Регулаторна донесе одлука: Од полноќ поскапуваат бензините

Објавено на 09 јануари 2017, 13:26

СПОДЕЛИ:

Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот не се менува.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ, литар ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе се продава за 67 денари а ЕУРОСУПЕР БС 98 за 69 денари.

Цената на дизелот не се менува и тој и натаму ќе се точи за 53,5 денари по литар.

Не се менува ниту цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое и натаму ќе чини 42 денари за литар.

СПОДЕЛИ: