ПРИЛЕП: Пронајдено починато тело на 26. годишно момче

На телото ќе биде извршена обдукција за да се откријат причините за смртта.

Вчера во 15,45 часот во Прилеп поточно во објект од поранешно инфективно одделение, било пронајдено починато лице.

Смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица-Прилеп, при што било констатирано дека најверојатно се работи за лицето П.М. (26) од Прилеп.

По наредба на јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Нимиц: Да бев Македонец, немаше да преговарам за моето име

Македонското меѓународно движење за човекови права од Торонто, прку соопштение објави дека специјалниот претставник на ОН Метју Нимиц им го изјавил следново: „Неофицијално - ако бев Македонец, немаше да преговарам за моето име“.

Го гледаме огромниот притисок врз Македонија да го смени името, за да се смири угнетувачот Грција, па затоа одлучивме, во име на Метју Нимиц, јавно да да ги објавиме неговите чувства.

Исто така, кога претседателот на ММДЧП, Бил Николов, го праша Нимиц, какви се неговите очекувања доколку Македонија се повлече од преговорите за името, тој одговори: „Ништо. Не верувам дека би имало какви било последици“. Потполно идентичен одговор добивме и од претставниците на американскиот Стејт департмент кога Николов го постави истото прашање. И згора на тоа, од Стејт департментот рекоа дека според нив решение за спорот за името нема и дека прекинот на преговорите би била логична одлука.

ММДЧП уште еднаш го повторува своето барање до сите политички партии и политичари од Македонија да ги осудат преговорите за името и веднаш да ги прекинат. Болно одекнаа неодамнешните изјави на премиерот Заев во Бугарија кои значат дека тој е подготвен да го продаде вековното име, етничкото потекло и идентитетот на Македонија, само за да ги задоволи Европската Унија, НАТО и САД. ВМРО, вие имавте шанса да го прекинете таканаречениот „спор за името“ додека бевте на власт, но одлучивте да не го направите тоа. Откажете се од преговорите за името веднаш. Премиеру Заев, не можете да преговарате за нешто што не е ваше. Дејствувајте барем еднаш во интерес на Македонија и напуштете ги преговорите“, се вели во соопштението на Македонското меѓународно движење за човекови права

Судењето на Заев за „поткуп“ одложено за 27ми Септември - еве зошто

Заев денеска, првпат како премиер, присуствуваше на рочиште во Основниот суд Скопје 1, како обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев, во вредност од 160 илјади евра за градежно земјиште во Струмица.

Судењето за предметот „Поткуп“ во кој обвинет е премиерот Зоран Заев денеска е одложено за 27 септември, откако одбраната побара изземање на снимките од Посебните истражни мерки кои веќе беа објавени на Јутјуб. 

Заев изјави дека тој и неговата одбрана размислувале дали да ја објават целосната снимка за да се дознае целата содржина или да бараат нејзино изземање како доказ, по што се одлучиле да ја искористат втората можност што им ја дозволува законот.

Обвинителството треба да утврди и како снимката завршила на интернет.

Најава за силен земјотрес во Македонија ?!

 Првична изјава за јачина од 3,7 степени, но подоцна од Сеизмолошката опсерваторија објавија дека бил со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала е шестиот по ред земјотрес во последните два дена.

Според Михаил Гаревски, првиот човек на Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија(ИЗИИС) не може да се знае што понатаму ќе следи, дали ќе се смири земјиното тло или пак ќе има уште неколку нови потреси.

“Слушнав дека имало потреси во Охрид. И ова е најсилен  потрес до сега во овој регион. Но, јас не сум во земјава, потенцирам, не сум тука за да можам да видам што се случува и да кажам што би можеле да очекуваме. Ова е сигурно сега е некоја релаксација на земјиното тло. Според мене може да следат еден, два помали земјотреси, па да се смири тлото, но може да има и еден поголем“, објаснува Гаревски.

Епицентарот на последниот земјотрес беше на 5 километри северо-западно од Ресен на длабочина од 10 километри.

Во 1 часот и 2 минути по полноќ беше почувствуван земјотрес во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од 3,3 степени според Европската Макросеизмичка Скала, по кој следуваа уште два со јачина од 2,4 и 2,7 степени.

Популарно