пренесуваат српските медиуми.

Оваа акција ја покрена Драган Бјелогрлиќ, а тој не сака овој товар да падне на плеќите на сопругата на Манда, па заедно со колегите ќе отплати се што не покрива осигурувањето, пишува „Информер“.

Точно е. Тоа ќе биде решено. Луѓето се јавуваат да помогнат. Човекот што собра над милион евра за театарот остана должен за својот кредит. Нема многу такви луѓе, вели Бјела.

Меѓу првите кон оваа акција се приклучи и режисерот Милан Караџиќ.

Драган Бјелогрлиќ како негов кум и јас како близок соработник сакаме финансиски да им помогнеме на Ања и Андрија. Манда зад себе ја остави сопругата и детето со кредит за стан што со својата макотрпна работа го отплаќал. Анастасија тешко ќе успее во тоа сега кога го нема. Бјела е мотор на целиот проект, а ќе ни се приклучат уште колеги. Најверојтно ќе основаме Фонд што ќе биде транспарентен, вели Караџиќ.

Мајката на Данка бришела пораки од телефонот

Според неофицијални сознанија од истрагата, вештачењето на мобилниот телефон на Ивана Илиќ покажало шокантни и донекаде загрижувачки информации.

Имено, како што пренесе Пинк.рс многу пораки и податоци за повици се избришани.

„Она што е особено изненадувачки е што ден пред исчезнувањето и на денот на исчезнувањето на малата Данка, од телефонот се избришани многу пораки и повици. Ова го утврдиле инспекторите за високотехнолошки криминал. Пораките и повиците може да се избришат од телефонот, но да останат во базата на податоци“ рекол изворот за Пинк.рс.

Вратен и третиот мандат за формирање влада, следат нови избори во Бугарија

Претставниците на партијата „Има таков народ“ (ИТН) денеска на бугарскиот претседател Румен Радев му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада, што тој им го врачи, со што се отвора патот за закажување на вонредни парламентарни избори.

Мандатот што и беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање на редовна влада во рамките на Народното собрание, јавува Бугарското радио.

Претседателот Радев сега мора да одреди датум за предвремени парламентарни избори, откако три мандати за формирање влада му беа вратени.

Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот

Хрватскиот државен инспекторат ги повлече од пазарот наполитанките „Нестле Кит Кат мини“ поради присуство на минерални масла, соопшти Агенцијата за земјоделство и храна.

Се повлекува исклучиво „Несле Кит Кат Мини“ 200 г во кесичка серија 40580734, со рок на траење од 01.2025 година, пренесува Дневник.хр.

Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а дистрибутер за Хрватска е Nestle Adriatic д.о.о. од Загреб.

Популарно