Рафаел Шумахер прогласен за мртов!

mrtov-640x246

Состојбата на Шумахер стануваше се полошо од 21 јануари. Тој не реагирал на терапија и лекарите заклучиле дека се здобил со тешко и неповратно оштетување на мозокот.

Италијанскиот актер Рафаел Шумахер, кој случајно се обесил за време на театарската изведба на сцената линчување е прогласен за клинички мртов.

Шумахер паднал во кома откако сцената со бесење во театарска претстава тргнала на лошо што резултирало со давење.

Рафаел Шумахер (27) глумел во претстава под име „Мираж“ (Фатаморгана) во Театарот Лукс во Пиза кога еден од гледачите забележал дека нешто не е во ред.

mrtov

Лекарите го прогласија за клинички мртов актерот кој е во кома од 30 јануари.

Отворена е истрага за мерки за безбедност и заштита во театарот, јавува Би Би Си.

Состојбата на Шумахер стануваше се полошо од 21 јануари. Тој не реагирал на терапија и лекарите заклучиле дека се здобил со тешко и неповратно оштетување на мозокот.

По шестчасовната процедура со која се утврди клиничка смрт, болницата издаде соопштение во кој наведува дека семејството и обвинителството дале дозвола неговите органи да се донираат.

Им дал 800 евра а за возврат му ветиле дијаманти, измамен кумановец во Скопје

На 26.03.2024 во 14.30 часот во СВР Куманово, 73 - годишен маж од Куманово пријавил дека на плоштадот „Македонија“ во Скопје бил измамен од две лица за сума од 800 евра.

Според пријавеното, лицата му кажале дека направиле сообраќајна незгода и дека им требаат парите за да одат на лекар и за возврат ќе му дадат дијаманти, а откако ќе завршат ќе се вратат и ќе му ги дадат парите. Како што е пријавено, тој им ги дал парите, а тие му дале накит за кој подоцна утврдил дека е бижутерија. Исто така, според пријавеното, лицата не се вратиле, по што сфатил дека е измамен, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ужасната болест го згасна младиот живот на големиот талент

Омилениот актер на многумина, а сигурно еден од најталентираните Маринко Маџгаљ, на денешен ден пред осум години ја загуби битката со ужасната болест – ракот на панкреасот.

Маринко Маџгаљ, вечното момче, како што го нарекуваа, ќе остане запаметен по бројните величествени улоги.

Маџгаљ имаше само 37 години кога дознал за болеста, но за жал, веќе било доцна.

Лекарите му рекле дека му остануваат само уште три месеци живот, кои според пријателите и семејството ги живеел најдобро што можел. Снимаше серија во Црна Гора, отиде на хемотерапија и 20 дена пред смртта се крсти во манастирот Острог, иако поради својата слабост едвај издржа, што го криеше од многумина.

Маринко до последниот ден веруваше во опоравување и победа, што го докажа со објава на Фејсбук:

-Пријатели, пристигнаа многу пораки! Сите сте толку слатки, љубезни и полни со убави зборови и желби! Ви благодарам за секој напишан збор, ви благодариме за сите лекови што ги препорачувате, ви благодараме за желбите за брзо закрепнување! Ќе се обидам што поскоро да танцувам на сцената, да застанам пред филмската и ТВ камерата и повторно да бидам со сите вас. И пеам! Вашиот Маки ве сака сите!

За жал, тоа не се случи. Маринко беше погребан на 29-ти март на гробиштата Ново Бежание.

Мирко Попов ќе биде погребан денеска на Градските гробишта „Бутел“

Денеска, 26 март, во 12.30 часот, на скопските гробишта „Бутел“ во Капела 1 ќе му оддадеме почит на прерано починатиот музичар, композитор, текстописец, издавач, диџеј и продуцент Мирко Попов, објави неговата издавачка куѓа „ПМГ Рекордингс“.

Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите роденденски диџеј сетови во раните 80-ти години на 20тиот век. Неколкуте авангардни музички револуции во 80-тите, но и неверојатно високиот квалитет на поп музиката од тоа време помагаат да развие здрава љубопитност, разнолик музички вкус и ориентација кон постојан прогрес, што ќе се одрази пресудно во понатамошните одлуки.

Првиот професионален диџеј букинг го добива во 1992 година и оттогаш не престанува со настапи. Истата година добива простор во култното скопско музичко радио „Канал 103“, што е еден од клучните моменти во неговиот развој како личност и музичар. „Слободното изразување, кое е основна филозофија на оваа радио станица може да направи чуда со човек“, велеше Попов. Од 2008-ма до 2010-та е и главен и одговорен уредник на Канал 103.

Во 1993 е во епицентарот на македонската техно-културна револуција, ставајќи го Скопје на мапата на ова современо движење. Канал 103 е главниот катализатор и на овој модерен восклик на новата генерација. Во тој правец се движи и формирањето на ПМГ Колективот во 1995-та од Мирко Попов (и Александра Малевски), како манифест на акцијата која треба да го победи незадоволството од актуелната состојба. ПМГ во следните години ќе прерасне во водечка авангардна сила на скопските улици, одговорна за широк спектар акции во полето на музиката и урбаната култура. Настаните на ПМГ од 90-те се суштината на скопскиот урбан фолклор од тоа време, а Мирко Попов како диџеј, има можност редовно да настапува низ регионот, но и на некои атрактивни европски клупски дестинации.

Во 1998 ја формира ПМГ Рекордингс, дискографска куќа која има намера да ја регистрира и промовира квалитетната музика на новото време, славејќи ја современата култура и исправајќи историски грешки и неправди нанесени на македонската музика од блиското минато. ПМГ Рекордингс денес е водечка независна дискографска куќа во земјата, со над 300 изданија (тука влегуваат и изданијата на под-лејбловите ПМГЏез, ПМГ Танц Дигитал, Con:Tempo и Мкаедониде).

Последните години на минатиот век ги донесоа и првите (хаус, техно и електро) продукции за него, за во 2003-та сето тоа прерасне во бендот ПМГ Колектив (еклектична комбинација на жив и електронски пристап во слободен стил) каде е автор на музика, текстови, вокалист и оператор на машини за звук. Бендот за кратко време прераснува во еден од водечките домашни бендови од првата деценија на новиот век. ПМГ Колектив има издадено 9 албуми и едно издание на најголемите хитови, и отсвирено повеќе македонски и европски турнеи (повеќе од 500 концерти досега).

Дел е и од култниот електро – џез состав Кантон 6, со кој досега има издадено повеќе е.п. и 3 албуми, како и од опскурниот проект #МакедонидеКру со 6 албуми.

Има издадено Албум и неколку е.п изданија, и реализирано концерти со водечкиот македонски џез состав Сетстат.

Од 2020 година продуцира, издава и настапува и како соло артист под името Mirko Popov Quartet.

Има остварено повеќе улоги во театарски претстави, како и на филм. Потпишано неколку музики за театар и филм. Режирано радио драма.

Tој e сценарист и продуцент на документарниот филм „103-Љубовно Писмо До Алтернативната Култура” и комплетен автор на музичкиот филм „До Небото Замок”. Продуцент, сценарист и автор е на повеќе од 50 музички видеа.

Автор е на книгата „20 Години те Сакам *Монографија за ПМГ колектив”. Автор е на книгата за деца „Розевата Планета” издадена за Чудна Шума на македонски и албански јазик.

Како музички новинар пишува/л текстови во Трн, Реборн, Урбан Магазин, Тротоар, Скопско Метро и др. Објавувал своја проза, поезија и стрипови во Маргина, Лифт, Скопско Метро и др.

Заедно со музичарот Владан Дробицки, идеен творец е на џез фестивалот „Крај Вардарот Џез“, беше иницијатор и уредник на неговиот музички проект, платформата „Силата ЕУ младите“.

Попов е еден од ретките, кој во континуитет се грижеше на површината да испливаат надоаѓачките генерации домашни млади музичари, а одличен доказ за тоа е оваа платформа. 

Популарно