РЕВОЛТ КАЈ ЦЕНТАРЦИ: Жерновски не е појавен откога е седнат во фотелја, не презема ништо- улиците се жив мраз, сами се организираме !

Граѓаните на Општина Центар револтирани од односот на градоначалникот Андреј Жерновски мрзнат на минусните температури и сами го чистат снегот и мразот. Жители на Дебар Маало во анкетата на ТВ Нова велат дека Жерновски воопшто не е дојден откако седнал во градоначалничката фотелја, не па да чисти или да донесе сол.

-Воопшто не е исчистено, еве сами гледате дека е се’ мраз, подмрзнато е. Пред вратите сами сме исчистиле, другото не е исчистено. Не е дојден господинот Жерновски воопшто откога е седнат во фотелјата, не дошол овде цо Маџар Маало, не па да исчисти или да донесе сол, да расчисти овдека. Колите не можеме, се лизгаме, хаос е, катастрофа е. Се санкаме ние, не да одиме туку се санкаме, не можеш да одиш пешки, не па со кола, сите коли се паркирани, не можеш ни да излезеш на главната улица, вели еден жител на Дебар Маало.

Негова сограѓанка додава дека улиците се за никаде, а градоначалникот не презема ништо.

– Еве како што гледате снег паѓа, голомразица е, ќе искршиме нозе сабајле за на работа, за пазарување. Има и дупки кои што се поплнети со мраз и колите ќе си ги искршиме. Тој градоначалник ништо не презема поготово за Маџар Маало. На улиците не е фрлена сол, вели таа.

Друг граѓанин додава дека обврска на Жерновски е да преземе нешто на овие ниски температури.

-Како што самите може да виите, улиците се мраз. Ние колку можеме самите граѓани рачистуваме, меѓутоа улиците се жив мраз, нема ништо, некој да дојде, да фрли нешто. Самоиницијативно се организираме. Нивна должност е, особено на градоначалникот да преземе нешто на овие ниски температури, вели жителот на скопско Дебар Маало.

Не ви треба меѓународна: Македонските возачки дозволи признати во Германија?

Во иднина македонските возачки ќе бидат признаени од страна на германските власти, пишува порталот www.mk-in.de.На тој начин сите македонски граѓани кои патуваат или се на привремен престој во Германија нема да имаат непријатности и казни. Истовремено многумина што имаат работна дозвола нема да мора повторно да полагаат за да можат да управуваат возилот во Германија.

Во редакцијата на www.mk-in.de штотуку неофицијално од сигурни извори во германскиот Бундестаг пристигна веста дека законот за реципрочно признавање на македонските возачки во Германија е донесен и изгласан. Се чека уште македонската страна да го донесе закoнот за признавање на германските возачки дозволи во Македонија и веднаш да стапат двата на сила. Се надеваме дека тоа ќе биде до крајот на месецов, пишува порталот.

(ВИДЕО) Си-Ен-Ен објави снимка од продажба на луѓе во Либија

Си-Ен-Ен објави шокантно видео снимено на непозната локација во Либија на која што се гледа продажба на двајца мажи.

На видеото може да се слушне аукцијата на која што се нуди цена за купување на робовите, а постигнатата цена е 1.200 либиски динари, што е околу 800 долари.

Едниот од продадените мажи е од Нигерија, а бил понуден во групата „големи и силни момци за работа на фарма“, како што го опишува аукционерот.

По објавувањето на видеото, новинари на Си-Ен-Ен отпатувале за Либија за да се уверат во нејзината веродостојност и како што наведуваат новинарите сведочеле на бројни аукции.

По аукцијата екипата на телевизијата се сретнала со двајцата мажи кои што биле продадени, но биле исплашени и не можеле да зборуваат.

Според Си-Ен-Ен секоја година десетици илјади луѓе стигнуваат до либиската граница обидувајќи се да добијат подобра шанса во Европа.

Многу од нив продале се што имале за финансиски да го обезбедат патот преку Либија. Меѓутоа се помалку бродови тргнуваат накај европа, оставајќи ги очајните луѓе во рацете на криумчарите со што тие стануваат робови.

Видеото на Си-Ен-Ен е предадено на либиските власти кои ветиле дека ќе спроведат истрага.

Од 1ви Декември бугарскиот пасош не ви гарантира влез во оваа држава

Официјално од 1-ви декември Канада најави укинување на визите за бугарските и романските граѓани.

Со оваа одлука во Канада без виза ќе можат да патуваат сите оние граѓани кои имаат 10-годишна канадска виза како и оние кои имаат важечка виза за САД.

Канада донесе ваква одлука по потпишувањето на договорот за слободна трговија меѓу Европската унија и Канада.

Популарно