Денеска е вторник, 21 април, 111-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 254 дена.
Денот трае 13 часа и 33 минути.
Сонцето во Скопје изгрева во пет часот и 46 минути, а заоѓа во 19 часот и 19 минути.
Месечината ќе изгрее во седум часот и 45 минути а ќе зајде во 22 часот и 26 минути.
Временска прогноза
Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Преку денот ќе дува умерен на моменти засилен северен ветер кој на места ќе достигнува брзина и до 100 километри на час.
Утринската температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната од 10 до 18 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, на моменти засилен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 15 степени.