Промена на возните линии на ЈСП: Проверете дали автобусот којго користите сменил линија

Нови возни редови има на линиите „7“, „17“, „18а“, „21б“, „28“, „56“, „56а“, „65а“„15“, „15а“, „24“,„65в“, „11“, „11а“, „18“, „33“, „44“, „58“, „58а“, „58б“, како и „80а“, „163“ и „165“.

Повеќе линии на ЈСП претрпуваат одредени измени. Така, нови возни редови имаат линиите со броевите „7“, „17“, „18 а“, „21б“, „28“, „56“, „56а“, „65а“. Корекции на одредени термини на поаѓање ќе имаат и линиите со броевите „15“, „15а“, „24“,„65в“, „11“, „11а“, „18“, „33“, „44“, „58“, „58а“, „58б“, како и „80а“, „163“ и „165“. Овие измени се донесени со одлука што беше усвоена на последната седница на градскиот совет. Истовремено, согласно оваа одлука, пробната линија со број „28“ која сообраќа до Македонско село станува редовна линија.

Линијата број „13“ ќе ја промени крајната дестинација и наместо од Железара до игралиштето во Кисела Вода, сега ќе оди само до Кисела Вода. Измена има и линијата број „24“ која наместо Кисела Вода - Припор - Тафталиџе2, сега ќе оди од игралиштето во Припор до Тафталиџе2. И приградската линија „65в“ ја менува трасата и од Транспортен центар ќе оди до Стајковци, Инџиково, Црешево и патот за Брњарци.

„Одлуката која беше донесена од страна на Советот на Град Скопје, а се однесува на измените во превозот, официјално стапува во сила осмиот ден од објавувањето во ’Службен гласник на Град Скопје‘. За оваа одлука и за почетокот на нејзината примена патниците ќе бидат своевремено информирани и измените ќе можат да ги најдат посетувајќи ја веб-страницата на ЈСП. Корекциите на времето на поаѓање и пристигнување на одредени линии и нови возни редови се направени врз основа на барањата и потребите на граѓаните“, вели Билјана Јанкуловска, одговорна за информирање во ЈСП.

Скопјанец: Не ме примија на Клиника бидејќи немаше слободен кревет

Гоце има 70 години. Тој целит свој живот век го поминал во скопскиот регион, но како што вели до сега ова му се нема случено.

Тој живее сам. Ќерките му се омажени, а сопругата почината. Минатата недела додека бил дома, му се слошило. Добил силна вртоглавица и болка. Веднаш побарал помош од лекарите.

Матичниот лекар веднаш го упатил на една од скопските Клиники, но за него таму немало место.

-Ме прегледаа и ми кажаа дека морам да останам во болница да ме испитуваат, но дека тоа не може да биде веднаш, туку мора да чекам 3-4 дена за да се ослободи некој кревет, бидејќи во тој момент немало слободен, вели Гоце за Скопје Инфо.

Од Клиниката му кажале да си оди дома и да се одмара, без да му дадат никаква терапија, и дека тие ќе му се јават кога ќе се ослободи некој кревет.

-Ми се јавија после 4 дена да одам на Клиника. Кога отидов таму ме натераа да потпишам дека се сложувам да бидам во соба, која е мешана со мажи и жени, раскажува Гоце.

Што се случува со македонското здравство се прашува тој. Во 21 век немаме болнички кревети, а сепак постојано се зборува за модерно здравство. 

Тврдокорните излегоа на протести пред Собранието: Со двојазичноста ја губиме државата

Тврдокорните кои денеска излегоа на протести пред Собранието тврдат дека со двојазичноста се губел македонскиот карактер на државата, односно се губела самата држава.

Тие со транспаренти и патриотски песни се „борат“ против Законот за јазици.

Според нив, нејасно е како албанскиот јазик може да биде службен јазик во Гевгелија, Валандово, Струмица, Кочани, Штип, Радовиш, Берово, Крива Паланка.

Хорор убиство го потресе Скопје: Жена нападна друга жена со секира, па била усмртена со нож

Телевизијата SHENJA објавува детали за убиството што се случи синоќа на улицата „Дижонска“ во скопската наслебад Чаир.

Како што дознава TV SHENJA, вчера на местото дошла жена од Тетово, која нападнала друга жена со секира. Нападнатата потоа ја прободела со нож и ја убила жената од Тетово.

Таа била испратена со возило за брза помош во болница, но им подлегнала на повредите

Екипи од МВР и Јавното Обвинителство веднаш излеголе на местото на настанот за да го истражат случајот.

Се очекува МВР да излезе со официјална верзија за убиството во Дижонска.

Популарно